Дијаспора

Големиот бизнисмен и македонец Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ КАТИН

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА МА МАКЕДОНЦИ ВО СВЕТОТ

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора  и во Македонија. Тој е без сомнение еден од економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време живее на Флорида, во Соединетите Американски Држави, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Џорџ Атанасоски е Македонец по националност и православен христијанин по вера. Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име, особено на македонскот знаме од Кутлеш (Палатица). Тој е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Северна Америка. Во овие мигови на распетие на Македонија, кога Република Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име, тој ги изложува своите погледи за можностите за македонски стопански, економски, културени верски  препород, како и за натамошен демократски развој како суверена самостојна и независна држава на овие балкански ветрометини.

Господинот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилепско, од татко Алексо и мајка Спасија. Во 1012  година го прослави своето шеесетто лето Господово на наговиот бурен живот, за кој со право се вели дека   тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот. Тој во брак има четири сина кои успешно одат по неговите стапки. Во неговото потесно семејство се и сестра му Виолета, која е кардиолог на Флорида, а брат му Јосиф е позната и призната личност во бизнисот во американското општество.                

dzordz-atanasovski

Во 1970 година заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, со кого ја почна својата кариера како инженер вработен на Универзитетот во Њујорк. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија. Седиштето на “Мајкрофлекс инк.” е во Ормонд Бич на Флорида чии целосно автоматизирани погони се распослани на над 16 илјади квадратни метри. Врвниот квалитет на флексибилните метални производи ги задоволуваат потребите на светски познатите: Форд, Крајслер, Џенерал моторс, Џенерал електрик, НАСА и други фирми ширум светот. Неодамна е почната изградбата на нови производни погони во Америка. А наскоро господинот Атанасоски планира да го изгради и првиот погон во Македонија за да се задоволат потребите на ЕУ, НАТО и другите европски земји со производи од добро познатата и призната програма на “ Мајкрофлекс инк.” потврдени со сертификати за стандардизација, ИСО 9001.

Меѓутоа, бизнисменот Атанасоски е препознатлив како најзначаен инвеститор од Македонците во дијаспората кои инвестирале во дедовската земја – Република Македонија. Тој е основач на Македонски светски неделник “Македонско сонце”, на претпријатијата “Мак ам”, како интернационална компанија, на хотелот со бензинска пумпа “Сонце ГА” во Прилеп, најпатриотската телевизиска станица во Македонија ТВ “Сонце” во Скопје, “Жито Прилеп” во Прилеп, на Женскиот ракометен клуб “Прилеп” и други инвестиции, а планира да вложи сопствени средства за нови производствени капацитети во Република Македонија и пошироко. Со тоа тој се вбројува меѓу економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време престојува во Америка, од своето емигрирање до денес, тој е нераскинливо поврзан со судбината и со настаните во Македонија.

macedonian-hotels

Меѓу другите активности во новата средина во САД, господинот Атанасоски стана член, а подоцна и секретар (1974-1980) на една од најстарите македонски организации во Северна Америка, Македонската заедница во Њујорк. Организацијата ја промовираше македонската нација, нејзината историја и култура. За време на работата во Македонската заедница во Њујорк, тој ја обедини македонската заедница преку спонзорирање на социо-културни настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, симпозиуми, вечери на поезија, спортски настани и слично. Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија.        

Имено, тој ешеф на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав, како и промоција на признавањето на Македонија како суверена држава од страна на земјите во светот.. Паралелно со промовирањето на демократијата во Македонија, во мај 1992 година господинот Атанасоски ги фокусираше своите напори за финансиско помагање на Светскиот македонски конгрес (СМК). Оваа асоција е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините организации. Истата година, Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е избран за претседател на Светскиот македонскиот конгрес за Северна Америка, една од највлијателните македонски невладини организации во светот. Неговата работа во СМК резултира со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата во Македонија.

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Атанасоски активно се вклучи на македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Македонците во земјава и во светот, при што особено внимание посветува на нивниот економски напредок.

nikolas-atanasoski
Николас Атанасоски, директор на „Жито Прилеп“

На 24 јуни 1994 година, за да ја назначи важноста и да создаде верба во независните медиуми, тој го кофинансира, организира и етаблира првиот светски македонски неделник “Македонско сонце”, кој успешно опстојува на македонскиот медиумски простор, кој е отворен за секој граѓанин во земјата и во светот.

