Историја

Јустинијана Прима – во Скопје

justinijan-prima

justinijan-prima

Претпоставеното јадро на Јулијана Прва лежело веројатно на просторот на поткале до Старата чаршија на исток. Со сондирање е откриено обѕидие и околу тој простор. Во средниот век тука се напластил средновековниот град Скопје. На историчарите на Византија и на христијанството уште во минатите векови им беше познато пишувањето на Прокопиј од Каисареја дека царот Јустинијан Први бил роден во европска Дарданија (постоеле и малоазиски Дарданци, на брегот на Дарданелите). Беше роден во местото Тауресиум кај кастелот Бедеријана. За да се оддолжи на родниот крај, царот таму изградил нов град наречен по неговото име Јустинијана Прима (Прва). По убавината и раскошот на градбите овој град беше прв во регионот. Тој станал седиште на архиепископот и престолнина на префектурата Северен Илирик (регија од Дунав на север до Демир Капија и Пелагонија на југ). Архиепископот ја наследил црковната власт на дотогашните епископи до Скупи (римско Скопје), кои дотогаш биле митрополити во целата провинција Дарданија. Споменатата врска беше клучен момент при поврзувањето на новиот град, Јустинијана Прва, со старото Скупи што страда во земјотресот во 518 година и потоа целосно исчезнува од пишаните документи. Ова уривање на Скупи целосно е потврдено со археолошките ископувања што таму се изведуваат во последните 50 години. Стариот град замре целосно и засекогаш. Новиот град бил поместен на нова и побезбедна позиција, три километри источно по Вардар. Тој е граден наскоро по земјотресот и посветен во 535 година. Новата убавица Јустинијана Прима во следните векови продолжила да живее под старото име сé до денес. Тоа е Скопиа, Скопие, Скоплје, Искиб, Шкуп, нашиот главен град со бурна историја во овие 15 векови постоење. Јадрото на византискиот град Јустинијана Прима било укрепено со силни ѕидови, обложено со илјадници камени блокови и делови од столбови, украси и седиште од театарот и делови од други градби, ископани од урнатиот римски град Скупи. Ова е потврдено и со ископувања. Значи сé е јасно и сосема логично. Ако е така, зошто балканските историчари ова не го прифатат како вистина и стават точка на прашањето каде се наоѓала Јустинијана Прима? Причините за ова лежат како во некои стари заблуди, така и во неистраженоста на просторот на скопското Кале и Поткале. Во изминатите години тука не е откопано речиси ништо што за нашите „експерти“ би важело како доказ. Натаму, и тоа што е откопано не е проучено и лежи заборавено по музејските магацини. Вистина е дека на челната, северна и североисточна страна на Калето се протега монументален одбранбен ѕид со куполи, висок 10-12 метри и долг уште 180 м, а кој се гледа и без ископување. Според начинот на градење и монументалноста, овој многу скап „киклопски“ ѕид, се разликува од останатите ѕидови градени на Калето во среден век и во турскиот период. Меѓутоа, нашите експерти не се разбираат во старата ѕидарија со особеностите, изгледот, техничките карактеристики. Спомнатата убава и скапа градба останала без коментар до денес. Од тие причини поврзувањето на Јустинијана Прима со Скопје е оставено да лежи настрана, како обична научна фикција. Како стипендист на германската влада во Бон имав можност повеќепати да престојувам во големите библиотеки во Франкфурт и Минхен и таму да го завршам моето дело за доцноантичките укрепени места во Република Македонија. Нивното идентификување како утврдени градови села, укрепени руднички и рударски тврдини, воени кастели и каструми, гранични контроли, стражи и збегови – 450 на број – претставуваше новина во стручната литература во Западна Европа. Баварската академија на науките се нафати целосно да го финансира и издаде ова големо дело (Минхен 2001). Во него го анализирав и челниот ѕид на Скопското кале, за којшто по повеќегодишна дискусија со германските стручњаци и консултирање на обемна литература заклучив дека е граден во времето на Јустинијан Први. Повеќе од 100 вакви обѕидија стојат и денес добро сочувани во крајбрежниот појас на Северна Африка, што Јустинијан го освои, укрепи и го приклучи кон проширената империја. Потоа на низа градови и тврдини во Сирија. Палестина и Мала Азија обновени во 6 век. Сите овие обѕидија биле градени во еден поцврст и репрезентативен слог, однадвор обложени со големи камени блокови (т.н. киклопски ѕидови). Блоковите најчесто биле сложени во монументален преплетен слог. Во балканските простори вакво скапо ѕидање среќаваме само во неколку најзначајни градови (во Солун, Дирахиј – Драч, Сердика – Софија, и некои други помали места на Црно Море, но во поскромна изведба). Блоковите, вградени во скопското кале биле донесени главно од урнатините на римскиот град Скупи, три километри, западно од калето. Споменатиот киклопски ѕид претставува ремек – дело на градителската вештина од тоа време и е единствен кај нас. Со ископувањата во 2007 година допрени беа и станбените слоеви од 6 век. Тие беа потврдени со остатоците од секојдневниот живот: искршена грнчарија и монети од 6 и раниот 7 век. На североисточниот ѕид делумно е откопана и една градска порта, која во доцниот 6 век била заѕидана – очигледно поради зачестените словенски инвазии во тоа време. На Калето стоела акрополата на градот, главно со воени објекти, макар што е откопана и една црква од 6 век со крстообразна основа. Цивилната населба се ширела на благата падина Поткале, до Старата чаршија на север. Освен споменатите наоди има и други, индиректни докази за локацијата на Јустинијана Прима на просторот на скопското кале и поткале. Аквадуктот зад касарната „Гоце Делчев“ стои 1,8 километри северно од калето. Масното население го викаат Римски водовод. Тој ја носел водат точно во насока на калето. Водоводната жила е откопана на неколку места на линијата од Скопска Црна Гора до Француските гробишта. Аквадуктот го бележат западноевропските патници што го посетиле Скопје во 16, 17, 18 и 19 век. Тоа е еден од најубавите рановизантиски споменици запазени кај нас. Останува да кажеме дека претпоставеното јадро на Јулијана Прва лежело веројатно на просторот на поткале, до Старата чаршија на исток. Со сондирање е откриено обѕидие и околу тој простор. Во средниот век тука се напластил средновековниот град Скопје.

Превземено од ТВ Сонце

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top