Среда, 04 Септември 2024   
50-ТИ ЈУБИЛЕЕН ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР ВО ГЕРИ, ИНДИЈАНА, САД

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ОД АКТИВНОСТИ НА АМЕРИКАНСКО - КАНАДСКО – МАКЕДОНСКАТА ЦРКОВНА ЕПАРХИЈА 

Од 30 август до 2 септември 2024 година, на Денот на трудот, во Македонската православна црква „Свети Петар и Павле “ во Гери,, Индијана, во САД, се одржа јубилејниот 50 - ти  Црковно народниот собир на Американско-канадско македонската православна епархија 

Собирот се одржа во Гери, градот кој се наоѓа во близина на Националниот парк Индијана Дини и се граничи со јужниот дел на езерото Мичиген. Според историските податоци, Гери го добил името по адвокатот Елберт Хенри Гери, кој бил основач на американската корпорација „Челик“. Градот е познат по големите челичарници со население од околу осумдесет илјади жители, што го прави деветти град по големина во државата Индијана. Во него, меѓу другите, живеат околу 500 македонски семејства, кои се национално и религиозно поврзани со црквата „Св. Петар и Павле“

Тоа го потврдува фактот дека Македонците во Соединетите Американски Држави и Канада се организирани во бројните македонски православни цркви и манастири и во различни друштва и асоцијации кои се во состав на црквите и надвор од овие духовно-национални центри..

Инаку, Македонската православна црква „Свети Петар и Павле“ во Гери е прва црква на Македонците во САД под јурисдикција на Македонската православна црква. Историската  иницијатива за формирање на оваа црква била поттикната во септември 1960 година. Во 1961 година црковната општина била регистрирана од Македонската митрополија во Скопје, кога е побарано да биде испратен свештеник, кој за прв пат за православните доселеници од етничка Македонија отслужил богослужба на македонски мајчин јазик во една Сиријска православна црква. 

На 14 октомври 1962 година е поставен камен темелникот на идниот македонски храм кој е прв македонски објект на Североамериканскиот континент. Овој храм бил осветен на 14 јули 1963 година од архиепископот на МПЦ г.г. Доситеј во сослужение со бројни македонски-свештено служители. Во 1986 година било решено да се купи нова локација на која на 16 октомври 1988 година биле поставени и осветени темелите на денешната црква „Св. Петар и Павле“ во Краунт Поинт.

Со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ, новиот храм со придружните објекти бил осветен на 21 јули 1991 година. Чинот на осветувањето го извршиле митрополитите Тимотеј и Стефан. А објектот на „Св. Петар и Павле“ има капацитет за 400 верници и во него ги задоволуваат сите црковни потреби православните Македонци. Во состав на црквата е изградена сала за околу 1000 луѓе, како и други простории во кои се одвиваат активности кои се од секојдневното живеење на Македонците во Гери и пошироко. Сликата на црковниот комплекс ја збогатуваат спортскиот објект и големиот паркинг.

Во рамките на црквата од 1979 година работи фолклорната група “Китка”. Исто така, широки активности пројавуваат: женската, младинската и спортската секција, театарската група, црковниот хор, неделното македонско училиште, фудбалскиот клуб “Вардар”, библиотеката и хуманитарната организација.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Црквата „Св. Петар и Павле“ во Гери

Според одлуката на Синодот на МПЦ, за прв архиереј на Епархијата беше избран тогашниот викарен епископ тивериополски, г. Кирил, кој на 10 август 1969 година беше интронизиран како нејзин надлежен епархиски архиереј. Чинот на интронизацијата беше извршен во најголемата македонска иселеничка колонија и црковно-културен центар на Македонците од сите делови на Македонија - Торонто, од страна на тогашниот дебарско-кичевски митрополит г. Методиј. Во службата на интронизацијата учествуваа свештени лица, а во присуство на голем број Македонци од сите македонски колонии од Канада и САД, имаше бројни гости и официјални личности на македонските организации и асоцијации, како и претставници на канадската влада и на медиумите.  

Американско-канадско-македонската црковна епархија беше официјално регистрирана пред американските власти на државата Њујорк. Тој чин претставува историски момент за македонските иселеници и еден од најзначајните настани во животот и дејноста на МПЦ на северно-американскиот континент. Регистрирањето на ова високо управно тело на МПЦ во САД и во Канада, имаше силен одраз во натамошната афирмација на македонското име и духовните вредности на македонските доселеници во новите средини.

Беше тоа 12 септември 1981 година, светол датум за Македонците од САД и од Канада, кога во МПЦ “Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

По одржувањето на молитвата во храмот “Св. Димитрија”, во хотелот “Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архиерејот и архиерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа 15-на црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија. 

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање во македонските, американските и во канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник “Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.

Денес, една од најважната активност на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собор, кој се одржува секоја година почнувајќиод 1975 година. Првиот собор се одржа во Торонто во 1976. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите на над 30 цркви и два манастира, во кои служат триесетина македонски свештенослужители надлежниот  архиереј митрополитот Методиј.

Собирските манифестации се многу богати, сеопфатни и импресивни. Со проширени искуства и знаење, црковните општини се поттикнуваат на покрупни остварувања преку градба на просторни импозантни цркви и културно-просветни центри, со цел што повеќе да се привлече вниманието на младите Македонци.

Овие значајни и традиционални, собирски манифестации се одржуваат секоја година во првата недела од септември, на Денот на трудот. Тие траат три дена и се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. На епархиските и црковно-општинските органи и тела им се пружа извонредна пригода да ги поддржуваат, инспирираат и да ги помагаат севкупните позитивни процеси за уште посестран и побогат развој на секциите при црковните општини, на неделните училишта на македонски јазик, македонските играорни групи, хоровите, драмските активности, женските секции, спортот и сите други здружени креативни сили кои придонесуваат за посилен растеж на црквите и Епархијата.

Притоа може да се рече дека и МПЦ-ОА, преку севкупните исклучително позитивни активности, од Бога благословената почва од САД, придонесе денес нашата суверена Македонија, да биде признаена под нејзиното уставно име.од оваа најмоќна демократска велесила на планетата Земја.

111 copy 

Митрополитот Методиј со македонските свештеници

Овогодишниот јубилеен 50 -ти  Црковно народниот собир на Американско-канадско македонската православна епархија се одржа во Гери, Индијана, во САД, во Македонската православна црква „Свети Петар и Павле“ од 30 август до 2 септември 2024 година. Тие беа продолжение на педесет предходни собири, кои се одржуваат секоја година во различни градови и тоа  во првата недела од септември и траат три дена. Тие се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. Инаку, првиот собир на Американско-канадско македонската православна епархија се одржа во 1975 година во Торонто, Канада.

Овогодишната соборска манивестација на Американско-канадско македонската православна епархија во Гери започна во петокот на 30 август 2024 година, кога гостите од Соединетите Американски Држави (САД) и од Канада пристигнаа во Гери и кога во вечерните часови во црковната сала на МПЦ „Свети Петар и Павле“започна Младинската игранка. Саботата на 31 август се одржа седница на Епархиското собрание во црковната сала, а потоа започна турнирот во фудбал на фудбалското игралиште на црквата. Попладне се одржа Вечерна Богослужба во МПЦ “Св. Петар Павле” како и смотра на играорните групи. Третиот - последниот ден - неделата на 1-ви септември, пак,  во утринските часови се одржа Света архиерејска литургија во црквата “Св. Петар Павле”, потоа младите го завршија Турнирот во фудбал, а на вечерта беше организиран Гала банкет со церемонија на доделување награди, за церемонијата да заврши со младинска игранка.

На 50-от јубилеен Црковно – народен собор во Гери  се собраа неколку илјади Македонци, од сите делови на Македонија кои живеат во САД и Канада. Тоа беше Собир за дружење, разговори, за црковно живеење, како и за претставување на голем број македонски фолклорни групи и фудбалски екипи.

Притоа треба да се нагласи дека мисијата на македонските свештеници во САД и Канада, на чело со денешниот  митрополит г.Методиј како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија на МПЦ-ОА е драгоцена. Тој, заедно со свештениците и со активистите од македонските асоцијации се целосно посветени на обединувањето на македонскиот народ во САД и Канада, каде што живеат Македонци од сите делови на етничка Македониј.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.