Историја

Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници

stambolstina

stambolstina

Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници е брошура напишана по барање на Централниот комитет на МРО. Одлуката за нејзино создавање е донесена за време на Јануарската средба и притоа македонскиот нациналноослободителен деец Петар Попарсов бил задолжен да ја создаде.

Брошурата е печатена во Софија од страна на Иван Хаџи Николов. Бидејќи постоела опасност по животите на нејзините автори, П. Поп Арсов се потпишал со псевдонимот Вардарски, а како место на печатење е означена Виена. Брошурата била напишана на бугарски јазик, притоа таа не била наменета само македонците, туку и за македонската емиграција и бугарите во Бугарија. Оваа брошура имала задача да ја разобличи политиката на Бугарскиот премиер Стефан Стамболов и црковно – просветната пропаганда на Бугарската Егзархија во Македонија.

Карактеристики на книгата

Брошурата своето име го добила по премиер Стефан Стамболов. Напишана е по барање на ЦК на ТМОРО. Бидејќи брошурата е создадена по нарачка на ЦК на Македонската револуционерна организација, а воедно нејзин автор е еден од основачите на сaмата спомената организација, од брошурата го дознаваме ставот на ТМОРО кој го зазел кон Бугарската пропаганда, а воедно се гледа и борбата која организацијата ја започнала против таквата дејност. Во Република Македонија меѓу првите анализи кон книгата дава Петар Стојанов во 1963.

За Стефан Стамболов

„

Стамболов си беше помислил дека навистина тој е повикан од провидението за да ја игра улогата на бугарски Бизмарк… И само нема да му ракоплескаме, туку го осудуваме и со нас заедно треба да го осуди целиот бугарски народ, особено македонските Бугари, бидејќи и во овој свет бугарски идеал Стамболов примеси својот егоизам безумство… Тој тиранин, кој не остави ништо свето за Бугарина чисто, за задоволување на својата желба за власт посака да се послужи и со училишното дело во Македонија. Тој блудник, кој се поигра со честа, животот и имотот на своите сонародници во Кнежевството, посака да го направи истото и со нас Македонците, во сопствената наша татковина Македонија.

“

За учебното дело во Македонија

Македонците, кои не можеле да поднесат:

„

како се подигруваат со судбината на нивната татковина… јавно зборувале дека учебното дело во Македонија … го туркаа(т) кон пропаст

“

Тие истакнувале дека треба да се работи:

„

така што општините лека – полека сами да ги подржуваат училиштата и да се дава предност на месната интелигенција, од чијашто средина да се избираат и учителите и директорите и архимандритите и владиците… дека училиштата со еден збор, како што се поставени сега, ги немаат предвид интересите на таа земја за која навидум постојат.

“

„

ние немаме училишен одел во Цариград, кој ќе се грижи за добриот развој на училишнотро дело во Македонија, (а имаме б.н) просто и чисто еден севернобугарски језуитски одред со позната задача… задача која во себе ја содржи уште и тенденцијата – да создаваат во Македонија Бугари!

“

За бугарските учители

„

граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот – нели?… и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата… уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме.

“

Учителскиот кадар во Солунската егзархиска гимназија се делел на три групи:

„

привилигирани северњаци

благоразумни

неблагодадежни и сепаратисти

“

„

(Првите б.н) како пионери на бугарската идеја… раководени во Солун од Сарафов… се господари во Солунската гимназија и слободни се секојдневно да фрлаат по некоја навреда… Ние ве храниме, храни куче да те лае.

“

За Егзархијата

„

Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува – тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува.

“

„

сомневајќи се во најново време во некаков сепаратизам, а првин – се гледа во нашата народност. (се стреми б.н) да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин… да го стави народниот македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез… да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш.

“

Македонската револуционерна организација преку брошурата ги повикува:

„

напомош сите чесни Македонци! Елате да ги спасиме општините… (бидејќи тие се б.н) единствен наш парламент, каде се закрепнувал и зачувал стариот демократски словенски дух на нашиот народ… единствена народна институција, која ја зачувале нашата националност и човечка физиономија во петстогодишниот период.

“

Веднаш по излегувањето на книгата, во Бугарија имало силни реакции кон истата. Меѓу првите кои јавно ја критикувале бил Димитар Матов, потоа книгата била анализирана во списанието „Бугарски преглед“ во 1895. Авторите биле обвинети за предавници на својата народност, изроди на општеството и дека се поткупени.

Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top