Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (17 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Македонија била првата централизирана унитарна држава во Европа и навистина не е во ред кога таа се претставува како “дел од Грција”.

 Фалсификати се направени и во книгата на Бари Кунлиф под наслов: “Историја на пре-историската Европа”. Се што е балканско или македонско, тој во оваа книга го означува како “грчко”.  На стр. 200 во оваа книга го читаме следното:  “Пред малку повеќе од сто години нашето познавање за грчкото бронзово доба беше засновано  само на големиот киклопски ѕид на Микена и Тиринс и нивната врска со Хомеровите легенди за Агамемновата експедиција против Троја и  и лошата судбина на враќањето на многу грчки херои” (“Little over a hundered year ago our knowledge of the Greek Bronze Age was based only on the great Cyclopean wall of Mycenae and Tiryns and their link with the Homeric legends of Agamemnons’ expedition against Troy and the ill-fated return of many of the Greek heroes”).

 За овој цитат само ќе кажеме дека терминот “грчко бронзово доба” е сосема погрешен и тенденциозен. Во тоа време не постоело ништо грчко, ни држава ни народ.

Погрешно е и тврдењето за враќањето на “грчките херои” од експедицијата против Троја, опишано од Хомер. Имено, во времето на Хомер, етнонимот “Грци” воопшто не постоел. Самиот Хомер ниту еднаш нема спомнато ваков етноним, па оттаму нејасно е како можеле неговите херои да бидат “грчки херои”.

 На стр. 224 авторот прави уште една грешка пишувајќи дека “Отпрвин Микенска Грција ги вклучувала Пелопонез, Атика, Бојотија и Фугија и одвај допирала до тесалискиот брег” ,на англиски: (“At first Mycenaean Greece included the Peloponese, Attica, Boeotia and Phogia and just reached the Thessalian coast..”).

 Познато е дека Микена никогаш не била грчка пред доаѓањето на Грците од Африка. Всушност, Грците токму од Крит научиле многу сегменти од својата култура, а Крит потпаднал во границите на Грција дури во 1913 година.

 Меѓутоа, во продолжение авторот коректно заклучува дека Грците имале колонии  само на македонскиот брег, додека внатрешноста на Македонија била населена  со локално домородно население. Оваа реченица на англиски гласи: “It is likely that there were settlement on coast of Chalcidike in Macedonia, but inland Macedonia, like Epirus and Thrace preserved its’ own local identity”.

 П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top