Историја

Аријан за владеењето, смртта и славата на Александар

1024px-Battle of Gaugamela

НЕНАДМИНАТ БЕШЕ ВО РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА ВОЈСКАТАН И ВО КРЕВАЊЕТО НА ДУХОТ НА ВОЈНИЦИТЕ

1024px-Battle of Gaugamela

 „Александар умре во сто и тринаесеттата Олимпијада…Тој живееше триесет и две години и осум месеци… Владееше дванаесет години, и споменатите осум месеци… Многу беше бистар, мошне храбар, желен за слава и за опасности и водеше многу грижа за божеските работи… Најсјаен беше да постапи правилно дури и во најнејасните ситуации… најсреќен беше во предвидувањето за тоа што ќе се случи. Ненадминат беше во рас-поредувањето на војската, за да ја вооружи и да ја уреди. Нај-доблесен беше во кревањето на духот на војниците и во исполнувањето со добри надежи; стравот од опасностите го потиснуваше со соспствената бестрашност. И најсмел беше кога се наоѓаше во неизвесност. Мошне беше вешт брзо да го нападне непријателот и да го зграпчи пред некој и да помисли што ќе го снајде. Беше сосема доследен во одржувањето на ветувањата и договорите… Беше многу штедлив за парите што ги арчеше за сопствените задоволства, а најдарежлив кон другите.

 И да направи Александар некоја грешка затоа што  беше брз или кога беше лут, или ако сеж и се приближил на ароганцијата својствена за истокот… Знам дека за разлика од кралевите од постар ков, кај Александар се јавуваше каење за неговите греш-ки, зашто беше благороден…

Тоа пак што од бога сакал да го изведе своето потекло… за да остави впечаток кај поданиците и да се прикаже како повозвишен. Јас всушност и не сметам дека бил помалку прочуен крал од Миној, Ајак или Родомонт. Тие се поврзуваат со Зевса по однос на потеклото… згора на тоа, мислам дека прифа-ќањето на персиската облека беше итрина, и за Персијците, за нивниот крал да не биде целосно различен од нив, и за Маке-донците, за да попуштат малку во нивната грубост и возгордеаност. Заради истата причина… ги внесол во војската персијските војници… и персијските благородници во нивните одреди на коњицата.

Оној што зборува за Александар нека зборува, но не само за неговите грешки, туку за целокупните негови постапки и подвизи… нека се запраша самиот… за неговиот сопствен живот и потоа да го спореди сето тоа со Александар, што стана тој, до кој степен тој постигна успех за еден човек, откако постигна да стане крал, и покрај сите противречности на обата континента  се прочу неговото име најшироко што е можно… Јас верувам дека во тоа време немаше народ, ни град, ниту пак човек што не го знаеше името на Александар… И честа и спо-менот за него беше повеќе одошто за обичен човек. Дури и сега, по сето ова изминато време има пророчишта кои му биле пос-ветени на народот на Македонците и сите се во негова најголема чест…”

Исто, Аријан, Александровата Анабаса, кн.ВИИ, стр. 233-235

Д-р Иван Алексов

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top