|
|
ПОЧИНА СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ – АФИРМАТОР И БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА |
Сотир Гроддановски беше еден од познатите и почитувани иселеници во САД. Во Детроит го формира Македонскиот културен центар “ИЛИНДЕН” за Америка и Канада. Со група ентузијасти, волонтерски и со самофинансирање, успеваат во самиот зафат да ги задоволат потребите на црковните заедници. Беа печатени црковните билтени со континуирано бележење на црковно-културни настани на Македонците во Америка и Канада Сотир Гроддановски беше роден на 11 јули 1936 година во Буково, и почина во убавото Буково, Битолско на 4-март 2025 година. Таму го завршил основното образование, додека средното образование го започнал во гимназијата “Гоце Делчев“ во Битола, а го завршил во Пула на Машинско-техмичкото училиште на Југословенската воена морнација во Хрватска. Родното Буково Сотир Гроздановски постојано го носеше во своето срце. Тоа е ни село, ни град, а е сместено на јужниот дел на Општината Битола, на неколку километри оддалеченост од градот Битола, на источните огранки на Пелистер (Баба Планина). Буково е ридско село, но во исто време и градска населба, распослано на надморска височина од околу 700 метри. Поради близината со градот Битола, Буково е дел од неговата урбана зона, односно тоа е населбата Буковски Ливади во подножјето на Баба Планина, веднаш под селото Буково. Во непосредна близина на Буково се наоѓа aрхеолошкото наоѓалиште на античкиот град Хераклеја, основан од Филип II Македонски, таткото на Александар III Македонски. Како легенда се пренесува, дека првите семејства биле населени од поодамна изгореното село Неољани, што се наоѓало во близина од околу еден километар западно од сегашното Буково, во почетокот сместено во подножјето на буковските планини. Буково е познато по манастирот „Свето Преображение Христово“ кој е духовен центар за голем број македонски верници од потпелистерските и пелагониските населби, а особено за народот од селата Буково и Крстоар. Тој се наоѓа на околу 2 километра над селото Буково, на доминантна височинка опкружена со густа шума. Манстирскиот комплекс се состои од манастирската порта, црквата, конаците на два ката, со кујна и трпезарија, камбанаријата и уште други помошни објекти. Историските сведоштва за Буковскиот манастир зборуваат за неговото повеќевековно опстојување како еден од поголемите монашки и духовни центри во Битолско. Манастирот бил возобновен на почетокот на XIX век. Првично имал монаси, но половина век подоцна монашкиот живот замрел и управувањето било преземено од мирјани од Битола. Манастирската црква била изградена во 1837 година, во центарот на оградениот минастирски двор и како градба тој е еден од најрепрезента-тивните во Потпелистерскиот Регион. Буково Во црквата има многу икони од XIX век и почетокот на XX век, кои датираат од 1862, 1881, а дел и од 1908 година. Овие икони според стиловите се дело на локални зографи. Во црквата има и една стара икона изработена од непознат зограф во XVIII век. Буковскиот манастир „СветоПреображе ние Христово“ бил еден од омилените места на дипломатскиот кор во конзулска Битола за време на Турската Империја. Особено бил посетуван од рускиот конзул Алексан дар Аркадиевич Ростковски, кој активно одржувал контакт со дејците на Македон ската револуционерна организација. Во биографските податоци на Сотир Гроздановски е забележано дека на 24 септември 1952 година тој ја започнал својата војничка кариера. Во 1964 година завршува вишо образование на Правниот факултет во Љубљана. Потоа се вработува во Општината на град Пула. Во 1970 година со семејството: сопругата Аница, родена Тољан и ќерките Биљана и Јосипа заминува за Соединетите Американски Држави, во градот Детроит, кајшто се вклучува во црковниот живот во Македонската иселеничка заедница. Македонскиот културен центар „Илинден” од Детроит беше единствена институција од ваков вид во САД и Канада. Во рамките на центарот „Илинден” се печатеше списанието „Македонски ѕбор ” кое одигра важна улога во информирањето на Македонците на северноамермканскиот континент. Списанието „Македонски збор” од Детроит посветило голем број материјали проследени со факти врзани за Илинден, Илинденското востание и Крушевската Република, кои оставија вистински траги во историскиот