Историја

Бадентеровата комисија оцени дека Македонија ги исполнува условите за меѓународно признание, а европските државници ја оставија да чека

badinter

badinter

(Јануари 1992 год.)

“Европската Заедница формирше и посебна комисија на чело со тогашниот претседател на Уставниот суд на Франција, Робер Бадинтер, да ги испита околностите кај секоја од републиките и да утврди дали кај секоја од нив постојат потребните правни акти за да може да и се признае правото на независност. Таа комисија, проучувајќи го нашиот случај, а имајќи ги предвид приговорите на членката на ЕЗ – Република Грција, побара од нас да донесеме два амандмана со кои ќе ги промениме двата члена на Уставот, оние што се однесуваа на границите и на деловите на македонскиот народ кој живеат како национално малцинство во соседните земји. Ние ги прифативме тие услови и, по забрзана постапка, на 6 јануари 1992 го-дина… ги донесовме двата амандмана со кои го изменивме Уста-вот. Споменатата Бадинтерова комисија потоа оцени дека, од правен аспект, од четирите републики што побараа меѓународно признание, само Словенија и Македонија ги исполнуваат сите потребни услови, а на Хрватска и на Босна и Херцеговина им препорачаа да…изведат рефендум за независност, доколку сака-ат да добијат меѓународно признавање.

Својот извештај комисијата го достави до Европскиот совет на Европската Заедница, кој се оглуши на извештајот на Комисијата што самиот ја избра и во средината на јануари реши да ги признае Словенија и Хрватска како независни држави, а Босна и Херцеговина и Македонија ги остави да чекаат подобри времеиња. Значи, европските државници ги затворија очите пред објективноста на извештајот на Бадинтеровата комисија, која им тврдеше дека нема правни пречки Македонија да биде меѓународно призната и ја оставија да чека…”

С. Андов, На мој начин… ,  стр . 346-247

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top