Како резултат на неговата политичка кариера, на претседателските избори во октомври 1994 година, македонскиот бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидираше за независен кандидат за претседател на Република Македонија. Исто така и во 1999 година Атанасоски се кандидира за претседател на Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија. За жал, од познати причини неуспеа да ја реализира својата намера.

Меѓутоа, Атанасоски не ја напушти почнатата патека за доброто на македонскиот народ и за неговата подобра сегашност и иднина. Продолжи со своите активности и како резултат на тоа, во текот на јануари 1996 година, поведе иницијатива за формирање на политичката партија “Македонска алијанса”.

Окружниот суд во Скопје, како надлежен за Судскиот регистар на политичките партии, во вонпроцесна постапка, а во согласност со законските одредби, одлучи и донесе Решение со кое Македонската алијанса со седиште во  Скопје стекнува својство на правно лице и дека може да започне со работа од 22 март 1996 година

Од 1996 година до денес, господинот Атанасоски е претседател на партијата “Македонска алијанса”. Партија е регистрирана во Скопје, но има свои ограноци речиси во сите земји во светот, во кои живеат Македонци и е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Промовирајќи ги своите патриотски ставови, Македонска алијанса стана синоним за националната борба на македонскиот народ. За таа цел, во 1998 година Македонска алијанса ја формира “Македонската национална коалиција”, со која учествуваше на парламентарните избори.

Македонската алијанса продолжува со својот амбициозен план за развој на македонската економија, за излез од кризата и за развој на државата. За таа цел, партијата нуди рака за соработка со сите Македонци и малцинства во Република Македонија, за во иднина сите да партиципираат во севкупниот просперитет на државата.

mak-am

Во 1996 година господинот Атанасоски ја основа и стана претседател на “МАК АМ Интернатионал Цоорпоратион”. “МАК АМ” беше интернационална трговска компанија со филијали во Флорида, САД, Скопје и Прилеп во Република Македонија. Основната дејност на “МАК АМ” беше увоз и извоз на производи во и од Македонија. И денес тој упорно продолжува со својот амбициозен план за развој на македонската економија, за излез од кризата и за унапредување на македонската држава. Човекот кој се докажа како исклучително способен и успешен бизнисмен, докажан патриот, за кого родното огниште, неговиот народ и македонската кауза се во преден план.

Познатиот македонски бизнисмен Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е уште поголем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци, дава сеопфатна стручна економска и политичка анализа за состојбите во земјава и пошироко.

Тој долги години се занимава со изработка на софистицирани флексибилни метални висококвалитетни производи наменети за авионската, за автомобилската, за машинската индустрија итн., при што е добитник на многубројни високи меѓународни награди за успешен бизнисмен. Дел од својот капитал инвестира во Прилеп и во Скопје, а успешно се занимава и со други професионални и стручни ангажмани.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници со спонзорирање на социо-културолошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Соработува со американските власти за унапредување на правата на Македонците во САД. Особено е активен во промовирањето на демократијата во Македонија. Шеф е на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав и промоција на признавањето на Македонија како суверена земја од страна на земјите од светот. Остварува блиски контакти со повеќе дипломати и организации.

dzord-atanasoski-kniga

Тој навистина е прототип на Македонец кој со своето знаење, интелигенција, итрина и адаптибилност успешно се снашол во туѓина. Воден од љубовта кон Македонија и од нејзиното сонце како Големиот Александар, активен е и во Македонија цели дваесет години во економијата, политиката, културата, медиумите и во општо во социјално-општественото живеење и опстојување на македонскиот народ и Македонија.

Госпосинот Џорџ Атанасоски е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои и на  највисокото американско општествено признание “Елис ајленд”

Бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Немуму припаѓа заслуженото високо место во хиерарсиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.       

—————————

Материјалот е објавен во Монографијата за Ѓорѓија –Џорџ Атанасовски од Славе Николовски – Катин, во издание на  „Македонска искра“, „Македонско сонце“ и „ТВ Сонце“, Скопје, 2012, 1-468, (на македонски и англиски јазик).

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top