Историја

Претенденти за Македонија (2)

pretendenti-za-makedonija

Македонска нација

pretendenti-za-makedonija

Авторот на статијата „Претендентите на Македонија“ во однос на јазикот кој го користеше бугарската и српската пропаганда кон крајот на 19 век ќе го окарактеризира како безобразен, пред сè, јазикот на печатот и на специјалната литература која се користела по однос на македонското прашање. Овој јазик бил не само крајно остар и недостоен, туку како што вели авторот и двајца скарани пајтоџии би се засрамиле да зборуваат како што пишувале српските и бугарските новинари.

Во второто продолжение од оваа статија, иако авторот говори за Бугари и Срби во Македонија и поретко го употребува вистинското име Македонци, сепак ни дава повеќе интересни информации како за меѓусебната борба на пропагандите, туку и за нејзиното влијание врз македонскиот народ и др. Еве што поточно вели бугарскиот автор по однос на пропагандата која се водеше за Македонија:

„Бугарските весници ги валкаа Србите во калта, кога ги нарекуваат малодушни и плашливи, кога ги прекоруваат, дека божем тие, Србите, постојано дезертирале од одредите кои дејствувале во она време, кога руските и бугарските доброволци под раководство на генерал Чернјаев ја бранеа честа на славјанското име. “Свињарите” – еве со какво име бугарските весници го викаа Србите, а кога сите вулгарности се исцрпуваа, остануваше како последно: “Не заборавајте ја Сливница!” – која во патриотски тон ја извикуваше победнички Бугаринот. Се разбира. дека и Србија се користеше со истото оружје. На почетокот на таа година еден српски патриот издаде во Москва една брошура, каде што не ги остава на мир ни најдалечните родоначалници на бугарското племе. Непознатиот автор наоѓа во бугарските черепи нај необориви докази за “фино-туркското” потекло на овој народ. ,,Со тоа се објаснува-продолжува авторот – неактивноста на Бугарите во српската (1794-1815г.) и грчката (1821-28г.) војна за независност, а исто така и предавањето во 1876 година на Турците на она оружје со кое ги снабдија Србите за борба против господарите на нивното татковина. Затоа името “Бугарин” се смета за Турчин, додека името “Србија” се употребува како име на еден народ, кој (заедно со Грците) изгубил во бескрајни вековни војни со Турците околу 1.000.000 лица “.

Но овие разменувања на комплименти не е ништо во споредба со безобразните факти, со кои е одбележана хрониката на борбата меѓу Србите и Бугарите. Овие факти се многу различни: од едноставни улични тепачки меѓу ученици од бугарските и српските училишта и кршењето на на прозорци, па со до клеветње и предаваме на турската влада и со убиства. Српските агенти го убија на главната улица во Солун бугарскиот учител Ганев: – Бугарите се одмаздија убивајќи неколкумина Срби, меѓу кои се најде и некои си Пејчиновски за кој се претпоставува да го организирал убиството на Танев. Убивањето на српски шпиони, на Срби или само на “србофили” е обично нешто. Веднаш Србите ставија во едно бугарско училиште во Македонија трицветно знаме со испишан лев, сами ги издадоа на турската полиција и и помагаа да ги лови бугарските револуционери. За да и се одмаздат, Бугарите убија во самата Софија, во една јавна градска градина, еден српски агент-агитатор во Македонија, и т. н.

 На некои места таа борба меѓу Србите и Бугарите зема широк масовна карактер. Театар на најсилните непријателски активности е жалното градче Куманово .. Тука цели пет години по ред се води очајна борба, која прерасна во цела епопеја. Предмет на раздорот е црквата. Пред пет години турската влада озакони суштествувањето на српска општина во Куманово, ја зеде и предаде на Србите единствената таму, бугарска црква. Тогаш во турските кругови владееше силен србофилска ветер. Типични претставници на оваа политика е Хафиз-паша, управател на Скопскиот вилает, најсеверниот од трите македонски вилаети, до границите на Србија. Од овој вилает се шири српската пропаганда во Македонија, а Куманово, најсеверниот аднистративен пункт на овој вилает, се гледаше на Србите како клуч за понатамошниот успех. Толку повеќе Бугарите се држеа, на позициите и не сакаа да попуштат. Тие се спротивставија против одлуката на скопскиот валија да ја предадат црквата на Србите, и пред нивните протести прашањето остана отворено. Но настана грчко-турската војна.

 Бугарија и Србија се држеа неутрална по инсистирање на Австрија и на Русија, и покрај предлогот на Грција да дејствуваат сложно против Турција. Како надомест поради оваа неутралност на Бугарија султанот издаде ираде со кое ги потврдуваше правата на Бугарите врз црквата во Куманово, но ги обврзуваше во исто време да внесат во српската општина 500 турски лири, за да си изградат Србите друга црква. Но тоа ираде не беше напишано да се оствари наскоро. Штом мина опастността од здружено грчко-бугарско дејствување против Турците, Хафиз-паша почна да го одлага извршувањето на султанското ираде. Најпосле по неколку месеци, Хафиз-паша, и покрај султанското ираде, зеде друго решение по оваа црква: таа остануваше на Бугарите. Но гробиштата и земјата околу неа поминаа, според оваа одлука, кон српската општина. Освен тоа, Бугарите мораа да платат 1.000 турски лири на српската општина, за да си изградат српска црква. Во овие намерни колебања на турската власт јасно се одразува неговата обична политика. Откако се слушна за одлуката на Хафиз-паша, бугарското население во Куманово испрати една делегација од 300 лица при скопскиот валија, а преку него кај султанот. Значењето на нивното барање е дека ако валијата инсистира на тоа решение, спротивно на првичната султанско ираде, тие ќе се спротивстават со сила. Во тоа време Србите веќе ставаат крст на гробиштата на местото каде требаше да се изгради нивната црква. Тука имено стана најдраматичните епизода на оваа борба. Жените Македонки во Куманово, на број неколку стотици, се упатиле кон гробиштата и го вадат од земјата подигнатиот крст од Србите.

