Историја

Создавањето на Грција – присилното хеленизирање

heleniziranje

Во 1923 г., по грчко-турската војна за Тракија, потпишан е договор меѓу Турција и Грција за размена на населението по верска основа. Сите православни жители на Турција требало да се иселат во Грција, а сите грчки муслимани требало да се иселат во Турција, без разлика на етничкиот идентитет. Тогаш, во Турција се сели 1/3 од егејските Македонци кои биле исламизирани, а на нивно место доаѓаат Караманите.

Караманите се православни Турци кои живееле на територијата на Мала Азија. Тие го фомирале првото турско султанство, Караманија;  припаѓаат на турското племе Bozdoğаn, кое припаѓа на народот Оghous, составен дел на турската нација. Караманија постои како независно султанство од 13-15 век, кога  Селџуците ги покоруваат, но и покрај тоа најголемиот дел од Караманите си ја задржуваат својата христијанска вера.

Караманите биле потчинети на Цариградската Патријаршија, која сите свои поданици настојувала да ги погрчи. Политиката на Патријаршијата била едноставна: секој патријаршиски поданик е Грк. Затоа, Караманите и останатите православни Турци се одвојуваат во посебна турска православна црква од крајот на 19 век. Ефтим Баба, водачот на Турската православна црква жестоко се противел на депортацијата на Караманите во Грција, бидејки тие биле етнички Турци, православни, а не Грци. (Teoman Ergene, İstiklal Harbinde Türk Ortodoksları [Turkish Orthodox During the War of Independence] (Istanbul, 1951), passim. / Macar, op.cit., 84-94 Turkish Orthodox Patriarchate).

Околу 850.000 Карамани се преселени воденешна Грција, спротивно на нивната желба да останат во Турција. (December 4, 1922, “The New York Times” Page 16, Col. 3).

Турција, како доминантно муслиманска земја сакала да се ослободи од христијаните Турци, а да ги прими балканските муслимани во нивното општество. Грција, секогаш православните Турци ги идентификувала како Грци, иако нивен мајчин јазик бил турскиот.(E.Z.Karal “Osmanli Tarihinde Turk Dili Sorunu”, “The Turkish Language Problem in Ottoman History) страна 25.).

heleniziranje
(Tragedy Stalks Through the Near East as Greece and Turkey Exchange Two Million of their People, in The National Geographic Magazine. Volume XLVIII, No. 7-12, July- December, 1925.)

Најголемиот дел од овие Карамани(638.253 или 52% од вк. бр. доселеници) се населени во егејска Македонија, за да го неутрализираат македонското население. Тие православни Турци, сега се најголеми Грци и полагаат право дека се “правите” Македонци. Секако, ова го прават делумно како последица на грчката агресивна пропаганда од минатиот век, но и поради стравот да не им се одземат имотите кои припаѓаа на протераните егејски Македонци, а грчката држава им ги подари.

Така наречената “Грчка-Македонија“ е измислица, вештачка творба која служи како основа за територијални и историски претензии од грчка страна. Оние вистинските и единствени Македонци се негирани и репресирани за да може Грција да поседува туѓа територија и да краде туѓа историја.

Меѓутоа, репресивните асимилациони мерки кои биле користени во минатото за Македонците, ги опфаќале и овие доселеници од Мала Азија. Имено, ним забрането им било патувањето назад во Турција при што им се заканувало одземање на грчкото државјанство доколку тоа го стореле. А со закон било забрането идентификувањето како Турци. (Martin Baldwin-Edwards,“The Asia Minor atrocities and the ‘Exchange of Populations”)

Во 1925 година, Салванос, шефот на персоналот од десеттата армиска дивизија лоцирана во “Западна Грција“ имал за задача да направи етнолошко истражување на Леринскиот регион кое требало да служи за ориентација при понатамошното раселување на доселениците.

Тој запишал дека оние со чиста грчка национална свест за припадност се незначително малцинство, додека славофоното население се дели на три групи: Првата, кај кои преовладува грчкиот сентимент, вторите кај кои преовладувал бугарскиот сентимент и третата група која била индиферентна во однос на националноста и биле заинтересирани само да ги задржат секојдневните животи. Последнава, трета група, нагласил Салванос, го сочинува мнозинскиот дел од целата популација и се декларира како Македонци. Тие сочинувале меѓу една половина и три-четвртини од целата популација во дадено село, додека оние со бугарскиот сентимент не повеќе од една четвртина, а последната, славофона група која го негувала грчкиот сентимент изнесувала само од едно до пет семејства во рамките на дадено село. (Minorities in Greece” by Richard Clogg, 2002, страна 129)

Најдобар коментар за завршување на вториот дел од “Создавањето на Грција“, ќе ни послужи митрополитот од Лерин, Августинос Кандиотис кој изјавил:

“Доколку стотиците илјади бегалци не беа донесени во Грција, грчката Македонија денеска не би постоела. Бегалците ја создадоа националната хомогеност во нашата земја.“

(Anastasia N. Karakasidou,“Fields of wheat, hills of blood: passages to nationhood in Greek Macedonia1870-1990“, страна 141.)

Продолжува…

Mihail Barak

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top