Историја

Говор на претседателот Киро Глигоров при приемот на Република Македонија во организацијата на Обединетиоте Нации

kiro-gligorov

(Њујорк, 8 април 1993 год.)

kiro-gligorov

“Почитуван претседателе, екселенции,

Среќен сум и возбуден што во овој свечен миг  можам, да ја изразам благодарноста во името на народот и на Владата на Република Македонија за поддршката изразена со приемот на Република Македонија за рамноправен член на Организацијата на Обединетите нации. Со овој чин се круниса повеќевековниот стремеж на македонскиот народ и неговата 130-годишна борба за слобода и независна држава.

Приемот на Република Македонија во меѓународното семејство на народите е чин со кој триумфира правдата и светол пример како еден мал и мирољубив народ по мирен и легитимен пат го оствари своето  право на самоопределување и државност и својата одговорност во Меѓународната заедница.

Во оваа пригода, сосема накратко, би сакал да укажам само на дел од долгата и честопати трагична историја на мојот народ. Тоа е народ  со долго паметење и со богата културна ис-торија и традиција. Народ што на Словените им ги подари првата писменост, литература и христијанс-тво, народ чие фрескосликарство е единствената светла точка на европскиот средновековен мрак. Народ чија современа литература и уметност се дел од светската културна ризница. Народ чие основно културно и политичко гесло низ историјата секогаш било изразно во духот на сожителството, етничката и верската толеранција.

Тоа е народ што во Втората светска војна се приклучи кон антифашистичката коалиција и во таа борба, на Првото заседание на АСНОМ, ја создаде македонската држава, која потоа се вклучи во СФРЈ. Стратегот на  Националноослободителното движење на македонскиот народ од почетокот на овој век, хуманистот и космополит, Гоце Делчев јасно го изрази тој дух во разбирањето на светот како “поле за културен натпревар меѓу народите”. Во тој дух Република Македонија и денес ја продолжи и ја стекна својата позиција на независна и суверена држава. Единствена е од составот на поранешната СФРЈ што до независност дој-де по мирен и легитимен пат: по пат на референдум и со нов устав. Единствена Република Македонија  што не учествуваше во војната, во меѓуетничките и верски крвопролевања што безумно го зафатија регионот.

Република Македонија на патот кон својата независност, за жал, претрпе многу штети и одложувања. Беше изложена на неправеден процес на одолжување на нејзиното меѓународно признавање. Таа објективно се најде во позиција да трпи енор-мни штети од санкциите спрема Србија и Црна Гора и беше изложена на блокади од дел од соседите. Но, и покрај сето тоа, граѓаните на Република Македонија и нејзините државни органи останаа верни на начелата на мирот и дијалогот, на меѓуетничкото разбирање и толеранција и сожителство на Бал-канот. Бевме уверени во можноста Обединетите нации да ја доне-сат оваа праведна одлука.

Република Македонија денес, како мирољубива држава во Европа, својата надворешна политика ја гради врз темелите на Повелбата на Обединетите нации: јакнењето на меѓународниот мир и безбедност, развивањето на економската соработка и заштита на човековите права, како предуслови за побезбеден и праведен свет за сите. Сега, како рамноправна членка на Обединетите нации, активно ќе се вклучи во остварувањето на целите и начелат на Повелбата на Обединетите нации.

Тргнувајќи од сопствената традиција и современост, за нас највисока цел претставува остварувањето на човековите права и особенио на правата на националностите и етничките групи  што живеат во Република Македонија. Таа денес е татковина на маке-донскиот народ, на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите и  на претставниците на други националности. Во тој дух ќе го јакнеме  Балканот на добрососедство и на пријателство.

Република Македонија сака и е подготвена  да го даде својот придонес во решавањето на меѓународните конфликти во согласност со резолуциите на Советот за безбедност, во интерес на мирот и на безбедноста.

Република Македонија ја изразува својата вола да се вклучи во активностите на специјализираните агенции  во системот на Обединетите нации.

Република Македонија како европска држава се стреми да стане член на Заедницата на европските народи.

Свечено изјавувам, во името на Република  Македеонија, дека Република  Македонија во своите меѓународни односи ќе ги респектира нормите на меѓународното право, целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации.

Како и досега, Република Македонија е подготвена да ги развибва своите односи со сите држави во светот врз принципите на суверена рамноправност, неупотреба на сила, немешање во внатрешните работи, респектирање на интегритетот и независноста.

Врз тие принципи ние сме особено заинтересирани за развој на односите со соседите и за што побрзо надминување на денешната состојба во односите со Грција и за отворање.

На крај, не можам , а бо овој историски мкиг за мојата држава и мојот народ, да не повторам дека со овој чин станува вистина словото од преамбулата на Повелбата на ООН повторно да ја потврдиме вербата во основните права на човекот, во дос-тоинството и вредноста на човековата личност, во рамоправноста на луѓето и на жените и нациите, големи и мали”.

ДАРМ, фонд: Претседател на Република Македонија;

А. Тунтев, Раепублика Македонија-права декада…, стр.89-91;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top