Во тоа време се јавува војската и се соочува со оваа женска толпа. Предводителката на толпата, локалната учителка Екатерина Симедчиева, завршила гимназија во Солун, била ранета со штик во стомакот и умира по неколкудневни страдања. Нејзината трагическа смрт даде повод за нови манифестации, и последниот збор за кумановската историја уште не е кажана. Сега да се префрлиме од Куманово во Софија каде што работи “Врховниот македонски комитет”. – Да видиме како се однесува кон Македонија бугарското јавно мислење, како ја објаснува борбата во Македонија и каква веројатност има разрешувањето на ова прашање.

 Кај нас има различни гледишта по политиката која треба да ја води Бугарија по прашањето за Македонија. Најсилна е она струја која се изразува за жестока борба со Србите и што ние ќе ја наречеме националистичка. Еве ги ториските претпоставки за оваа струење: „Македонските Славјани се Бугари. Тие сами го велат тоа. Тоа се потврдува и од патници кои го изучуваат јазикот и обичаиите на Македонците. Националистите кренаа голем бунт по повод изјавата на Лајпцишкиот професор д-р Вајганд кој се наоѓаше на служба на романската влада. Заклучокот што тој го извади од својата посета на Македонија е тоа дека само Бугарите со право можат да претендираат за Македонија. Тој го изрази ова мислење во еден реферат, оддржен во Лајцциг, кој подигна во Бугарија силен ентузијазам. Србите изјавија дека Вајганд е поткупен од Бугарите. Исто така тие го обвинуваа и рускиот професор Миљуков поради неговите поволни за Бугарите “Писма од Македонија” печатени во “Руски ведомости” и препечатени во бугарскиот весник “Знаме“. А Бугарите направија бучни овации за Миљуков кога тој ја напушташе Софија. Националистите велат дека бугарскиот карактер на македонското население се признава и од официјална и од дипломатска Европа.

– Цариградската конференција, свикана за разрешаванието на источниот прашање, ја раздели Македонија на две автономни бугарски области, кои требаше да бидат во состават на идните васални држави на Турција.. Турција не ги прифати одлуките на конгресот, а потоа се прогласи војната. За забележување е дека овој проект, по кој Македонија се признаваше за бугарска, беше составен од лорд Солсбери. Исто така беше решена судбината на Македонија уште еднаш, по две година од познатиот Сан-Стефански договор. Ако Македонија е призната за бугарска земја, тоа само останува да се најдат средства и патишта по кои треба да се оствари нејзиното присоединение – велат националистите. Пред сè, треба да се развива кај Македонците симпатии кон Бугарите. Тоа се прави со културна работа, со отварање на црква и училишта, под водство на бугарскиот егзарх во Цариград. Бугарската влада дава средства за оваа пропаганда, која дава секоја година по 800.000 лева на егзархијата. Останатото го прави иницијативата на македонските општини. кои се целосни господари на своите цркви и училишта. Најпосле, по приватна иницијатива, во Бугарија беше основан еден фонд за поддршка на бугарски црква и училишта во сиромашните македонски општини. Овој фонд се нарекува “Св. Кирил и Методиј Но неговата дејност не резултираа со успех. Бугарските нацаоналисти ги сакаат Македонците, но уште повеќе ги сакаат парите и не се разделат лесно со нив. Како средство остануваат уште чисто политички активности: Македонците го грабаа оружјето само во одделни ретки случаи. Пред пет години, во летото на 1895 година, во источна Македонија се започна нешто како востание. Таму се појавија востанички дружини – чети, кои беа дојдени од Бугарија, вооружени во Софија од воените магацини, под раководство на офецери-македонски Бугари – од бугарската .. армија. Овие чети беа составени од Македонци одвај една третина, а две третини – од Бугари-волонтери. Тие се бореа јуначки, дадоа многу жртви, а фатените востаници беа осудени на вечно заточение. По тоа востание се разнесе глас, кој се потврди најпосле од настаните, дека тоа било организирано од бугарската влада “повисоки цели”. Со тоа востание кнезот Фердинанд успее да влијае врз една голема држава (Русија), која не сакаше да го признае. По востанието таа требаше да се убеди дека е добро да се разговара со кнезот, кој во рацете го држи мирот на Балканскиот полуостров. – Сетне настана долговремена ташина. Манатата година се слушаа гласини дека се подготвува ново востание што треба да избувне на пролет. Но свикувањето на конференцијата за мир во Хаг даде надеж за мирно решение на македонското прашање, и востанието беше одложено.

Веројатно, не само свикувањето на конференцијата во Хаг беше причина да не се случи востание. Нема сомневање дека неподготвеносста и поделбата на Македонците ја одиграа својата улога. Но воопшто македонското политичко движење во последните две години зеде малку друга физиономија, за која ќе зборуваме понатаму.“

„Претенденти за Македонија“ е статија превземена од руското списание “Жизнь” (ноември 1899 година), која го носи потписот Дионисиј Григорев, дописник од Софија”. Во Бугарија е објавена во 1900 година. Во неа авторот дава интересни подгледи за соседите на Македонија и нивната борбите за да се завладее со Македонија.

Продолжува:

(извор: од “Д. Григорeв” (Г. Бакалов), Варна, 1900, 30 стр. – http://macedonia-> history.blogspot.mk/2006/11/blog-post_09.html)

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top