Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (29 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Продолжуваме со книгата од Џовани Касели  под наслов “Истражувањата во Кносос” (цит. дело, 1999 година). Во оваа книга авторот исто така коректно пишува дека Критската култура не била грчка и дека имала влијание врз грчката култура. Тој го споменува Критското писмо.

Во книгата “Времето на боговите цареви 3000 – 1500 година пред Христос” (цит. дело) читаме осврт во врска со сумерската литература. На стр. 19 читаме:

“Гилгамеш и другите сумерски приказни подоцна се среќаваат во Библијата и во литературата на класична Грција” (на англиски: “Gilgamesh and other Sumerian tales were found later in the Bible and in the literature of Classical Greece“)

 Овде гледаме дека исто така е употребен терминот “класична Грција”, иако таква држава никогаш не постоела во историјата.

Повеќе контрадикторности во врска со  античките Македонци се застапени во книгата на Улрих Вилкен, под наслов “Александар Македонски”.  Оваа книга првпат е објавена во 1931 година во Германија, а во превод на македонски е објавена во 1988 година. Во книгата авторот прави добар преглед на историјата на античка Македонија, но од аспект на етно-културното детеминирање на античките Македонци, се забеле­жуваат низа контрадикторности и конфузија. Имено, од дел од содржината на оваа книга, се добива впечаток дека овој автор смета дека античките Македонци биле “Хелени”. Но, во други делови од книгата, тој ја потенцира нивната засебност како народ. Поизразените прогрчки ставови, Вилкен ги дава на следните страници:

 На стр. 286 читаме: “Интелектуалниот живот на дворот на Александар… беше наполно грчки”

На истата страница во продолжение читаме:

“Љубовта  на Александар кон грчката литература докрај остана непроменета. Тој започна со Хомер, а подоцна бараше на далечниот Исток да му испратат други дела од литературата, класична и современа”.

Вилкен не е единствениот автор кој делото на Хомер го смета како “грчка литература”. Меѓутоа, за Хомер (доколку и навистина постоел како единствен автор, за што постојат различни мислења) се знае дека потекнувал од Мала Азија и немал никаква врска со Грците, ниту пак во негово време (8 век пред Христос) постоела некаква “грчка литература”.

 Вилкен и на други места спомнува грчки детер­минирања за Македонците. Пишувајќи за преводот на Стариот Завет (за што претходно пишувавме), Вилкен, на стр. 337, пишува:

“Така се појави Септугинта, грчки превод на Стариот Завет во третиот и вториот век, но и елинистичката еврејска литература.”

Овде пак ќе спомнеме дека Стариот Завет бил преведен на јазикот коине (кој бил наметнат од Александар Македонски во териториите што ги освоил и кој јазик бил мешавина од повеќе јазици), а не на античкиот класичен грчки јазик, додека несоодветниот термин “елинистичка еврејска литература”треба да гласи:”еврејска литература на јазикот коине”.

 Вилкен неточно го споменува јазикот коине како “грчки јазик” и кога пишува за неговото распространување и времетраење во Египет (кој тогаш бил под власта на македонската династија на Птолемеите, која била востановена од генералот и полубрат на Александар Македонски, по име Птолемеј Лагов). Во врска со ова, на стр. 349, читаме:

 “И во Египет домородниот јазик на крајот победи во споредба со грчкиот.”

Цитирајќи го постариот германски автор Драјзен (кој исто така бил прогрчки настроен), Вилкен заклучува дека Филип Втори бил “најголемиот обединител на Грција”, додека неговиот син Алексан­дар бил “посредник во ширењето на грчката цивилизација”

Овде е направен груб фалсификат врз исто­риската вистина. Познато е дека Филип Втори војувал со Грците, а не дека тие се согласиле на “доброволно обединување”. Практично, тој ги поробил или ги ставил под своја контрола сите тогашни грчки градови-држави. Но, не може да се каже дека ги “обединил”. Тоа е исто како кога некој би рекол дека Хитлер во 1941 година “обединил” голем дел од Европа. Практично во најголемата битка помеѓу Македонците и Грците што се случила кај местото Херонеја, македонската војска им нанела тежок пораз на Грците и во таа битка загинале повеќе Грци отколку во која било друга битка пред тоа што тие ја воделе.

И во воведниот дел Вилкен пишува дека Александар ја ширел “грчката цивилизација широко во светот” и дека тоа било негова најголема заслуга. Се разбира дека оваа констатација не одговара на вистината.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top