Дијаспора

Од патувањата по Беломорска Македонија (2)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

Кога се искачивме по патот на кој има многу свиоци и угорнини од кои на посетителот му застанува здивот, глетката беше прекрасна. Како од орловско гнездо го гледавме градот и целата околина кон исток, кон Солун. Секој брзаше да се фотографира, да се овековечи заедно со сета природна убавина на овој манастирски комплекс во кој илјадници калуѓери го поминале својот живот како војници.

Го посетивме манастирот на Спасителот Исус Христос познат како „Голема Метеора“, изграден на највисоката карпа што се издига на близу 500 метри од нивото на реката. До манастирот се стасува преку 150-ина скалила изделкани во карпите. Манастирот е лоциран во многу живописен предел и е исполнет со бројни простории насликани со фрески и икони, исполнети со голем број црковни книги и други предмети од времето на првиот монах Атанасиус, па до денешни дни. Таму се запознававме со историскиот дел не само на овој, туку и за монашкиот ред и другите карактеристики на манастирот „Свети Стефан“ и помалите манастири, во кои во тој период немаше монаси.

Во Метеора, меѓу другото, ни се вртеја мислите на монахот кој напишал книга на македонски јазик, но со елинско писмо. Тоа зборува дека одреден број монаси биле Македонци, кои со молитви кон Спасителот Исус Христос на својот мајчин македонски јазик оставиле вечни траги. Исто така, во Метеора разговаравме за тешкиот монашки живот, како оној на архимандритот Никодим Царкњас, кој поучен од своето братство ја изгради Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во селото Соботско, во Меглен, која ја посетивме во текот на нашиот престој во Беломорска Македонија.

Ги напуштивме манастирите на Метеора и се упативме по патот што води кон Солун, градот што го добил името по сестрата на Александар Македонски, а го создал нејзиниот сопруг Касандар. Тој е убав приморски град, кој како трговски центар ги мами, па дури и ги заведува посетителите со својата убавина, медитеранската клима, околните песокливи плажи и, над сѐ, со гостопримството на локалното население. Тој е сместен на полуостровот Халкидики и е познат по бројните зелени површини, по Беас Куле, по солунските атентатори, по многуте други културни споменици, како и по манастирите на Света Гора, каде што дел од својот живот минале и извесен број монаси од Република Македонија.

pela
Пела

И не само Солун, кој е престолнина на Беломорска Македонија, туку и целата таа македонска земја е прекрасна, започнувајќи од мистичната Пела – древната македонска престолнина – па преку божествените водопади на Воден, пејзажите на Костур, убавините на карпестите цркви и фрески по бреговите на Мала Преспа… Таа питомина и широчина е збогатена и со зелените предели на планините разделени со границата, а меѓу нив, како бисер, патникот оддалеку ужива во сјајот на Кајмакчалан.

Затоа, античките Македонци токму овде ја подигнале својата престолнина. Еден дел од Пела денес е достапен на посетителите, но огромен дел, како што велат и постарите жители на Постол (Пела), сѐ уште лежи под земјата. Токму поради славата на древната престолнина на Филип и Александар Македонски, кои го посеаја македонското семе, во туристичките проспекти целиот тој регион Грците го нарекуваат Пела со главен град Воден (Едеса).

Секојдневно низ Пела минуваат голем број туристи, кои потоа со години ги носат спомените и мирисот на мермерот по кој чекорел големиот Александар Македонски.

Од Пела, патувајќи крај широките полиња со памук, кои постепено се заменуваат со овошни насади од праски и црешни, за кратко време  стасавме во Воден. Тој се наоѓа во средината на патот меѓу Солун и Битола, на висорамнината која како голем чардак се надвиснува над полето кон Пела. На тој „чардак“ веќе две илјади и седумстотини години опстојува Воден и исто толку време, течејќи кон него, од работ на „чардакот“ во полето се истураат бујните води на прочуените водопади. Во засекот на карпите може да се слезе десетина метри под брегот и да се помине под водопадите.

Тоа доживување не го пропушта никој кој дошол во Воден. Кулминација е, секако, моментот кога ќе се стигне до најдолната топка под водопадот, каде што пред нозете на посетителите водата, буквално,паѓа во коритата што низ векови се издлабиле. Познат по реките и водопадите, по македонското виножито што се издига од рамниот дел, истовремено, Воден претставува и едно од најпривлечните места во Егејска Македонија. Тој е градот за вљубениците во природата, но и за заљубените и град на љубовта. Затоа Воден често се нарекува и место на природата и на историјата; тој е град на водата, град на убавината…

Тоа е само дополнување за Беломорска Македонија која е уште поубава во пролет, кога цутат овошките во Воденско, Мегленско и Преспанско, во лето, кога морскиот брег е преполн со гости од целиот свет, во есен, кога златните лисја ги покриваат планините од Лерин до Костур, и во зима, кога Кајмакчалан покриен со снег се вишнее над убавиот Меглен.

Во Егејска Македонија има многу прекрасни места што треба да се видат. Меѓу нив особено се издвојува градот Костур и раскошната природа што ја нуди овој убав град. Градот на крзното и на кожарската индустрија се наоѓа на полуостровот што го дели Костурското Езеро на две подеднакво убави половини. Едниот дел од градот што се издигнува на полуостровот се огледува во едната, а другиот дел во другата половина на езерото. Куќите се извишуваат една над друга, па навечер, ако се гледа од брегот на езерото, сето тоа изгледа како некоја огромна новогодишна елка со илјадници лампиони кои се огледуваат во позлатеното езеро.

Со својата географска положба, со плодната котлина полна со овошки, со блескавото сино Костурско Езеро и културно-историските споменици, Костур претставува важен туристички, културен и стопански крај, привлечен во сите сезони. Тој е убав и за живеење и за одмор и за рекреација. Поради добрите климатски услови: чистиот и свеж воздух, надморската височина и сите убавини што природата му ги подарила на Костурското Езеро и неговата околина, угостителско-туристичкото стопанство од година во година зазема сѐ позначајно место.

Костурското Езеро, пак, е типичен пример на езерата од егејската зона, спаѓа во групата на десаретските езера и ги има сите својства на езерата од овој тип: висока температура на водата во летниот период, широко крајбрежно подрачје во кое се развива буен животински и растителен свет, карактеристична конфигурација, својст-вен изглед, посебни климатски услови и интересно историско минато.

voden
Воден

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top