дел за Македонија. Тоа беше едно од првите македонски списанија од ваков вид во иселеништвото што се печатеше на литературен македонски јазик и претставуваше значаен афирматор на македонското име и нација, а беше тесно поврзано со вистината на Републиката Македонија. Првиот број на списанието „Македонски збор” излезе на први август 1977 година, за време на прославата на Илинденското востание во Детроит, а е печатен на осум страници во големина 28 х 22 см. со латиница чија форма ќе ја задржи и за идните броеви. Овој број е посветен на 74-годишнината од Илинденското востание и 33-годишнината од конституирањето на македонската држава Република Македонија. Излегувањето на списанието е настан од посебен интерес во информирањето на македонската колонија во САД и во Канада. Од списанието “Македонски збор”се печатени по десетина броеви секоја година се’ до 1995 година. Детроит Во првио број во воведната статија се објаснува целта на списанието „Македонски збор”. Меѓу другото се вели дека Списанието се планира да излегува еднаш месечно како образовно – воспитно и информативно гласило, кое ќе ја шири македонската култура, писменоста и историјата меѓу Македонците во Северна Америка (САД и Канада). Инаку, списанието беше орган на Македонскиот културен центар „Илинден” од Детроит, а главен и одговорен уредник, сопственик и душата на списанието беше Сотир Гроздановски, познат општественик, новинар и културен работник во македонската колонија во Детроит. Исто така. Сотир Гроздановски беше уредник и соптвеник на веб порталите „MACEDONINAN WORD („Македонски збор) и www.bukovo36.comво кои се објавени илјадници текстови од античко време до денес. Посебно треба да се нагласи дека на „2-ри август“ во Штип излезе од печат книгата „Едно име имаме – Македонија“ од Сотир Гроздановски, Тоа е дело на 460 страници во кое се објавени неговите колумни објавени во последниве години и кои се поврзани со бурните настани што во овој период се одиграа во Македонија. Рецензент на книгата е Марија Воденска, која меѓу другото ќе запише дека ова дело е најсублимирана историја за сите нас, а уште поважно што останува за генерациите по нас. Еден од последните текстови на Сотир Гроздановски беше по наслов “Образованиео – темел на постоењето“ беше објавен во порталот „Македо-нска нација“, Во него, меќу другото Гроздановски вели: „Умирањето на Република Македонија беше планирано заедно со растурањето на заедничката држава СФРЈ. Зошто? Затоа што нејзиното безбедно постоење беше гарантирано со моќта на заедницата во која доброволно пристанавме да бидеме нејзина членка, рамноправна со сите, во правата и обврските. Затоа и се тргна, прво, во разнебитување на државата со 23 милиони, за да се добијат повеќе мали и немоќни "независни" и "суверени" творби, наречени национални држави. Да се раздроби на парчиња, со кои ќе може полесно да се манипулира. Република Македонија беше една од шесте сојузни делови на СФРЈ, која за време на Втората светска војна им ги измеша лончињата на касапите кои со Букурешкиот договор од 1913 години ја распарчаа македоснката терито-рија на четири дела: на Грција, Бугарија, Србија и помал дел на Албанија. Верувајќи во генијалниот сон на Гоце Делчев за патот кон светот како поле за културен и економски натпревар меѓу народите, тргнавме со ентузијазам во нови авантури, кои уште повеќе ја ослабија нејзината економска и политичка моќ. Денешните властодршци и некои кои ги зел ѓаволот во неговиот "рај" од порано, ја опљачкаа својата сопствена земја, ги истераа сограѓаните на улица, немоќни да си ги хранат семејствата, и потоа "законски" ја подготвија Македонија за продажба. Тоа беше увертирата во нејзиното распаѓање, и задоволување на странските зли намери за конечното решавање на таканареченото "македонско прашање" на Балканот. Па така, пак се најдовме на брисан простор не заштитени и ранливи од сите страни и од надвор и од внатре. Опасноста од паѓање во ново ропство, со непредвидливо времетраење, одново не турна во минатото, а помош од никаде. Десетвековното ропство под Римјаните и Турците, последица од неслогата и алчноста за власт на македонските генерали и владари, после смртта на Филип Втори и неговиот син Александар Трети Македонски, како да не ни беше доста“, напиша Сотир Гроздановски. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |