Дијаспора

Од патувањата по светот – Израел (5)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

НА МАСЛИНОВАТА ГОРА ВО ЈЕРУСАЛИМ

При нашата посета на Израел бевме информирани дека со доаѓањето на Римјаните во 63 година пред Христа, кои овде останале сѐ до 324 година по Христа, се подигнале бројни замоци, паркови и јавни згради. Храмот, делумно бил обновен по победата на персискиот крал Кир над Вавилонците. Меѓутоа, конечно го обновил еврејскиот крал Ирод, за што Јосиф Флавиј ќе рече дека храмот бил најве­ли­чествената градба на тогашниот свет.

Светиот храм конечно исчезнал во огнот на рим­ските легии на Тит Флавиј, во 70 година. Се на­ве­дува дека на советувањето пред решавачката бит­ка за Ерусалим, Тит Флавиј и неговите најблиски со­работници, решиле да го поштедат храмот, како све­доштво за возвишеноста на човековиот гра­ди­тел­ски гениј. Воениот жар, меѓутоа, има свој резон: мес­тото посветено на Бога го проголтале огнените ја­зици на омразата. Останал само еден потпорен ѕид – денешниот „Ѕид на плачот“.

За време на долгите векови прокоба низ туѓиот свет, сеќавањето на Ерусалим и храмот бил поттик за Евреите да ги издржат сите неволји, но и верба дека еден ден повторно ќе се вратат на сво­јата земја. При градбата на секоја синагога, се­каде каде што живееле Евреите, се оставал еден нео­боен камен во ѕидот – сеќавање на Ерусалим. Секоја синагога е завртена во правец на Светиот град. Со мислата за Ерусалим почнувал и завршувал денот на секое еврејско семејство.

Да потсетиме дека на старохебрејски зборот „Ерусалим“ значи „град на мирот“. Арапите го викаат Ал – Кудс што значи „свет град“. Евреите, христијаните и муслиманите ве­ру­ваат дека Господ е еден и единствен. А да ве­руваш во Господ значи да посакуваш мир за себе и за другите. Маслиновата гранка е симбол на мирот. Во близината на Светиот град се наоѓа Маслиновата Го­ра во која Исус ја оплакувал судбината на Еру­салим. Навистина, историјата на Ерусалим е вечна борба меѓу маслиновата гранка и мечот. Све­тиот град и местото каде што се преплетуваат трите го­леми монотеистички религии, со векови е сведок на нај­возвишените чувства и најниските страсти, особено кога псалмите ќе станат дел од поли­тич­ките говори.

maslinovata-gora

Меѓутоа, во пишаните документи стои дека прогласувањето на императорот Кон­­стантин за цар во 313 година значеше пресвртница во историјата на Црквата. Константин, не само што се покрстил, туку христијанството го издигнал на ни­во на државна религија, пред сѐ, зашто во него гле­дал обединувачка сила за своето поделено царство. Со тоа христијанството станало офи­цијал­на религија во Ерусалим. Во тој период почнале да се градат манастири и цркви, а стариот дел бил об­новен и претворен во модерен трговски центар, кој прет­ста­вувал вистинска туристичка атракција. Подоцна, во 634 година, калифот Омар го освоил Ерусалим и го вовел Куранот, а градот го нарекол град на храмови. На ридот на храмовите никнале нови хра­мо­ви а се градел и познатиот Храм на молитвата.

Но, како што се граделе новите храмови, така се ури­­вале и старите. Така, во 1012 година агресивниот ка­­лиф Ал-Хаким ги разурнал синагогите и црквите, по што Ерусалим станал мал град со одвај 30-тина ил­­јади жители. Со Ерусалим Арапите владееле 450 го­­дини, сѐ до доаѓањето на крстоносците во 1099 го­­дина, кога тие го претвориле во свет град. Тогаш тие ги масакрирале муслиманите и Ев­реите, а градот станал центар на крстоносците, до­би­вајќи ново име Ерусалимско Царство. Во тој период крстоносците ги обновиле и познатите хрис­ти­јански места.

При нашата посета ни беше речено дека Маслиновата Гора во Ерусалим е поврзана со преданијата за спасителот  Исус Христос, кој „ќе се врати и ќе дојде овде да ги воскресне мртвите“. Според преданијата, тие што се најблизу до мес­тото од каде што ќе доаѓа спасителот, ќе вос­крес­нат најбрзо. Затоа за да се купи место овде, за ма­лата парцела за урната со посмртните останки се пла­ќаат најмалку 5.000 долари. Странските државјани, пак, кои во последно време сѐ почесто ја изразуваат жел­бата „да почиваат во вечниот мир на Масли­но­ва­­та Гора“, нудат многу повеќе.

Целиот овој простор порано бил со маслинови дрвја со богат плод, со што ридот го добил и своето име Маслинова Гора, кое се користи и денес. Тогаш маслинките биле единствените пло­дови, со чија преработка и трговија можеле да се за­доволат минималните потреби за живот. Со огром­ни камени тркала издлабени во пештерите се пре­сувале маслинките за да се добие маслиново масло. Оттука и не случајно се вели дека произ­вод­ството на масло е еден од најстарите занаети кој  датира од пред 2.000 години. Сега со него се занимаваат некои кибуци кои подигаат нови плантажи со маслинови дрвја, а се изградени и нови современи индустриско-преработу­вачки капацитети.

Денес над Маслиновата Гора се вкрстуваат патиштата на трговијата со многу други производи, што не е ништо необично, па секојдневно овде на камената ограда што ја дели Маслиновата Гора од сообраќајницата има продавачи на разни сувенири и други украсни предмети. Тука најчесто застануваат и автобусите на разните туристички и бизнис групи што доаѓаат во посета на Светата земја. Има и зошто, бидејќи оттука на целиот овој простор можат да се видат најсветите места и други историски споменици интересни за секој дојденец.

А, според преданијата, пак, Исус Христос  посматрајќи го Ерусалим од Маслиновата Гора, рекол: „О, Ерусалиме, ти кој ги убиваш пророците, и ги каменуваш оние кои ти се испратени, колку пати сакав да ги соберам децата твои, како што ко­кош­ката ги собира, пилињата под крилјата свои…“

crkva-sv-magdalena
Црквата Св. Магдалена

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top