Историја

Острогорски за „храбриот македонски цар“ и за уништувањето на „македонското царство“

ostrogorski

ostrogorski„Меѓутоа, уништувачки удар Василиј ИИ му нанел на Самуиловото царство дури во јули 1014 година, после долгите борби… Самуиловата војска е опколена во кланците на Беласица. Самиот цар се спасил и стигнал во Прилеп, но голем дел од неговите војници изгинал, а уште поголем западнал воп заробеништво. Својата победа Василиј Бугароуби-ецот ја прославил на грозен начин. На заробениците, кои наводно биле 14.000 (податок според Кекавмен изд. Василевскиј-ЕрнШтедт, стр. 18; според Скилица (Цедр.ИИ,458)биле 14.000 заробеници, н.б.), им се ископани очите; само на секој стоти му е оставено по едно око, за овие по-луслепи да ги одведат своите слепи соборци кај царот во Прилеп. Кога Самуил ја догледал оваа страотна поворка, го удрила капка, и за два дена храбриот македонски цар умрел (на 6 октомви 1014 год.).

Неговото царство го надживеало само за неколку години. Внатрешните  судири му ја олесниле работата на освојувачот. Самуиловиот син и наследник Гаврило Радомир паднал веќе во 1015 год.; него и неговата жена ги убил неговиот брат од стрико Јован Владислав, синот на Арон. Истата судбина го снашла и неговиот зет, зетскиот кнез Јован Владимир, кого Јован Владислав со измама го уловил и погубил. Во меѓувреме освојувањето на земјата систематски продолжувало. Војувањето се свело на  ликвидирање на поедини точки на отпорот, бидејќи тука и таму царевите војводи сеуште јуначки му пркоселе на победителот. На крајот, во февруари 1018 год., за време на опсадата на Драч, загинал и самиот Јован Владислав. Војната се завршила со свеченото влегување на Василиј ИИ во Охрид… Неговата цел била постигната: Македонското царство, со кое тој се носел повеќе од три децении, најодзади е срушено. Обиколувајќи ја покорената земја, Васи-лиј ИИ насекаде ја обновувал византиската власт…”

Георгиј Острогорски, Историја на Византија, Српска книжевна задруга, Белград 1959, стр. 294-295

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top