Досиеја

Повик за историско обединување на македонската дијаспора во Берлин

Иницијатива од 1993 година за надминување на поделбите, градење силно македонско лоби и одбрана на името на Република Македонија.

До
Учесниците на заедничкиот состанок
на Македонските асоцијации во Берлин

Чест ми е и ми причинува големо задоволство што имам можност да ги поздравам присутните на овој прв заеднички состанок на сите Македонски асоцијации во Берлин. Средбата што денес ја закажавме сметам дека е доцна, но сепак оптимистички да гледаме не е предоцна, ако успееме да ја постигнеме нашата заедничка цел, а сè во смисла и интерес за заедничко и едномислено разбирање, договарање на сите нас кои овде живееме и кои ги застапуваме интересите на Македонците во Берлин.

Ако постигнеме заедништво и здружување ќе размислуваме за сите полезни интереси за нашето живеење овде и во Македонија. Сите наши желби требада бидат вперени во подобрување на нашиот живот со меѓусебно помагање и максимално ангажирање за нашата мила татковина, за нејзината афирмација и меѓусебното признавање, сè друго треба да се остави настрана барем во овој тежок и важен историски момент. Апелираме до сите брзо будење правилно ориентирање, и делување за општото добро.

Потребно е искоренување на сè што не е полезно и е противно на заедничките интереси за нас кои живееме во Берлин и за интересите на Македонија. Сведоци сме на немили и непријатни настани кои што подолго време се случуваат помеѓу нас, а тоа е резултат од настаните што се случија во бивша Југославија, за што ние Македонците најмалку сме виновни. Настанаа големи разобединувања и недоразбирања, а ние Македонците неуспеавме да се сплотиме како што се сплотија другите етнички групи, па така секој од нас поединечно штити различни интереси, а тоа неповолно се одразува, односно го разобединува нашиот народ. Но, сепак да се вратиме на целта за која што овој состанок го закажавме. Затоа предлагам неколку точки кои се актуелни да ги разгледаме а потоа предлагам да дискутираме по овие точки:

1. Проблемите настанати на прославата по повод 8 март.

2. Проблемот со отказот со договорот на просториите од Мак. Клуб.

3. Изнаоѓање начин за меѓусебна соработка на сите Македонски асоцијации
а) Предлог за заедничко организирање на прослави
б) Барање простории за разонода на Македонската Младина во Берлин
в) Формирање Македонска Заедница на сите асоцијации во Берлин.

4. Улогата на Македонските асоцијации во Берлин
а) Афирмација на Р. Македонија, односно градење здраво силно Македонско лоби.
б) Изнаоѓање можности за помош на Р. Македонија, односно купување на бараното медицинско помагало за медицинскиот центар во Скопје.
в) Испраќање на заеднички протести и Апели против промената на името на Р. Македонија, и било какво нејзино прекрстување.

Благодарам на вниманието и ги молам сите присутни да се зафатат со работа и дискусиите што ќе се водат да бидат кратки и јасни односно конкретни. Се надевам дека правилно ќе ме разберете и пожелувам пријатна и плодна работа на состанокот.

Берлин, 2.04.1993

Од УО на МПЦО „Св. Климент Охридски“ од Берлин

Најново од: Досиеја

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

Што видел Ниче Димовски-Македон додека седум дена бил во кома?

Во 1997 година, на 33-годишна возраст, Ниче Димовски-Македон, по тешка операција на хранопроводот во Германија, паднал во кома која траела седум дена. Преживеал, а подоцна пишувал за своите сеќавања од „другиот свет“. Години подоцна јавно изјавил дека доживеал клиничка смрт и дека имал необични визуелни слики, меѓу кои и визии поврзани со гробот на Александар […]

To top