Историја

За грубите насилства на Ајаните и патријаршиските владици во Серско

БИТАНСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, ЧАРЛС БЛАНТ,  (Солун, 21 март 1839 год.)

“ Мој Лорде,

…Жалам што морам да го запознам Вашето лордство со фактот дека она што и го соопштив  на вашата Екселенција во писмото број 2 за агата од Мелник не е точно,…затоа се надевам дека ќе ми биде простено што се излажав. Мустафа бег, агата од Мелник, не е пратен од Цариград и прилично се сомневам дека се додека не се извести султанот за неговите свирепи постапки, нема ништо да се стори.

…отидов во Серес…таму дознав многу подробности во врска со Мустафа бег. Вашето лордство може да замисли колку тој ја угнетувал рајата штом жените си ја сечеле косата за да набават пари и да ги исплатат барањата на овој свер! Само неколку години наназад Мелник можеше да се гордее со своите  30 богати трговски семејства од редовите на рајата; секое од нив располагало со имот од вредност од по 6-700. 000 пијастри односно 6-7000 фунти стерлинзи, а сега нема ни три; останатите или се упропастени или имаат избегано. Има многу примери кога овој ги повикувал жените на  отсутните трговци и им барал пари. Бидејќи тие не можеле да ја исплатат сумата, нив ги затворале и ги држеле во пранги по 50-60 дена. Кога во Серес, мој Лорде, го сретнав Ибраим паша, поранешниот солунски паша, тој наполно го потврди она што бев го чул за агата од Мелник. Тој се сомнева дека на рајата ќе и се подобри положбата, зашто агата испрати значителна сума пари во Цариград, а воедно му наредил и на својот ерменски банкар, Дели Бадрос, да ја среди работата и со грчкиот Патријарх!

Овој Мустафа бег и неговите роднини го држат ајанлакот Мелник цели триесет години, а последниве години негов главен помошник во тие неправди е некој Константин Карити, митрополит на грчката раја од Мелник. Ова, мој Лорде, претставува еден од многубројните примери што се среќаваат во Турција, имено, рајата повеќе страда од подлите предавства што ги чини самата раја, отколку од Турците и можат да се најдат, мој лорде, безброј случаи таму каде што има некој свиреп и грабежлив управувач, тој да е поттикнуван и помаган во се што тој чини од страна на чорбаџии или големци од рајата…; јас би додал, исто така, мој Лорде, дека во тоа не заостануваат и грчките владици кога им се укажува можност да добијат дел од пљачката, ќе се осмелам да го кажам уште и тоа, мој Лорде, дека поткупливиот карактер на грчката црква им дава голема заштита на таквите лица од народот или заедниците што се земени на око. Прва работа, мој Лорде, за еден грчкли владика по пристигнувањето на должност преставува грабежот!…сегашниов систем на грчката црква и нанесува на рајата далеку повеќе штета отколку што всушност се мисли за угнетувањата на турските власти. Грчкиот владика собира свој забитлак или данок: првата година можеби правилно се наплатува, во втората година данокот се зголемува, исто така и во след-ната година, се додека поплаки против грабежот не се чујат на сите страни; тогаш владиците лично им даваат пари на турските власти додека се не се смири! Потоа, мој Лорде, доаѓаат годишните посети по селата, кога владиката граби се што ќе стигне!…Минувајќи низ селата…на пат за Серес, чув многубројни поплаки против митрополитот од Серес…Селата што во вакви ситуации му плаќале по 500 пијастри или 5 фунти стерлинзи, биле принудени да му платат 2000 пијастри или 20 фунти стерлинзи!…

Чарлс Блант”

ПРО – ФО 195/100; Британски документи за историјата на македонскиот народ,  ред. Христо Анадонов  Полјански,

 Архив на Македонија, Скопје 1968, т. И, стр. 129-131;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top