Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (15 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

И за генералот на Александар Македонски по име Селевк, во оваа книга пишува дека бил “грчки генерал”. Овде читаме:

 “Во 305 година пред Христа, Селевк Никатор, грчки генерал, кој после смртта на Александар  ставил под своја контрола значаен дел од Азија…” (“Ин 305 БЦ, Селеуцус Ницатор, (  “(“In 305 BC, Seleucus Nicator, the Greek general who, after Alexanders’ death had won control of much of Western Asia”)

Меѓутоа за Селевк се знае дека бил чист Македонец. Најголем доказ за ова е самата негова должност на еден од најблиските воени команданти на Александар, за кого се знае дека на највисоките и наодговорни воени функции, поставувал исклучиво Македонци.

За македонското етничко потекло на Селевкидите, во ЦД енциклопедијата Енкарта  (наслов: Microsoft Encarta, Seleucids), читаме:

 “Селевкидите биле династија македонски кралеви, кои владееле со Средниот Исток од 4 до 1 век пред Христа. Оваа династија била воспоставена откако империјата на Александар Македонски била поделена помеѓу неговите наследници. Кралството на Селевкидите се протегало на исток до Мала Азија, па сe до денешен Пакистан. Најзначајни кралеви од династијата Селевкиди биле: Селевк Први (владеел 312-280 пред Христа), Антиох Први (владеел 280-261 пред Христа); Антиох Втори (владеел 261-247); Селевк Втори (вла-деел 247-226 пред Христа); Антиох Трети (владеел 223-187 пред Христа) и Антиох Четврти (владеел 175-163 пред Христа)”.

 Значи основач на оваа династија бил македонскиот генерал Селевк Први  Во неговата биографија во Encarta ( наслов Seleucus I ), читаме:

 “Селевк Први крал на Сирија (301-280). Како основач на династијата Селевкиди, тој бил македонски генерал, кој му служел на Александар Македонски”.

Во 323 година пред Христа Селевк Први бил поставен за сатрап на Вавилон. Во 312 година пред Христа тој се прогласил за крал на Вавилон, а во 302 година војувал против кралот на Македонија Антигон Први. Себеси  прогласил и за “крал на Македонија”, но тогаш бил убиен.

Се смета дека негова голема желба и цел му била преку територијални освојувања полека да се доближи и до родната Македонија за да може пак да ја стави под една власт територијата на целата империја од времето на Александар Македонски. Во врска со ова, во неговата биографија (Енкарта, цит. дело) читаме:

“За време на своето владеење тој се прогласил и за крал на Македонија, но ненадејно бил убиен од атентат”.

Селевк Први го основал познатиот град Антиохија, а изградил уште неколку градови на кои им го ставил името  Селевкија. Во сите овие градови биле населени значителен број Македонци. Бил оженет со Апама и од тој брак му се родил синот Антиох, кому му го ставил името според името на својот татко (традиција што до денес постои меѓу Македонците).

Македонското етничко потекло на Птолемеите и на Селевкидите е спомнато и во Библијата. Во старозаветната Прва книга на Макавеите (1-3), опишана е македонската окупација на Светата земја од страна на Александар Македонски. Притоа е спомнато дека неговите наследници Македонци продолжиле да владеат со Светата земја и по неговата смрт. Од не сосема јасни причини, Македонија овде е наречена со името Китим, иако за Александар Македонски јасно пишува дека бил Македонец. Овде читаме:

 “Александар Македонецот, синот Филипов, кој тогаш веќе беше господар на Грција, се појави од земјата Китим и го победи Дарие, кралот персиски и медиски, по што зацарува место него. Поведе многу војни, завзеде многу тврдини и отепа кралеви на многу земји. Дојде и до крајот на светот и заплени многу народи… Конечно, падна во постела и  сфати дека ќе умре (Прва Мак. 6)… Така, откако царуваше дванаесет години, Александар умре. А, неговите должници ја презедоа власта, секој на своето подрачје. Сите тие, по неговата смрт си ставија круни, а по нив тоа го сторија и нивните синови (Прва Мак. 8-9).Од нив дојде и грешното колено на Антиох Епифан, синот на крал Антиох, кој беше заложен во Рим” (Прва Мак. 10).

 П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top