Историја

Треба да знаеме за што ќе се бориме (11 март 1891 година)

makedonska-borba

РЕДАКТОРИТЕ НА  “МАКЕДОНИЈА”: ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ БОРИМЕ, ИЛИ ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ КОН КНЕЖЕВСТВОТО ШТО ЈА ЗАГРОЗУВА ЦЕЛОСТА НА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ЗА САМОСТОЈНОСТА НА МАКЕДОНИЈА, ЗА ЦЕЛОСТА НА НАШАТА ТАТКОВИНА

makedonska-borba

“Во минатиот број ние се запревме повеќе врз чиновниците – “патриоти” што не знаеме по каква логика се сметаат за претставници (!) на македон(ското) прашање; рековме и некој горчлив збор што можеби не им звучи добро на нивното “истенчено” и “патриотско” уво. Но може ли поинаку да биде? Мислат ли тие некогашни Македонци дека нивните бивши сотат-ковинци и потомството ќе ја заборават таа црна дамка што се фрли поради нив врз лицето на сите Македонци, благодарејќи на кокошкиниот ум на бугарските таканаречени журналисти што, со целата своја генијалност и со меракот да разговараат на уличен јазик, карактеристика само за бугарската журналистика, расејаа меѓу публиката таква лесно приемлива храна, за кое веруваме дека ќе се каат, а ние нема да спечалиме многу? …Да, само фантазерските и жолчните редактори на „Свобода” користејќи ги постапките на сомнителните Македеонци-чиновници-”патриоти” можеа да ги создадат фразите…”ќе ми дадеш пари – ќе се чинам Бугарин” и др. и други мудрувања со кои Македонецот е понижен дотаму што пред очите на слободните “браќа” стои како пред нас Циганот!…

…Ако ние уште сега не се фатиме со тој страшен суд, кога ќе се реши и судбината на нашата Татковина. Треба значи да си изработиме едно мислење, да усвоиме една програма за сегашните и идните акции, програма што ќе ја сокриеме од сите за да не заприлегаме на јунаците од басната „Орел, Рак и Штука”; треба што поскоро да знаеме што ќе бараме и за што ќе се бориме: или за присоединувањето кон Кнежевството како што се правеше до сега, коешто ја загрозува целоста на Македонија, или пак очај-нички да се бориме за самостојноста на Македонија за  ц е л о с т а на нашата Татковина”.

“Македонија”,III,9, 11.III.1891, стр.1;

Најново од: Историја

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

Зошто Бугарија инсистира заедно да чествуваме настани и личности?

Одговорот е многу прост: Софија насилно го наметнува заедничкото чествување бидејќи тоа е крунски доказ дека историјата ни е заедничка, што значи — бугарска. Ако го прогласиме и Гоце Делчев за заеднички херој, друго објаснување нема да има. Постапката за тоа е веќе тема на заедничката комисија за историја, а нашите „политичари“ се речиси подготвени […]

Христо Калајџиев во Софија во 1945 година — за македонската државност, против великобугарскиот шовинизам

На фотографијата е корицата на оригиналното софиско издание од 1945 година. На 4 февруари 1945 година, во киното „Македонија“ во Софија, Христо Калајџиев се обратил пред Конгресот на македонската емиграција. Втората светска војна сè уште траела, а македонската држава веќе била конституирана како рамноправна единица во Демократска Федеративна Југославија. Пред делегатите во Софија, Калајџиев го […]

„Балканско сдружение“ во 1932 година: Идеалот на македонскиот народ е слободна и независна Македонија

Во август 1932 година, во Детроит, излегол 15. број на „Балканско сдружение“ („Balkan Unification“), месечното гласило на Македонскиот народен сојуз во Америка. Во приложениот исечок од тој број, полемиката за насилствата во Петричкиот крај завршува со повик за слободна и независна Македонија во рамките на балканска федерација. Во написот, авторот ги обвинува четите на Ванчо […]

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

To top