Историја

Грчкиот владика граби се што ќе стигне

БРИТАНСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, ЧАРЛС БЛАНТ,  ЗА ГРУБИТЕ НАСИЛСТВА НА АЈАНИТЕ И ПАТРИЈАРШИСКИТЕ ВЛАДИЦИ ВО СЕРСКО (Солун, 21 март 1839 год.)

“Мој Лорде,

…Жалам што морам да го запознам Вашето лордство со фактот дека она што и го соопштив  на вашата Екселенција во писмото број 2 за агата од Мелник не е точно,…затоа се надевам дека ќе ми биде простено што се излажав. Мустафа бег, агата од Мелник, не е пратен од Цариград и прилично се сомневам дека се додека не се извести султанот за неговите свирепи постапки, нема ништо да се стори.

…отидов во Серес…таму дознав многу подробности во врска со Мустафа бег. Вашето лордство може да замисли колку тој ја угнетувал рајата штом жените си ја сечеле косата за да набават пари и да ги исплатат барањата на овој свер! Само не-колку години наназад Мелник можеше да се гордее со своите  30 богати трговски семејства од редовите на рајата; секое од нив располагало со имот од вредност од по 6-700.000 пијастри односно 6-7000 фунти стерлинзи, а сега нема ни три; оста-натите или се упропастени или имаат избегано. Има многу примери кога овој ги повикувал жените на  отсутните трговци и им барал пари. Бидејќи тие не можеле да ја исплатат сумата, нив ги затворале и ги држеле во пранги по 50-60 дена. Кога во Серес, мој Лорде, го сретнав Ибраим паша, поранешниот солунски паша, тој наполно го потврди она што бев го чул за агата од Мелник. Тој се сомнева дека на рајата ќе и се подобри положбата, зашто агата испрати значителна сума пари во Цариград, а воедно му наредил и на својот ерменски банкар, Дели Бадрос, да ја среди работата и со грчкиот Патријарх!

Овој Мустафа бег и неговите роднини го држат ајанлакот Мелник цели триесет години, а последниве години негов главен помошник во тие неправди е некој Константин Карити, митрополит на грчката раја од Мелник. Ова, мој Лорде, претставува еден од многубројните примери што се среќаваат во Турција, имено, рајата повеќе страда од подлите предавства што ги чини самата раја, отколку од Турците и можат да се најдат, мој лорде, безброј случаи таму каде што има некој свиреп и грабежлив управувач, тој да е поттикнуван и помаган во се што тој чини од страна на чорбаџии или големци од рајата…; јас би додал, исто така, мој Лорде, дека во тоа не заостануваат и грчките владици кога им се укажува можност да добијат дел од пљачката, ќе се осмелам да го кажам уште и тоа, мој Лорде, дека поткупливиот карактер на грчката црква им дава голема заштита на таквите лица од народот или заедниците што се земени на око.

Прва работа, мој Лорде, за еден грчки владика по пристигнувањето на должност преставува грабежот!…сегашниов систем на грчката црква и нанесува на рајата далеку повеќе штета отколку што всушност се мисли за угнетувањата на турските власти. Грчкиот владика собира свој забитлак или данок: првата година можеби правилно се наплатува, во втората година данокот се зголемува, исто така и во следната година, се додека поплаки против грабежот не се чујат на сите страни; тогаш владиците лично им даваат пари на турските власти додека се не се смири! Потоа, мој Лорде, доаѓаат годишните посети по селата, кога владиката граби се што ќе стигне!…Минувајќи низ селата…на пат за Серес, чув многубројни поплаки против митрополитот од Серес…Селата што во вакви ситуации му плаќале по 500 пијастри или 5 фунти стерлинзи, биле принудени да му платат 2000 пијастри или 20 фунти стерлинзи!…

Чарлс Блант”

ПРО – ФО 195/100; Британски документи за историјата на македонскиот народ,  ред. Христо Анадонов  Полјански, Архив на Македонија, Скопје 1968, т. I, стр. 129-131;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top