Историја

Камена греда со натпис „Мацедонис“ во Археолошкиот музеј во Драч

macedonis

macedonis
Во Археолошкиот музеј во Драч изложена е врата од римскиот период со натпис „Macedonis“.

Не е познато каде е пронајден овој археолошки предмет, но написи со името Македонија се среќаваат насекаде каде што живееле Македонците. На своите градби тие оставале свои белези.

Во старите записи и мапи Македонците се прикажани како посебен народ, различен од  другите балкански народи. Исто така, од старите карти со сигурност може да се каже дека територијата и границите кои го носат името Македонија, отсекогаш биле релативно прецизно дефинирани, почнувајќи од античко време, па се` до денес. Ваков историски континуитет од 3.000 години на името на земјата и народот не е забележан кај другите балкански земји. Тоа ја потврдува Македонија како античка и библиска земја.

Во зависност од моќта на државата, границите на Македонија биле променливи. Најголеми биле во времето на Александар III Македонски (336 – 323 п.н.е) кога Македонија се простирала од реката Дунав, па се` до реката Инд, но, по неговата смрт и распадот на Македонската империја, границите на Кралството постепено се смалувале.

Во историографијата, најчесто се прифатени границите на Македонија кои ги воспоставил Филип II. Страбон кој живее во I век пред нашата ера во својата „Географија“ ги дефинира границите на Македонија, но тие се граници по паѓањето на Македонија под римска власт. Подоцна овие граници биле прифатени од повеќето римски и подоцнежни автори.

Границите на Македонија кои ги дифинирал Страбон се:

1. На север планината Бертиск (денешните северноалбански планини), планината Скард (денес Шар Планина, Сува Гора, Јакупица, северните падини на Бабуна), областите северно од Билазора (денешен Велес), денешно Овче Поле, планината Козјак и Осоговските Планини;

2. Источната граница на Македонија допирала до реката Места, јужните падини на планинскиот масив на Родопите и Пирин Планина на североисток;

3. На југ западната граница допирала со Епир. Планините Олимп на југоисток и Пинд на југозапад биле најјужната граница на Македонија. Јужната јазична граница на Македонија од југ кон југоисток одела по реката Пенеиос (Пенча), областа Тесалија, Егејско Море со Халкидичкиот Полуостров и островот Тасос, и

4. На запад границата допирала до Јадранското Море, кое Римјаните го нарекувале Македонско Море, со областите јужно од Љеш, вклучувајќи ги градовите Драч и Аполонија.

Всушност, Македонија во антиката се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се наоѓала меѓу Тракија на исток и Јадранското Море на запад, при што Тесалија била на југ од Македонија, а Дарданија на север. Илирија пак им била севернозападен сосед.

Овие граници кои кои ги дава Страбон и се однесуваат до паѓањето на Македонија под римска власт (168 г.п.н.е),  подоцна биле прифатениод повеќето римски и други подоцнежни автори.

Во 148 година п.н.е. Македонија била претворена во римска провинција со постојан римски провинциски намесник. Иако границите на провинциите Македонија Прима и Македонија Секунда во разни периоди биле менувани, сепак повеќе или помалку тие промени секогаш останувале внатре, во историско-географските граници на Македонија.

Во 297-та година, за време на владеењето на римскиот император Диоклецијан, била извршена нова административна реформа, а римското царство било поделено на 12 големи диецези, кои, пак, биле составени од 100 провинции. Се смета дека со овие реформи од дотогашната провинција Македонија биле формирани три нови провинции: Тесалија, Нов Епир и Македонија.

Исто така се смета дека нови административни поделби се извршени кон крајот на 5-от век во Византија, како последница на пропаѓањето на Западното Римско Царство во 476-та година. Фактот што во ова време се спомнуваат две Македонии може да значи дека покрај постоечката провинција Македонија Прима, повторно била формирана и Македонија Салутарис, односно била обновена втората Македонија. Кога настанала оваа промена не се знае точно, но се претпоставува дека тоа се случило помеѓу 479-та и 482-та година.

Последен пат Македонија Прима и Македонија Секунда заедно, како две провинции, се споменати во 535-та година во 11-та новела на царот Јустинијан Први по повод назначувањето на Кателијан за архиепископ во нововостановената Архиоепископија Јустинијана Прима.

Меѓутоа, нема податоци за архитравната греда во археолошкиот музеј во Драч од римскиот период, со натпис „Мацедонис“. Само поради фактот дека таа и изложена во овој музеј, можеме да претпоставуваме дека можеби потекнува од просторот меѓу Љеш, Драч и Аполонија. Но исто така говори дека територијата била некогаш во рамките на македонската држава и дека таму од давнина  живееле Македонци. 

(Извор: http://pustec.com/?p=1674)

Македонска нација

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top