Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (22 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Продолжуваме со темава.

Во книгата на Мери Рејнолд под наслов “Оган од Рајот” на стр. 19 пишува:

 “Кога во 490 година пред Христа Дариј Први, цар на Персија, извршил инвазија на Грција, Атињаните ги поразиле неговите сили во битката кај Маратон”. (На англиски “When in 490 BC Darius I, king of Persia, invaded Greece, Athens defeated his forces at the battle of Marathon“) И овде гледаме дека погрешно е употребен терминот “античка Грција”, затоа што таква држава никогаш не постоела во антиката.

 На стр. 25 таа пишува дека варварите навлегле во “Македонија и Грција”, со што повторно е направен фалсификат. Имено, Македонија тогаш постоела како држава, но не и Грција.

Воопшто постојат и други автори кои војната помеѓу грчките градови-држави и Персија  што се случила во 5 век пред Христа ја прикажуваат како војна помеѓу “Грција и Персија”, што апсолутно не одговара на вистината.

 И во книгата на Кристофер Хиберт е направена иста грешка. На стр. 35  читаме  дека  Дорците “ја нападнале Грција од север во околу 1000 година пред Христа”. (на англиски: “… Dorians had invaded Greece from the north in about 1000 BC”).

Ова навистина е бесмислица. Никаква Грција не постоела во 1000 година пред Христа. Веќе спомнавме дека во вакви ситуации терминот “Грција” вештачки се вметнува и тоа ретроспективно, што е сосема погрешно, па дури и смешно. Поарно ќе било авторот да напише дека  Дорците “ја нападнале Отоманската империја во 1000 пред Христа”, отколку што напишал “Грција”. Отоманската империја барем егзистирала на тие простори пред Грција. Со ваквата забелешка сакаме да укажеме на бесмисленоста и бизарноста на поедини автори кои го вметнуваат терминот “Грција” длабоко во историјата, кога немало ни трага од таква држава или народ.

 За несериозноста на овој автор ќе посочиме и дека тој пишува оти Атињаните го “бранеле Акропол” од Дорците во 1000 година пред Христа, иако се знае дека Акропол е изграден неколку векови подоцна.

Овој автор ја споменува непостоечката “Грција” и на стр.  67, кога пишува за навлегувањата на Келтите на Балканот.

Доколку некој забележи дека тогаш не постоела Грција како држава, туку постоела како територија, па затоа авторот ја споменува, ќе кажеме дека ни тоа не е точно.  Се знаат имињата на географските региони на јужниот Балкан во антиката и ниту еден од нив не се викал “Грција” (барем не во денешна смисла на зборот).

 Во книгата на Петер Крисп под наслов “Александар Велики” (“Аlexander the Great“), објавена во Лондон (2000 година), на стр. 16 авторот пак ја споменува “Грција” кога пишува за античко време. Тој вели дека Александар успеал  (цитат): “да ја скрши опозицијата во Грција”. Меѓутоа, тоа не е вистина затоа што Грција како држава тогаш воопшто не постоела.

На стр. 21 од истата книга под илустрацијата со саркофагот на Александар Македонски, авторот необјективно пишува дека тоа бил “грчки саркофаг”.

И во книгата од Бернард Рандел под наслов “Александар Велики” (“Аlexander the Great “), објавена во Њујорк, (2004) година, прикажан е саркофагот на Александар, а овој саркофаг е прикажан и во книгата на Мери Рејнолд “Оган од Рајот” со коментар дека на него, т.е. на релјефот, е прикажана борбата помеѓу “Грци и Персијанци”. Се разбира дека тоа не е точно. Освен тоа, познато е дека десетици илјади Грци платеници се бореле во редовите на Персиската војска против Македонците, за што веќе наведовме податоци од антички и од современи историчари.

Во книгата “Последните два милиони години” (цит. дело, објавена во 1974), читаме за инвазијата на Дорците на Балканот. Овде повторно необјективно е спомната Грција, но наведен е интересен податок дека пред-дорското негрчко население, за време на дорската окупација, се уште  ги паметело јунаците од Тројанската војна, и дека тоа усно пренесување, по четири векови,  го натерало Хомер да ја опише оваа војна. Овде читаме:

“За време на темната епоха, кога дошла со  доаѓањето на Дорците од север и нивното уништување на Микена, како и навлегување во Грција, приказните за микенските херои Одисеј, Ахил, Нестор и Агамемнон биле чувани во усната традиција и биле запишани од Хомер четири векови подоцна”, (На англиски: “In the Dark Age which followed as Dorians invades from the north destroyed Mycenae and pushed down through Greece, the stories of the Mycenaen heroes Odysseus, Achilles, Nestor, Agamemnon were kept alive in oral tradition to be recordered by Homer four centuries later””.

Во книгата на Натаниел Харис има и други неточни податоци. На пример, на стр. 180, за Источното Римско царство (Византија) пишува дека било “општество во кое се зборувало грчки” (“Greek speaking societies”).

На стр. 182 овој автор градот Константинопол го опишува како “грчки град”, а за Византија повторно пишува дека имала “грчки особености”.

Има и други автори, кои Византија ја нарекуваат како “Грчко царство”. Меѓутоа, таа била етнички хетерогена држава.  Во неа живееле голем број народи и надвор од умот е да се тврди дека сите тие зборувале “грчки”.

Факт е дека јазикот коине бил официјален јазик во оваа држава, но само како литературен јазик, а не и како говорен. Освен тоа, во Византија одвај дали 1% од населението тогаш било писмено, така што од зачуваните дела од тоа време (пишувани на коине) не може да се тврди дека во цела Византија народот зборувал “грчки”. Тоа е крајно тенденциозно. Овде  повторно доаѓа до израз глорификацијата на грцизмот и таму каде што не му е местото.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top