Историја

Во 1912 г. Турците бараат Македонија да стане кнежество со Солун како престолница

pregovori-vo-london

„Македонија да стане кнежество со Солун како престолница, под суверенство на султанот, меѓутоа кнезот би го бирале сојузничките држави, а султанот би го потврдувал. Кнезот треба да биди од протестанска вера од некоја неутрална држава.“ – е предлог на турската делегација на Лондонската мировна конференција во декември 1912 година.

Во текот на Првата балканска војна (8 октомври 1912 – 30 мај 1913), по неуспешниот напад на Чаталџа, Бугарија го прифатила османлиското барање за примирје кон крајот на октомври. Прифаќајќи го предлогот на големите сили за посредување, по повеќедневни преговори, на 20 ноември кај Чаталџа бил склучен договор за задржување на освоените позиции и запирање на воените дејства меѓу Бугарија, Србија и Црна Гора, од една страна и Османлиската империја од друга страна, Единствено договорот не бил потпишан од Грција, која сепак зела учество на Лондонската мировна конференција која започнала на 3 декември 1912 година

Во текот на преговорите, османлиската влада им понудила на Бугарија, Србија, Цена Гора и Грција, Македонија и Албанија да добијат автономија под суверенитет на Турција, но планот бил отфрлен од сојузниците. Имено според пишувањето на белградска „Политика“ (17.12.1912), повикувајќи се на информациите од бирото на Ројтерс од 15, 16 и 17 декември, турската делегација на мировните преговори во Лондон ги поднела следните предлози:

  1. Одринскиот вилает да остане под непосредна турска управа;
  2. Македонија да стане кнежество со Солун како престолница, под суверенство на султанот, меѓутоа кнезот би го бирале сојузничките држави, а султанот би го потврдувал. Кнезот треба да биди од протестанска вера од некоја неутрална држава;
  3. Албанија ќе биде автономна под суверенитет на султанот, но со неа ќе управува принц од отоманската царска фамилија, кој би се бирал на 5 години, а рокот на неговото владеење би можел да се продолжи;
  4. Сите Егејски острови да и останат на Турција;
  5. Прашањето на Крит не припаѓа во надлежност на конференцијата, туку ќе се расправа меѓу Турција и големите сили. “

Ваквиот турски предлог ќе ги збуни делегатите на сојузничките сили на Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција, поради што конференцијата ја прекинала седницата за да им овозможи на балканските делегати да се договорат за предлогот на Турција.

По продолжувањето на седницата, сојузниците повикувајќи се на состојбите на теренот не сакале да дебатираат за предлогот на Турција и бараат од неа нови предлози. Врз основа на информацијата на Ројтерс од 16 декември, белградскиот весник за ставовите на делегациите балканските сојузници ќе напише:

„Откако седницата повторно беше отворена, започна општа дебата. Шефовите на балканските делегации истакнаа, еден по друг, дека турските предлози во основа се разликуваат од сојузничките услови, бидејќи турските предлози не водат сметка за ситуацијата која настана по војната, ниту водат сметка за територијалните барања на сојузниците.

Повеќе делегати  изјавија дека турските предлози ниту можат да се примат, ниту за нив може да се  дебатира,  а турската делегација се моли да поднесе нови предлози во кои ќе води сметка за основните услови на сојузниците.

Турските делегати трудејќи се да го оправдаат своето гледиште изјавиле дека за одбивањето на против предлозите ќе ја известат својата влада и дека својот одговор ќе достават во понеделник.

Запрашаните турски делегати дали поднесените против предлози се последен збор на Турција, не дадоа одговор. Исто така, Турците се известени дека дебатата за реформи во Македонија сега не возможна, со оглед на сегашната фаза на преговорите…

Ројтеровото биро дознава дека, балканските кругови не се надевале на таквите турски предлози кои не можат да се прифатат… Според држењето на балканските делегати се очекува нивен ултиматум, доколку Турците не попуштат, бидејќи нивната стрпливост е веќе исцрпена.“

Според информациите кои пристигнале од Лондон, со предлогот на Турција не биле задоволни ни Албанците.  Имено, кандидатура на отоманскиот принц не би била пријатна за арбанашките првенци, кои имаат желба на чело на Албанија да биде поставен Европеец со европски советници. Сето ова укажува дека, Турција со цел да го задржи Одринско, Македонија ја користила како монета за поткусурување. Тоа може да се види и од информацијата на Ројтер за Лондонската конференција од 17 декември, дадена во продолжение, во кој се вели:

„Ројтеров биро дознава од турски делегати на конференцијата за мир, дека турските предлози поднесени пред два дена на конференцијата, не се последен збор на Турција, но тие држат дека и тие како и балканските сојузници дека имале право да поднесат свои услови кои подоцна можат да се изменат.

Меѓутоа Турците истакнуваат дека направиле голема концесија со остапувањето на Солун. Турците апсолутно остануваат на својот став дека Одрин мора да остана на Турција, а најкатегорично демантираат дека цариградската воена партија потпомогната од владата го одбила остапувањето на Одрин. Таква поддршка не е потребна, бидејќи ниту една влада не смее да помисли да го напушти тој најважен вилает за сигурноста на Цариград.

Турците наведуваат дека Европа нема интерес Тирција да излезе од Европа. Односно велат, дека егејските острови не можат да остапат бидејќи му припаѓаат на Анадолија а не на Турција и Европа.Изгледа дека турските делегати  неодамна истакнаа дека ќе поднесат нови услови на денешната седница. Се очекува дека условите ќе бидат такви за да послужат како основ за преговори“.      

Сепак, Албанија на 28 декември 1912 е призната за независна држава, а предлогот за независност на Македонија не е прифатен. Србија и Грција уште пред војната тајно се договориле дека нема да дозволат создавање на самостојна Македонија, ниту постоење на бугарско-албанска граница меѓу државните граници на Србија и Грција. И Бугарија го обила турскиот предлог за создавање на автономна Македонија.

pregovori-vo-london

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top