Историја

Кој бил предавникот Јован Бабунски?

jovan-babunski

jovan-babunskiЈован Стојковиќ попознат како Јован Бабунски (1878, Мартолци – 1920, Велес) е србомански четнички војвода и борец против македонското национално ослободување. Прекарот Бабунски го добил по местата во коишто делувал: планината Бабуна (особено селото Богомила) и реката Бабуна.

Основното образование го завршува во град Велес. По завршување на четирилетката, емигрира со семејството во Србија, во градот Белград, каде што една година учи гимназија, а потоа се префрла во богословско-учителско училиште наменето за Срби од Турција. Потоа образованието го продолжува во градот Валево, каде што завршува нижа гимназија, па учителска школа во Ниш.

По завршувањето на учителската школа, преку српската националистичка организација “Свети Сава“ е испратен како учител во Тетово.

Како агент на српската пропаганда во Тетово, а подоцна во градот Велес, Стојковиќ ги поттикнувал граѓаните да вршат клевети и предавства над активистите на ВМОРО пред турските власти.

Заради едно такво предавство извршено од страна на брат му,  Георги Сугарев го ликвидира брат му, а после и татко му. После оваа казна на ВМОРО, Бабунски станал војвода на србоманска чета, и дејствувал во Поречието и Велешко.

Соработувајќи со турските власти, Бабунски успеал да создаде многу силна србоманска мрежа во областите во коишто е активен. Најблиски соработници му се Глигор Соколовиќ и Јован Долгачот.

Води серија битки против четите на Иван Алабакот, Биринчето, Стефан Димитров, Панчо Константинов и Георги Сугарев.

Кога во Турција бил извршен преврат во 1908 од страна на Младотурците, кои донеле Устав и општ мир, Бабунски прекинал со четништвото на определено време. Но, откако извршува убиство на еден член на ВМОРО, Бабунски пак станува нелегален и успева да пребегне во Србија, од каде што во 1912 на чело на српската војска составена од елитни четници ја поминал балканската војна од Куманово до Битола.

Името на Јован Бабунски е сврзано со задушувањето на македонското Тиквешко востание, кога заедно со својата србоманска чета, и со војници од редовната српска армија на најѕверски начин прави масакар на невиното население во Тиквешијата.

Бабунски масакрирал петнаесетина попови во Разловци. Убиствата ги извршила четата на Јован Бабунски со помош на српски џандари, под обвинување за соработка на поповите со комитите и поддржување на младинците од тие места да не одат војници во српската војска. „Убиените попови и клисари прво биле измачувани во училишната зграда до црквата, а потоа закопани во црковниот двор“.

„Во тој масакр настрадале поп Ѓорѓи Чепарков, Петре Попѓоргиев и поп Атанас Пантев од Митрашинци, под Димитри и поп Ефтим од Мачево. Од Разловци бил убиен стариот поп Костадин, а биле убиени и Костадин Жежовски на 60 години, Иван Ристов на 30, Коле Ристов на 35, Илија Ѓоргиев на 40, Стојан Митев на 42 и Спиро Митев на 45 години“, пишува Драган Арсовски во „Теророт и отпорот во Пијанец“.                         Тој подвлекува дека на удар на српските окупаторски власти биле токму поповите. Од масакрот се спасиле само двајца попови. Поп Костадин некако измолил милост за својот претепан син поп Манасија, а поп Јован успеал да побегне, преоблекувајќи се во женски алишта. Во тоа време од с. Истевник биле заклани и поп Ефтим и Маноил Ѓоргиев.
Насилниците немале милост ниту кон бремените жени ниту кон жените со мали деца. Бремената Алтана Арсова од Илиово била безмилосно малтретирана, а Вангелија Михајлова од Тодоровци, за да си го спаси животот, го оставила двомесечното дете и побегнала во Бугарија. Тогаш четниците на Јован Бабунски во Каменица ги силувале 60-годишната Атанаска и нејзината 15-годишна ќерка.

Умрел во 1920 година во Велес.

jovan-babunski-veles

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top