Историја

Источната криза и Руско-турската војна (1877 – 1878) (4)

rusko-turska-vojna

rusko-turska-vojna

Ревизијата на Санстефанскиот мировен договор се одржа од 13 јуни до 13 јули 1878 година на конгресот во Берлин. На Конгресот на кој учествуваа претседатели на влади, министри за надворешни работи или амбасадори на Русија, Британија, Германија, Австро-Унгарија, Франција, Италија и Турција, се работеше месец дена. Но, не беа сослушани сите преставници на балканските држави. Секоја од големите сили имаше по ова прашање свој интерес, па, воглавно беше одлучено да се прифатат решенија од претходните дипломатски консултации, особено предлогот на Британија. По долги дискусии за ова прашање, т.н. Берлински договор бил склучен на 13 јули 1878 година.

Со договорот од Берлин во целост е поништена одлуката за создавање на Санстефанска Бугарија, а во границите на Бугарија е формирано кнежество во северна Бугарија, под суверена власт на султанот. Со овој договор јужна Бугарија, позната под името Источна Румелија, добила административна автономија со христијански гувернер кој го именувала Портата, а Македонија била вратена на Портата. Меѓутоа, и за Македонија се однесувал членот 23, со кој се воведувала административна автономија. Потоа со договорот Австро-Унгарија го добила правото да ја анектира Босна и Херцеговина, а Србија, Романија и Црна Гора добиле независност. Русија добила дел од Бесарабија, а Романија Добруџа. Исто така, со договорот биле предвидени и други одлуки од дипломатски и друг карактер.

Всушност, со овие одлуки на Берлинскиот договор била извршена целосна ревизија на Санстефанскиот договор. „Голема Бугарија“ создадена единствено во текстот на Санстефанскиот мировен договор кој никогаш не бил спроведен, постоела само 152 дена.

Потребно е да се истакне дека Берлинскиот како Санстефанскиот мировен договор бил донесен од империјалните сили чии интереси и противречности биле испреплетени на Балканскиот Полуостров. Но, за овие одлуки никогаш не биле прашани народите за кои се однесувал, ниту пак македонскиот народ.

Сепак, Берлинскиот конгрес имал и некои позитивни страни. Тоа особено се однесува за ставот кон Македонија. Во текот на конгресот руската делегација покажала живо интересирање за Македонија и настаните во врска со неа. Според долиментите, во еден шифриран телеграм од Берлин, грофот Сувалов од Петроград барал во Македонија да се испратат искусни емисари кои на Македонците ќе им ја објаснат грижата на руската влада за нивната судбина и дека ќе им биде дадена иста слобода каква што добиле и Бугарите.

Иако Турција никогаш не ги спровела во живот одлуките за Македонија предвидени со членот 23 од Берлинскиот договор, тие биле од огромно значење за понатамошното развивање на македонското прашање. Крсте Мисирков говорејќи за важноста на овие одлуки истакнал дека Берлинскиот конгрес укажал за големото значење на прашањето за народноста на Македонците за време на решавањето на македонското прашање. Тоа само по себе доби политичка важност, а од друга страна тоа стана актуелно и во европската дипломатија.

Членот 23 од Берлинскиот договор го овозможи натамошниот развој на македонското прашање, во периодот на растот на македонското народноослободително движење како минимален програм, како чекор подалеку во обезбедување на политичката самостојност на земјата.   

По Берлинскиот конгрес на прекроената карта на Балканскиот полуостров се појавија нови политички односи. Во тие околности, по пропаста на Санстефанскиот договор, таа неостварена идеја за Санстефанска Бугарија, бугарската елита не го променила својот курс кон Македонија, туку напротив, нејзината активност станала уште поагресивна. Во тоа време, како што истакнува Димитар Благоев, „создадената фикција за санстефанска Бугарија одново станува актуелна. После Берлинскиот конгрес таква Бугарија станала „национален идеал“, и голема национална задача на бугарските политичари. Со тек на времето оваа фикција на бугарската елита станала знаме во големобугарската политика, спротивно на мудрото согледување на нејзината позадина од страна на прогресивните луѓе во Бугарија. Таквата политика го одведе бугарскиот народ во три национални катастрофи:  1912 – 1913, 1915-1918 и 1941 – 1944 година. Но за жал тие настани ни денес не се земаат во предвид при разгледувањето кога фикцијата за Сан Стефано кај некои одново добива нево санстефанско одело.

Берлинскиот договор тогаш ги потикна сите балкански елити во својот агресивен курс према Македонија да му додадат нови сили. Сите тие ги зголемија своите апетити и притоа го попречуваа самостојниот и самобитниот развој на Македонците. Во тој контекст станува многу актуелна програмската политика на Бугарија од 1885 година. „Целата наша иднина лежи во Македонија. Без Македонија бугарската држава на Балканот ќе биде без значење и снага: Солун мора да постане главна капија на оваа држава, мора да биде главен прозорец кој ќе ја осветлува оваа зграда. Ако Македонија не стане бугарска, Бугарија никогаш нема да се консолидира“– се вели во тогашната бугарската пропаганда. Со слична програма тогаш ќе настапат Србија и Грција.

Особено бугарската елита која со сите средства тежнеела кон идеалот за Санстефанска Бугарија, вршела елиминирање на секое самостојно и самобитно револуционерно движење на македонскиот народ. Меѓутоа, македонскиот народ секогаш наоѓал сила во себе за да се спритивстави на „санстефанските идеали“. Особено после основањето на Внатрешната организација во 1893 година, доаѓа до ширење на ослободителното движење и не само што се изградил политички став, туку и со оружје се спротивставува против тие аспирации. Поради тоа предизвикуваат чудење ставовите на одредени историчари, кои се обидуваат на македонското револуционерно движење и на неговото раководство да му препишуваат немакедонски карактер.

Овој акцент во програмата на Македонската револуционерна организација, нејзината долготрајна борба за афирмација на македонското движење, особено доаѓа до израз за време на Илинденското востание. Обидот да се присвои овој крупен револуционерен чин од поновата македонска историја не е можен. Само да се потсетиме на зборовите на македонскиот револуционер Димо Хаџи Димов дека „Илинденското востание преставуваше за секој Македонец дел од неговиот сопствен живот…. тоа беше величанствен израз на сенародното тежнение на Македонците за борба за слобода“.

Во врска со признавањето на македонската национална самобитност и државотворниот развој на македонскиот народ, потребно е да се нагласи и Георги Димитров кој вели: „Не поделба на Македонија, не борба за нејзино освојување, туку почитување на вољата на Македонците…“.

Но и покрај целата негаторска политика, вистината за Македонија успешно се повеќе се пробива во светот. Колку повеќе се посега по нашата историја толку повеќе се добиваат потврди за нашата македонска вистина.

(Извор: д-р Х. A.- П. „Од минатото на македонскиот народ – Санстефанска Бугарска“, Скопје, 1969, стр. 104-106 )

Македонска нација

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top