Дијаспора

Од патувањата по светот – Израел (4)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ИЗРАЕЛ

Секоја светост, за да остане трајно во ко­лек­тивното паметење и да биде вечна инспирација на новите генерации, мора, најпрвин, да биде осквер­навена. Храмот во Ерусалим бил разурнат од вавилонскиот крал Набу-кодоносор, а Евреите биле про­терани како робови во Вавилон. Оттогаш потекнува псалмот кој со текот на времето се претвора во зак­лет­ва. Тој гласи: „Ако те заборавам Ерусалиме, нека ми се исуши десната рака, јазикот нека ми се залепи со непцето, ако те заборавам, ако ти, Ерусалиме, не ми бидеш најголема радост“.

 Во летописот на Ерусалим се наоѓа и Александар Македонски. Имено, Ерусалим бил освојуван од бројни воини, меѓу кои и од Александар Македонски. Ин­тересно е тоа што градот доживува значаен процут за времето на Александар Македонски, кој овде дошол во 332 година, пред новата ера, про­терувајќи ги оттука Персијците. Во неговото време, како и во времето на неговиот наследник Птоломеј, Ерусалим јакнел како религиозен центар и станал израз на духовната хармонија на Израелците.

Познато и потврдено е дека, походот на Александар Македонски против Персија бил успешен. Во неколкуте поголеми борби персиската војска била разбиена, а со тие територии загосподарил Александар Македонски. На тој начин и Евреите, кои дотогаш се наоѓале под власт на Персија потпаднале под власта на Македонија. Овој настан ја засегнал политичката и економската положба на еврејскиот народ и неговиот внатрешен живот, неговиот бит и обичаите, културата и, воопшто, целокупното живеење на еврејскиот народ.

Во врска со покорувањето, односно завладувањето со Евреите, при нашата посета на Израел ни беше речено дека меѓу Евреите останала забележана и една интересна легенда која пластично го претставува и „Освојувачот“” Александар Македонски. Имено, во еврејската историја се раскажува дека Александар Македонски на враќање од Египет, каде што бил примен со големи почести и прогласен за син на Богот Амон, решил да го завладее и Израел. Самарјаните по поразот на Персијците на Ис, побрзале да му ја изразат својата покорност на македонскиот завојувач и без отпор ја примиле неговата власт. Меѓутоа, јудејските управници, кои се чувствувале обврзани со клетвата за верност кон персискиот владетел, одбиле да го сторат тоа. Нивното обраќање го разгневило Александар Македонски, кој решил да ги казни и тргнал на чело на армијата кон Ерусалим. Така, имено дошло до легендарната епизода што се одиграла пред древните ѕидишта на бесмртната еврејска престолнина.

aleksandar-izrael-1

Кога ја виделе опасноста од „Освојувачот“Јудејците вознемирени, побрзале да формираат многубројна делегација од првенци и свештенослужители, кои требало да го омекнат гневот на Александар. Тие облечени во великолепни свештенички одежди и со запалени факли во рацете го дочекале пред градските ѕидишта, на чело со првосвештеникот Јадуа.

Потоа, историската легенда зборува дека кога Александар се исправил пред јудејските свештенослужители и првенци, кои го очекувале, како да настанало некак-во чудо. Изненаден, тој го запрел својот коњ, и на големо изненадување на неговите полководци и придружбата, пристапил кон првосвештеникот Јадуа, и со почит му се поклонил. Од неговиот претходен бес немало ниту трага.

Полководецот Парменион не се воздржал и го прашал царот зошто толку бргу неговиот бес се претворил во необична милост кон покорените Евреи.

Ти си највеликиот цар на земјата – рекол Парменион Зошто се понижуваш, поклонувајќи се пред овој стар Евреин?

Александар, меѓутоа, ја прифатил раката на првосвештеникот и одговорил:

„Кога бев уште во Македонија и мечтаев да ја покорам Азија, ми се јави на сон едно чудно провидение, кое многу прилегаше на ликот на овој првосвештеник. Тој ми претскажа да не се плашам и да го преземам својот поход, бидејќи походот ќе заврши со блескава слава и со големи победи. Сега, кога го видов јудејскиот првосвештеник, се сетив за мојот сон. И поради тоа сакам да бидам милозлив и великодушен кон народот на чело на кој стои овој свештенослужител“, меѓу другото рекол Александар Македонски.

Потоа, легендата вели дека Александар Велики го поткрепил со својата моќна десница стариот белобрад првосвештеник и заедно со него, влегол во Ерусалим. Меѓутоа, неговото влегување во Вечниот град било не како покорувач, туку како најверен пријател, со цел да му принесе на Храмот жртва на израелскиот Бог. Наредниот ден Александар Македонски им соопштил на првенците дека им дозволува слободно да ја извршуваат својата власт и верските обичаи, според нивните закони и разбирање.

aleksandar-izrael-2

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top