Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (14 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Познатата американска историчарка д-р Синдија Сиднор Словиковски, во својата книга “Спортот и културата во античко-македонското општество”(цит. дело), пишува слично:

“Голем дел од податоците за Македонците доаѓа од писатели кои живееле во грчките градови-држави, полиси. Животот и историјата на Македонците честопати им биле туѓи на Грците”. (D-r Synthia Syndor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Mace­donian Society, The Pennsylvania State University, 1988, str. 8).

Слично пишувал и познатиот француски научник Виктор Берар (1864-1931). Во изданието “La Revue de Paris“, тој напишал:

“До не така одамна Франција не ги познаваше Македонците… Ние не ги познававме и ги омаловажувавме затоа што всушност за нив дознававме од злобните белешки на старите и на сегашните Грци.”(цит. според: Т. Л. Поречки: “Истина о Македонији кроз документацију”, Белград, 1992, стр. 62).

Меѓутоа, наспроти сите овие сознанија, некои автори тврдоглаво и натаму ги застапуваат грчките пропагандни теории за потеклото античките Македонци.

Така, на пример, авторот Дејвид Нешмут, во својата книга (цит. дело)пишува:

“Александар бил горд затоа што бил Грк, како што го учел Аристотел.” (на англиски: “Alexander was proud to be Greek, as Aristotle had thought him“”).

Се прашуваме дали овој автор воопшто има прочитано нешто од античката историја или можеби ги читал само современите грчки пропагандни памфлети? Александар никаде и на ниту едно место нема изјавно за себе дека е “Грк”, а камо ли да биде “горд заради тоа”. Тој во една своја изјава сосема јасно ги издвојува Македонците од Грците, кога ги повикува да издржат во борбите во Азија (за што пишуваат неговите биографи).

Фалсификат постои и во книгата “Времето на богови – цареви” (цит. дело),  во која на стр. 99 е објавена географска карта, на која е прикажано времето на антиката и на која е напишано името “Грција”, иако таква држава тогаш не постоела.

И во споменатата книга на Мери Рејнолдс (цит. дело) на стр. 235 е спомната “Грција” од времето на антиката, а така е и на стр. 236, каде читаме дека Спарта била “најмоќната град-држава во Грција”. Во продолжение таа пишува и за “македонската окупација на Грција”. Меѓутоа, вистината е дека Македонија ги окупирала грчките градови-држави, а не Грција како држава или каква било друга политичка целина, затоа што таква тогаш не постоела.

Александар Македонски е претставен како “Грк” и во книгата “Античка историја – четири милиони години пред Христос до 1066 година по Христос”.

Во книгата “Империјалниот Рим” (цит. дело), на стр. 8 е објавена географска карта од времето на Римското царство. На местото каде се наоѓа Македонија, на оваа карта пишува “Грција”. На стр. 66 веќе следи “исправка”, па на географската карта објавена таму, Македонија е коректно одбележана (заедно со Тракија). Така е и на географската карта објавена на стр. 158, каде Македонија е одделно одбележана од Грција.

И во книгата на Шон Шехан (цит. дело), на стр. 38 има објавено географска карта со приказ на времето од 700 до 600 година пред Христа, на која се одбележани само имињата на Грција и Тракија. Македонија не е ни спомната, иако тогаш постоела како држава, за разлика од Грција.

Дури и  некои не-грчки држави   се нарекуваат како “грчки”, како што е цитатот дека Македонија била “заостаната грчка држава на северозапад од Егејот”, превземен од книгата во издание на “Време – живот” под наслов: “Историја на светот од 400 година пред Христа до 200 година по Христа”. Во оваа книга името Македонија го нема ни на географските карти, што јасно зборува за нечесната тенденциозност. За разлика од Македонија, на географските карти во оваа книга, е напишана Грција, небаре биле единствена балканска држава во тоа време, иако таква држава тогаш не постоела. Во оваа книга и за Аристотел пишува дека бил “Грк”, иако тој најверојатно потекнувал од мешано семејство, а татко му бил личен лекар на Филип Втори Македонски, кој во своето најблиско окружување држел исклучиво Македонци, а воедно во тоа време бил и во воен судир со Грците. 

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top