Досиеја

СЕ! СЕ УШТЕ ГОРИ РАСПЛАМНАТО ФАКЕЛОТ НА КУКУШАНЕЦОТ ГОЦЕ!

МАКЕДОНСКА НАЦИЈА. Бр. 23 -1974г. Стр. 18

СЕ! СЕ УШТЕ ГОРИ РАСПЛАМНАТО ФАКЕЛОТ НА КУКУШАНЕЦОТ ГОЦЕ!

МАКЕДОНСКА ТРАГЕДИЈА

Соучество од редакцијата на „Македонска трагедија”

До ДООМ, неговиот Централен Комитет, неговите членови и до македонокиот народ, како и сите Македонски Обединителни Револуционерни Организации.

Драги браќа и сестри,

Загубата на еден од водачите на ДООМ е не-надоместива. Со загубата на Благој Шамбевски, македонското обединително движење губи едеи од најсмелите двигатели на тешката борба за спасување на македонските народни маси било на кои меридијани: на светот да се тие наоѓаат, внатре во распарчената Македонија на Балкани-те како и надвор од неа.

Македонските сегашни и идни гвнерации во вакви борбени сили какви беа оние на Шам-бевски гледаат само најискрени примери и ќе црпат вдахнување за продолжувањето на пра-ведната бескрвна борба во сегашната револуци-онерна етапа за своите херојски и демократски

дела. Благој беше и останува симбол ва еден мал народ кој се бори против сите црни снаги кои го уништуваат. Благој не можеше ииаку а да не се спротивстави на подмолните шпеку-лации околу македоискиот иарод од трите Ма-кедонии и да го жртвува животот за истите. Ако некои мислат дека со смртта на овој неу-морен исамопожртвуван син на шакедонскиогг народ ќе запре сегашниот отпор и демократс-ката револуциоеерност во македонските маси тие луто се мамат. Напротив смртта на вакви не-поколебливи херои раѓа нови и нови такви.

Македонија овие синови ќе ги поредува заед-но со своите најславни и бессмртни великани, 6идејќи да тие во најтешките времиња го диг-наа знамето за нејзиното спасување по цената на својот живот.

ВЕЧНА МУ СЛАВА!

Редакција на «Македонска трагедија»

СИНОВИ И ЌЕРКИ НА МАКЕДОНИЈА НЕ ЗАБОРАВЕТЕ ДЕКА ВАШАТА НАЦИЈА И ТАТКОВИНА СЕ НАОЃААТ ПОД РОПСТВО И СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА УНИШТУВАЊЕ!

БОРЕТЕ СЕ ЗА СЛОБОДНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!

Најново од: Досиеја

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

To top