Историја

„Црвените браќа“

anachism

Македонска нација

anachismЖелбата за слобода од турските власти го тера македонскиот народ да прифати разни форми на борба. Некои од идеите доаѓаат од македонските студенти кои студираат во Европа. Непосредно пред Балканската војна, во Македонија се појавува и анархосоцијалистичко движење  „Црвени браќа која имала свои келии во Солун, Струмица, Куманово и Кратово.  

Македонската социјалистичка група која се вклучи во револуционерното движење и зеде учество во Илинденското востание во 1903 година, по востанието нејзината дејност во некои револуционерни окрузи била ограничена. Меѓутоа, Младотурската револуција во 1908 година овозможила да дојде до зголемувањето и проширување на нејзината активност и организирање на социјалистичките организации во Велес, Битола, Скопје и др. Особено се истакнувала Скопската организација која била основана во јануари 1909 година. Во мај истата година, оваа организација ја организирала првата мајска манифестација во Османската империја.

Во јануари 1910 година, во Белград е одржан првиот конгрес на социјалистичките партии на Балканот. На конгресот биле делегати од Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Турција и словенечките области под Австро-Унгарија. Учесниците на конгресот сметале дека единствено можно решение за сите национални прашања на народите на Балканот е живеење во заедничка федеративна заедница.

На конгресот македонските социјалисти Васил Главинов, Михаило Цоков, Душан Цекиќ и Стојан Дивлев, меѓудругото, истапиле против аспирациите на балканските држави за завладување на Македонија и за правото на слободен живот и општествен прогрес. Согласувајќи се со ставите изнесени на конгресот, тие по враќањето во Македонија вложиле огромен напор за популазризирање на идејата за балканска федерација, составена од слободни балкански републики, од кои една би била Македонија.

Истовремено тие ги зголемиле своите напори за обединување на социјалистичките сили во земјата во единствена партија. Во декември 1910 година, во Солун била свикана конференција на која присуствувале делегати од социјалистички организации на Солун, Скопје, Битола, Велес и Тетово. Тежнејќи кон обединување на силите на собирот била задолжена организацијата од Солун да изработи статут и програма, кои требало да бидат прифатени на основачкиот конгрес кој требало да се одржи во текот на 1911 година. Меѓутоа до ово конгрес никогаш не дошло бидејќи сеуште не биле созреани условите во земјата, како и поради не дадената помош од страна на српската и бугарската партија.

Но, очајната борба за ослободување од турска власт, во овој период потикнуваат и поинакви идеи. Непосредно пред Балканската војна, во Македонија се појавува и анархосоцијалистичко движење  „Црвени браќа“, односно „Меѓународна револуционерна асоцијација“, која имала свои келии во Солун, Струмица, Куманово и Кратово.  

Црвените браќа како анархистичка група дејствувала во Османлиската империја и Бугарија по Младотурската револуција се до Првата светска војна. Таа произлегла од Народната федеративна партија. Раководството на организацијата одржува тесни врски со турските специјални служби.  Групата била  основана во Солун во јули 1908 година Во неа членуваат левичарите и санданисти Владимир Попнајденов, Иван … (?), Милан Манолев, Владо Чолаков и Панчо Јосифов.

За кратко кон нив се приклучил Георги Парталев кој набргу потоа зазема висока служба во турската тајна полиција. Тој станува врска меѓу терористите анархисти и раководството на османлиското разузнавање. Наум Туфекчиев го обезбедува потребниот експлозив за нивните акции, а Христо Иванов им бил врска.

За кратко време тие организираат серија на напади во Бугарија: заговорот за убиството на Фердинанд I и Николај II во Софија во 1912 година и атентатот во Градското казино во 1915 година. Се смета дека идејата за нападот во црквата “Света Недела” во 1925 година била позајмена од Црвените браќа кои планирале напад во катедралата “Св. Александар Невски “.

Неуспешниот обид за обединување на силите во Македонија и Османската империја, како на социјалистите, така и на севкупните македонски револуционерни сили, пред судбоносните настани во 1911, 1912 и 1913 година ќе има тешки последици по Македонија. Иако прогресивните сили го подигнале својот глас пред се поголемата воена закана на Балканот, залагајќи се за здружување на балканските народи во федеративна заедница, нивниот глас го немал значењето и силината на една организирана сила.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top