Историја

Македонија и Македонците во протоисторијата

makedonija-i-makedoncite

makedonija-i-makedoncite

Навистина голем е бројот на легендите за основањето и почетокот на Македонското кралство. Една од нив е легендата за Каран, како основач на Македонската династија на Аргеадите.

Според легендата, тој го освојува градот Едеса без да го забележат жителите поради временските околностите од густата магла и поројните дождови. Во тој момент поминувало стадо со кози бегајќи од дождот кон градот. Тој се сетил на пророштвото дека треба да се насели таму каде што ќе го одведат козите и така во тој град ја востановил престолнината на своето кралство, ја нарекол Аигаи и народот во неа Аргеади.

Кај Јустинус (Помпеиус Трогус), Хисториае Филиппицае, се споменува дека пред доаѓање на Каран, тука владеел Астеропај (син на Пелагон) водач на Пајонците во Тројанската војна, што кажува дека Македонската нација почнала да се создава на пајонската земја.

Позначајно име после Каран е Пердика. Херодотос забележал дека тој бил првиот крал на Македонија, додека пак Јустинус вели дека Пердика е првиот кој ја востановил кралската династичка некропола во Аигаи.

Како прв Македонски крал кој е потврден со сигурни историски факти е Аминта I ( 540 – 480 г.п.н.е.).

Значи, почетокот на Македонците и Македонската Нација треба да се бара на овие простори уште во протоисториските времиња, односно од железното доба во Република Македонија, кога започнал процесот на културна диференцијација на племињата од Македонија.

Македонија  претставувала формација од повеќе заедница. Централните Македонски заедници најверојатно треба да се бараат во областите на Орестида ( базенот на Костурското езеро), Елимеја, Пелагонија, за кои области Едсон вели дека се изворна Македонска земја.

Многу е тешко да се зборува за диференцирана македонска култура во протоисторијата, поради големиот број на племиња кои ја населувале оваа територија. Тие меѓусебно се испреплетувале и културата има различни меѓусебни влијанија. Затоа, јасно е дека во период на бронзеното и раното железно време на територијата на Македонија се негувале заеднички духовни и материјални белези.

Понатаму, ќе се случат позначајни промени поврзани со Пајоните, на чија основа се формираат македонската нација и култура.

Како репер, за македонските културни вредности се зема некрополата во Вергина.

Тоа е така затоа што таа е некропола на македонски кралеви од престолнината Аигаи. Во таа некропола има документирано над 300 тумули (вид на погребување). Најраните погребувања потекнуваат од железното време, а најверојатно и порано, за да продолжат до IV и III в.п.н.е.

Всушност, можеме да заклучиме дека тумулите како начин на погребување се белег на македонската духовна и културна вредност, како израз на моќта и големината на Македонските владетели.

На територијата на Република Македонија денеска се истражени повеќе тумуларни погребувања од различен вид.

Понатаму, тој начин на погребување се губи со менување на родовските односи, а македонската култура добива се појак единствен печат и веќе од архајскиот период е доста впечатлива и препознатлива.

Во раната антика, заедниците силно го носат печатот на македонскиот културен развиток. Од Вв.п.н.е. доаѓа до цврсто востановување на името Македонија и тоа најмногу како политичка одредница. Исто така, станува и име на новата македонска нација, како хетерогена формација во која најдоминантни биле Пајоните како етнички така и културно.

alt
Жаклина Петровска

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top