Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (18 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Во насловот “Појавувањето на елитите: најраниот бронзов период во Европа од 2500 до 1300 година пред Христа” (“The Emergence of Elites: Earlier Bronze Age Europe 2500 – 1300 BC“) сосема коректно е претставена оваа постара историја и во неа никаде не се среќаваат грчки детерминирања,  како во некои други книги.

Авторот вели дека во Бронзовата епоха во Егејот биле произведувани ткаенини во боја и слично, што значи дека се работело за цивилизиран свет.

 Во книгата “Предисториска Европа” на стр. 337, авторот Бери Кунлифс пишува за (цитат): “Железното доба во општествата во западна Европа помеѓу 800 и 140 година пред Христа” (“Iron Age Societies in Western Europe and Beyound, 800 – 140 BC”). Овде тој го споменува “раѓањето на грчко-римскиот свет” од 800 до 400 година пред Христа” (“the birth of the Graeco-Roman world 800 – 400 BC”). Грешката овде е во тоа што во 800 година пред Христа не постоел никаков “грчки свет”. Во зачуваните неколку дела од тој период (Хомер и Хесиод) ниту еден автор не споменува никакви “Грци”. 

Овде само ќе кажеме дека нашата забелешка за употребата на грчките детерминирања за некои сегменти во време кога такви детерминирања не постоеле, практично претставува ретроактивност. Тоа е исто како кога некој би напишал дека, на пример, цар Јустинијан се родил во “Југославија” (држава која многу подоцна била создадена на просторот каде тој бил роден) или дека водачот на римското робовладетелско востание Спартак бил “роден во Бугарија” (само затоа што се родил во Тракија, на чија територија подоцна била создадена Бугарија) и сл. Ретроактивното  користење на грчките детерминирања за период во кој тие не постоеле, практично им сугерира на читателите за непосотечката  “старост” на грчката култура и сл., а тоа е крајно некоректно. Исто како што Југославија и Бугарија не се заслужни за раѓањето на Јустинијан и на Спартак, така и Грција и Грците не можат да бидат заслужни за цивилизациите што постоеле на оваа денешна територија во времето кога Грција не постоела. Но, гледаме дека за мнозина автори оваа обична логика и природни правила не важат.

Понекогаш се среќаваме и со различно етничко детерминирање на една иста личност од историјата. Како илустрација за ова ни зборува  случајот со Октагоналната кула во древна Атина. Авторката Ема Ј. Стафорд во својата книга “Античка Грција” (цит. дело) пишува дека оваа кула ја изградил еден Македонец или како што вели таа “Андроникос, македонски астроном околу 50 – 25 година пред Христа”.

Но, на многу други места се среќава податокот дека Андроникос бил “Грк”.

Во книгата од Дејвид Нашмут под наслов: “Кој беше Александар Македонски Велики?” (цит. дело)  на стр. 8 читаме:

“Александар Македонски Велики станал цар на Македонија – најсилната држава во Грција, во 336 година пред Христа” (на англиски: “Alexander the Great became king of Macedonia, the most powerfull state in Greece, in 336 BC”).

Овој несериозне автор слободно можел да напише и дека “Александар Македонски Велики станал цар на Македонија – најсилната држава во Југославија, во 336 година пред Христа” или: “Александар Македонски Велики станал цар на Македонија – најсилната држава во Отоманската империја, во 336 година пред Христа” и сл.

 Исто како што Југославија и Отоманската империја извесно време владееле со Македонија, но се појавиле многу подоцна на ова тло, така било и со Грција, која исто така се појавила како држава на Балканот дури во 19 век.  Еве со какви глупости се труе публиката на Запад од страна на несовесни поединци автори во врска со македонската историја.

Овој автор продолжува со пишувањето бесмислици, па (исто така на стр. 8)  вели:

“Северното грчко царство наречено Македонија ја поразила заедничката армија на останатите грчки држави”. (на англиски: (“Northern Greek kingdom called Macedonia smashed the joint army of the other Greek states”).

За разликите помеѓу Македонците и Грците веќе наведовме повеќе сведоштва од античките грчки автори. Веќе спомнавме дека самиот грчки историчар Аријан (1 век) напишал дека поѓу Македонците и Грците постоело (цитат) “расно ривалство”, додека Квинтиј Куртиј Руф напишал дека Македонците и Грците комуницирале преку преведувачи. Белки авторот Нашмут не мисли дека знае повеќе од самите антички автори, кои јасно ги издвојувале Македонците и Грците. Очигледно овој автор е обичен  грчки пропагандист, а не историчар.

 На стр. 9 овој автор пишува дека Македонците зборувале “грчки”, наспроти сведоштвата од античките автори Плутарх, Аријан и Руф, кои го споменуваат посебниот македонски јазик. Има и други бесмислици во книгата на Нашмут, кои не заслужуваат никаков коментар.

Најново од: Дијаспора

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

To top