Историја

Битола за време на Втората светска војна и повоениот период

bitola-1945

bitola-1945

Во текот на Втората светска војна, периодот од 1941 до 1944 година е особено тежок за жителите на Битола. Тоа е период испонет со тешки напори, жртви и страдања на населението. Времето под окупација, испонето со прогони, конфискации, чести блокади, затвори и интернации, остана во мрачно сеќавање кај населението како во градот така и во битолските села. Секако во трајно, тажно и мачно сеќавање ќе остане 11 март 1943 година кога е извршен геноцид над 3762  битолски Евреи, од кои 1684 малолетници. Окупацијата и низата злосторства извршени во градот уште еднаш ја изневерија и обезвреднија човековата култура, свест и хуманост.

Окупацијата и страдањата кај населението, ќе ги возобнови спомените и идеалите од Илинденското востание, двете Балкански и Првата свестка војна. Со неспоредливи напори и жртви, населението од битолско и Битола со своите одреди и бригади делумно ќе го реализираат историското тежнение за слободен град на Македонците. Во четиригодишниот период на континуирана жестока и немилосрдна борба со окупаторските сили, до ослободувањето на Битола  на 4 ноември 1944 година, од градот и 80 села кои гравитираа кон него, животот го загубија 320 борци од кои 94 од Битола. Ликовите на паднатите борци Стив Наумов, Елпида Караманди, Таки Даскалот, Естреа Овадија – Мара ќе станат траен  патоказ за тоа како се брани слободата и човековите хумани вредности.

Во повоениот период, Битола за разлика од минатото, почнува да гради сосема нов живот со потполно нова содржина за историјата. Се испишуваа нови страници од историјата на градот, нови општествено-политички, стопански, културни и научни содржини.

Во општествено политичката заедница во градот највисок форум е Општинското собрание со одреден број на совети и комисии во кои се обединува целокупниот стопански, културен, просветен и општествен живот. Во општинското собрание е  застапена и потребната оперативна администрација за законско извршување на одлуките, а во градот делуваат како идејни носители на општествениот живот СКМ, ССРНМ, Сојузот на борците, Сојузот на синдикатите, на младината, Оптештвена активност на жените и други.

Напоредо со старата архитектура во која е застапен стилот на ренесансата, барокот и неокласицизмот, се градат многу современи објекти инспирирани од современата архитектура во која доминираат еминентните архитекти Корбизје, Кензо Танге, Луциоа Каста и други. Во градот се вкрстуваат современи вертикали и хоризонтали со разнобојни ведри нијанси на фасадите. Се формираат нови современи реони со нови улици или продолжување на старите.

Стопанство во градот добива модерни димензии. Се појавува металната и неметална индустрија, градежна и дрвна индустрија, текстилна и кожарска индустрија, прехрамбена и графичка индустрија, електростопанство и тутунска индустрија. Од доменот на индустријата нациналниот доход се  формира близу 40%. Во целина нациналниот доход по глава на жител во поширокото подрачје се движел близу 300 долари, а за потесното подрачје во градот 430.

До крајот на шеесетите години на минатиот век, градот броел 60.000 жители или во просек од 15 илјади домаќинства, кои живееле во 15 илјади станови, во повеќе од 3500 станбени згради претежно повеќекатници.

Битола во овој период има развиена училишна мрежа со над 17 илјади ученици во 10 основни, 9 средни, виши и високи школи во се застапени училишта и паралелки о малцинствата.

Во градот постојат и низа културни институции. Покрај три кино сали и Театар, во градот егзистираат Историски архив, Уметничка галерија, Музеј, Работнички универзитет, Градска библиотека, КУД „Стив Наумов“, Фолклорна група „Илинден“, повеќе професионални културни простории и локали од затворен тип и други. Исто така има Здруженија на ликовни уметници, Научно Друштво, Друштво на правниците, економистите и агрономите, Друштво на историчари и други. За потребите на школството и културата од буџетот на Општинското собрание преку одредени фондови и мерила се издвојувале околу 50 %.

Во повоениот период на доменот на здраството градот регистрира извонредни резултати и развиток. Во овој период елиминирана е маларијата, морталитетот кај малите деца е сведен на минимум, а со подигањето на нов современ болнички објект со современа опрема, заштитата на здравјето на населението добива нови квалитети. Во него е застапен високостручен профил, од над 50 лекари.

Покрај општественотото и приватното занаетчиство кое се прилагодува и како сервис на индустријата, постои и современо организирана и аранжирана исклучиво општествена трговија. Во градот во овој период постојат 11 трговски организации кои се занимаваат со продажба на стока на големо и мало, а некои од нив и со право на увоз на страна стока. Овие претпријатија имаат 178 продавници. Постојат уште 380 продавници на индустриски, стопански, задружни и други организации од градот и надвор од него. Во индустријата, трговијата, и занаетчиството запослени се над 19 илјади лица.

Од овој период можеме да ја споменеме стопанската работна организација „Нова Трговија“ – Битола, кое беше добро позната по својата снабденост со стоки, но и со хуманоста во ублажувањето на последиците од земјотреси, поплави и сл. Потоа трговското претпријатие на големо за промет со прехрамбени стоки и куѓни потреби „Прехрана“ – Битола, која преку своите 56 колонијални продавници ги снабдуваше граѓаните со квалитетни прехрамбени производи месо. риба, емиш и зарзават. Тука и комуналното претпријатие „Водов и бањи“ , кое изведуваше водоисталатерски услуги, градба на водоводи и со своите две јавни купатила допринесуваше за одржување на хигиената во градот.

Битола има историски предуслови и потенцијали за посројан развиток и растеж, но ако во него се применуваат синхронизирано, побрзо и поенергично идните научни, технички, технолошки и интеграциски процеси.

(извор: Д. Грданов „Битола и Хераклеа низ вековите“, Битола, 1969, стр. 39-44)

Македонска нација

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top