Историја

Даме Груев, основачот на ВМРО, бил масон

dame-gruev

Блаже Миневски

dame-gruevЛегендарниот Даме Груев, основачот на Македонската револуционерна организација, бил масон!

Оваа сензационална информација, досега непозната за македонската јавност, всушност, е документ од архивата на Бугарската масонска ложа. Според истиот извор, Александар Протогеров бил велик мајстор на масонската ложа, а масони биле и Павел Шатев, Тодор Александров, Наум Томалевски, Панчо Михајлов, Тома Карајовов, Љубомир Милетич, Кирил Прличев, Димитар Мирчев, Ефтим Стространов и уште многу други македонски интелектуалци и револуционери од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Оттука со право се поставува прашањето дали македонското револуционерно движење уште од почетокот целосно било поврзано со масоните и колку масоните имале влијание во македонската историја?

Во секој случај, документите откриени во архивите на неколку масонски ложи во Бугарија, особено во архивата на софиската масонска ложа „Светлина“, потврдуваат дека десетици врвни македонски интелектуалци, револуционери и преродбеници од почетокот на минатиот век биле масони, а дел од нив дури и водечки личности во своите ложи. Освен Даме Груев и Александар Протогеров, кој бил и велик мајстор на масонската ложа „Светлина“, а подоцна и на сите масонски ложи во Бугарија, силни позиции во масонските ложи „Зора“ и „Светлина“ имале и ресенчаните Андреј Љапчев и Симеон Радев, потоа Димитар Молеров, Јордан Бадев, Антон Кецкаров, д-р Димитар Точков, Георги Баждаров, Јордан Чкатров, Иван Ѓурков, проф. Никола Милев, д-р Руменов, Георги Кулишев, Димитар Ризов, новинар и дипломат, автор на првата етнографија на Македонија напишана на француски јазик, Наум Тефикчиев, трговец и снабдувач со оружје на четите на ВМРО, близок пријател на Гоце Делчев, и други.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top