Историја

ВЕЛИКИОТ ЦАР АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ (22 јули 356 г.п.н.е. – 10 јуни 323 г.п.н.е. )

aleksandar
aleksandar
На 22 јули 356 година пред новата ера, пред 2.372 години, во македонската древна престолнина Пела, се роди Великиот Македонски Император Александар Трети Македонски, син на Великиот Цар Филип Втори Македонски и на царицата Олимпија, ученик на Аристотел Македонецот.

Со неговите 33 години живот остави длабоки траги во историјата на човековата цивилизација. Македонската цивилизација која ја градеше стана основа на Нова Европа и на современиот културен глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам на британскиот империјализам кој заради профитната логика на мултинационалните корпорации помесните етноси, јазици, религии и култури ги интегрира со асмилијација до физичка ликвидација од земјината топка.

Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години помина 18.000 километри, создаде Империја каква што до ден денешен не постоела во пространство, ниту пред него, ниту по него.

Великиот Цар Александар Трети Македонски, Крал на Македонија и Хегемон на Елините, Крал на Вавилон и Фараон на Египет, Цар на Персија и Крал на Ариевците, е најголемиот император во светската историја!

Тој е единствениот војсководец на сите времиња, кој своите војски – непобедливите фаланги, ги подигна во невиден воено-научен истражувачки поход. Иако сакал да го открие почетокот на раѓањето на сонцето, а со тоа и почетокот на светот, секаде каде што поминал истражувал, проучувал, градел и носел напредок. На моменти со сила, на моменти со сесрдно прифаќање од оние кои сакале и успеале да погледнат подалеку во иднината.

Великиот Цар Александар Трети Македонски најмногу од се’ сакал да се одликува со севкупното знаење, а не со власта која му припаѓала. Со себе го донел најголемиот процут на науката, просветата, културата и слободоумна мисла. Иако неговиот живот траел околу 33 години, а неговото владеење помалку од 14 години, оставил огромно наследство во целиот прогресивен свет, заради што многу други светски императори го имитирале. Неговите воени стратегии и потфати и денес се темел на изучување на светската воена доктрина, неговите истражувања во сите науки се база на научната мисла воопшто, неговото сфаќање за духовната сила и моќта на самосвесноста на секој човек се основа за сите денешни религии, а најмногу од се’, неговиот поглед на микро и макро космосот е фундаментот на човечки подадената рака кон секој кој ја сака и почитува планетата Земја.

Следбеник на Херакле и Ахил во силата и храброста, поклоник на Зевс и Амон во верата и љубовта, жртвеник на Ад и Селена во издржливоста и истрајноста, веселник на Дионис и Баху во хармонијата на звукот, поет на Хомер во топлината на зборот, тој бил и ќе остане симбол на човековата возвишена светост.

Тој го отвори патот на новата цивилизација и од потопот остави само бледо сеќавање за она што значи неукост и дивјаштво, за да го одбележи почетокот на новото раѓање, на новиот милениум. Именуван да биде бранител на човековиот род пред нескротливата природа, до денес остана неповторлив патоказ за сите, свртени кон сонцето и храбри како лав, кои најмногу од се’ ја почитуваат вистината.

Умре на 10 спроти 11 јуни 323 година пред новата ера, во Вавилон. Неговата гробница остана енигма до денес, повод е на бројни преданија и локации. Македонците веруваат дека Царот над царевите е погребан во границите на Републиката, како и неговиот татко Великиот Цар Филип Втори Македонски. Божја волја е кога некрополите ќе бидат обелоденети и отворени, светот да ја виде вистината за Македонија и за Македонците!

Сеќавањето за времето на владеењето на Филип II Македонски (359-336) и Александар Трети Македонски (336-323), е навраќање кон македонските корени, на државноста, на културата и историјата на Македонија која има континуитет во време и простор од пред новата ера до денес.

И како што македонските јагули, илјадници години, по мрестењето во Саргасовото море се враќаат во нивниот и наш Охрид, во Македонија, водени од природниот инстинкт и генетски код, така и ние денес се присетуваме на Великиот Цар Александар Трети Македонски, се враќаме во нашата древност, како дел од нашето постоење и иднина.

2339 години од смртта на Великиот Цар Александар Трети македонски не се мала историја, а се само дел од Македонија. Од раѓањето на Македонскиот Император, најславниот војсководец во историјата на човековата цивилизација кој го облагороди светот, а на човекот му го всади духот на македонската култура!

И ние денес, чекорејќи во 2016 година од новата ера, како верници, како поклоници на верата во сонцето, во светлината, во Богот на Сонцето Ра, ритуално, ги прозиваме духовите на македонските цареви и кралеви, да ја благословат, облагородат и вознесат Македонија од исконот до бескрајот!

Вечна му слава на Великиот Цар Александар Трети Македонски, кој духовно не’ обединува, каде и да сме.

Поменот за Великиот Цар Александар Трети Македонски е порив за одбрана на името на Македонската држава и идентитетот на Македонската нација, на достоинството на Македонците!

Македонија е цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, Македонија е цивилизација на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата. Македонија е цивилизација на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитната логика на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, македонските одамна го надминаа универзумот, затоа што сме цивилизација на сонцето, шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа, македонското, секаде каде што не’ има и сме!

И затоа, секогаш кога ќе погледнете во центарот на плоштадот Македонија, во метрополата на државата Македонија, споменикот на Великиот Цар Александар Трети Македонски, отспротива Вардар на татко му Великиот Цар Филип Втори Македонски и на мајка му Царицата Олимпија, нека ве потсети дека оваа држава се вика Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е Македонскиот! Дека сме горди Македонци и достојно ќе го одбраниме името на татковината – Македонија и идентитетот на нацијата – Македонска!

Вечна му слава и памјат на Великиот Цар над Царевите Александар Трети Македонски, Бог да ги благослови Македонија и Македонците! Амин!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top