Досиеја

Кон совеста на белгратските вазали во С.Р.М

sambevski1

МАКЕДОНСКА НАЦИЈА Бр.  23, Стр. 7

Драги Македонци!

Се надеваме дека ќе ги прочитате овие наши редови, пишувани со крвта на нашиот славен Илинден. Вие сигурно знаете за гнасното убиство на нашиот великан и борец, Благој Шамбевски, кој својот живот го даде за слободата на својот народ, за исполнување на идеалите на славниот Илинден, за ослободување и обединување на Македонија, која отсекогаш беше завиткувана во црнина од црни крвнички раце. Со смртта на Бла-гој Шамбевски Македонија, и македонскиот народ изгубија еден свој син на нашиот дедо Гоце. Него-вото име со златни букви ќе биде запишано во историјата на револуционерна Македонија, и ќе се наоѓа вечно меѓу славните илинденски ими-ња, кои ги дале своите животи за едно свето дело — делото на слободарска Македонија.

Ако ова крваво дело кое го одзеде животот на нашиот борец и револуционер за правата на ма-кедонскиот народ и неговото обединување, е дој-дено по ваша сопствена иницијатива или пак под притисок од страна на вашите господари од Белград, тогаш тоа е срамно, тоа е подлост, кое не доликува на ниеден вистински и чесен Македонец да го одземе животот на својот брат, кој високо го вееше знамето на славниот и секогаш вечен Илинден, кој во своето срце и својата душа ги носеше идеалите на нашите дедовци, кои ги да-доа своите животи за една посреќна Македони-ја, а кои да би могле сега да видат и слушнат за ова пролевање на братска македонска крв во гроб би се преврнале и би се откажале од своја-та илинденска македонска крв и би рекле «за кого, на кого и зошто се боревме и ги дадовме на-шите животи?».

И ЈОСИФ ЈОЛЕВСКИ ЖРТВА НА УДБАШКЕ КРВНИЦИ

«Македонска Нација» пред неколку месеци пи-шуваше за смртта на организациониот секретар на Поткомитетот на ДООМ за САД Јосиф (Јоле) Јолевски. Тогаш пишувавме дека Јосиф Јолев-ски загинал во сообраќајна несреќа, но многу работи денес зборуваат дека тој бил згазен со автомобил на улица од некој удбашки агент. Удбашките агенти во САД почнаа да се фалат дека тоа било нивно дело, сега тие се закану-ваат и на други борци од Движењето за ослободување и обединување на Македонија дека и нив ќе ги најде она што го нашло Јолевски.

По се’ изгледа дека со удбашката криминал-на дејност во САД раководи «попот» удбаш Борис Поповски од Гери, Индијана. Овој поп-разбојник во јули месец оваа година организира физички напад на потпретседателот на ЦК на ДООМ Љубе Филковски на кој му беа нанесени тешки физички повреди. Постојат сведоци кои можат да потврдат дека удбашкиот поп Борис Поповс-ки велел: «За да го уништиме поткомитетот на ДООМ во САД ќе треба да го убиеме Љубета Филковски». Ете вакви попови убијци испра-ќа удба во македонските цркви во странство.

Гнасното убиство на патриотот Шамбевски го потресува секое чесно македонско срце, но него-вите убијци, кои и да биле, се лажат дека со ова крваво злосторништво го убиле бесмртниот иде-ал на славниот Илинден за слободна, обединета и целовкупна независна Македонија. Ова крваво злосторништво уште повеќе не’ потикнува да ја продолжиме илинденската епопеја за ослободу-вање на нашиот од вечни времиња поробен и рас-парчуван народ, кој својата мака и болка со ве-кови ја носи во себе, во своето тажно срце, срце што бие за слободна Македонија.

Но сепак секогаш, еден народ, едеи човек, една ѕвезда, има своја нула и свој зенит. (Нашата борба продолжува, нашата идеја живее, живее за да победи, живее и секогаш ќе живее.

Во нас, во нашето срце, во нашиот дух, тече македонска дедо Гоцева светла црвена со тем-нина покриена крв, која гори и го распламнува духот на нашиот идеал, идеал за слободна и обе-динета Македонија. Овие наши редови не се на-пишани со цел да го развесели вашето неилин-денско, немакедонско, квислиншко срце, туку да ви ги пренесеме нашите чуства, нашите иде-али, кои како брз Вардар течат во нашето срце. Со ова не се закануваме, туку само се обрнуваме кон вашата совест, за да одделите една минута од вашите денови и видите: кој сте, што сте и каква крв тече во вас. Ако сте Македонци, вашето срце ќе се расплаче, вашето срце ќе зазбо-рува љубов кон вашиот народ. Нашите срца се обвиткани со крвавото црвено знаме на Илинден од златните раце на нашата мајка, тажна цр-на Македонија, која своите раце со крв натопени ги дигаше отсекогаш кон своите ѕвезди, кон своите сестри, сестри Македонки, за да еднаш, еден ден заедно ја помилуваат својата распарчена, отцепена тажна, но сепак среќна светла душа.

Нашата борба продолжува, продолжува и ќе продолжи со горд и нескршен поглед, поглед во идејата на славниот бесмртен Илинден. Ние сме горди со нашите дела, бидејќи тие дела се во служба на мајка Македонија, но со што можете вие туѓински слугерани во угнетена Македонија да се гордеете? Со ништо лруго освен со братоубијства што ги правевте и уште ги пра-вите за интерес и радост на вашите господари туѓинци. Македонија ќе ве проколнува за вечни времиња. За разлика од вас, ние не заговараме братоубиства, нашите раце се чисти како кристал, а вашите се црвени иатопени во братска мадеконска крв. Ажо немате во вас македонска ссквест, тогаш проверете ја вашата крв, видете дали во ,неа има уште нешто македонско. Можеби како закоравени злосторници крвопијци на братска крв, ќе продолжите со убијство на некој друг дедо Гоцев син, но со тоа нема да ја спречите борбата на еден слободољубив несреќен народ, кој меѓу другите несреќи што ги има, ја има и таа што ве родил како дегенерирани типови, негови изроди и братоубијци. Знајте само едно: забодениот црн клин во нашето срце, со клин ќе го избиеме, зашто клин со клин се избива, а не со сламка.

sambevski1

sambevski2

Најново од: Досиеја

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

To top