Историја

Аристотел во науките и филозофијата (IV дел)

aristotel

aristotelАристотел тргнал  по трагите на најпрочуениот говорник Ѓорѓија кој што живеел 108 години и ги учел во говорништво сите софисти, филозофи, кралеви и генерали, ги учел глумците како да ги искажуваат чувствата на сцена.

Ѓорѓија застапувал теза дека не е важно што, туку како треба да се каже тезата за да има убедувачка моќ, да остави впечаток и да делува. Затоа толку бил омилен Ѓорѓија и сите брзале да го слушаат и да учат од него, да ги изложуваат мислите најдборо што можат. Негови ученици биле Исократ, Есхин, Проксен, Мемнон и многу други промакедонци и во Атина, во Сицилија, Беломорието, во цела Македонија.

Исократ, исто стогодишник, како Демокрит е истиот тој говорник што го повикуваше Филип да дојде во Атина и доцна ги сфати намерите на Македонците, умре на денот на Херонеја, исплашен од моќта на Филип.

Говорникот Есхин играше голема улога во мисијата на македонското политичко крило во Атина. Тие му се спротивставуваа со говори и обвинување на Демостен. Кога Филоксен, Есхин и Демостен, како делегација во Пела дошле да одржат лажен мир за Атина, а Есхин, воодушевен од Филип останал во Македонија. Демостен поднел тужба, обвинувајќи го и Есхин и Филоксен, за предавство на Атина кај Македонците, за злато. Од тоа време останала биста, бистата на Есхин од Хераклеја, откопана во Битола по Првата Светска Војна што ја однел конзулот во Лондон. Тамошните археолози утврдиле дека бистата на Есхин е од Филипово време. Нашите археолози вршат антидатирање и с# му припшуваат на римскиот период. Есхин е значајна личност од македонската политика, не само од реториката, и му бил учител на Аристотел.

Проксен, старателот на Аристотел исто така бил ученик на Ѓорѓија, бил учител по филозофија и реторика на Аристотел уште од времето кога Никомах го подучувал синот Аристотел од областа на природните науки и медицината. Исократ, Есхин, Проксен се заслужни за реторското образование на Аристотел, тие се генерациски и методолошки поврзани. Се знае дека Есхин имал еден ученик, по примерот на Ѓорѓија. Тоа бил Аристотел, наречен мит. На талентираните ученици во Македонија му се посветувало поголемо и посебно внимание во подучувањето и тоа поминувало во наследство исто како и имотот и правото на големите луѓе и фамилии да подигаат статуи во светилиштата. Тестаментот на Аристотел ни овозможува да направиме реконструкција на древниот начин на живеење во Македонија. Наследниот ред се одржувал и во филозофијата. Никомах и Проксен на своите имоти го учеле Аристотел, а тој го учел синот на Проксен, Никанор. Можни се роднински врски меѓу двете фамилии и династијата, посебно со Хермија од Апарнеја кај Троја. Генералите на Филип, заедно со синовите, продолжиле да служат и кај Александар. Парменинон, Атал, Антипатар, Молосите и Линкестидите со своите синови го придружувале Александар како другари и роднини и сите се поврзани преку филозофијата на Аристотел. Касандар бил ученик на Аристотел, откако се оженил со Филиповата ќерка Тесалоника, сестра на Александар, тие, Антипатар и Касандар се вклучиле во наследниот ред на македонските владетели. Касандар во чест на Филиповата ќерка Тесалоника го изградил Солун – Тесалоника. Наследството во науките и филозофијата брзо се одвивале како што се гледа и во Александрија. Науката прва го обедини светот.

Влијанието на Ѓорѓија исто е како она што го направил Аристотел. Говорништвото ја унапреди филозофијата, ја направи подостапна. Со беспрекорната реторика Аристотел ги одржа предавањата запишани, како основа на сите науки.

Ѓорѓија иако е присвоен од Платон, останува како ненадминат учител и оратор.

Ѓорѓија ги учел и Мемнон од Лариса и Антистена, како што кажува Ксенофон, и Диоген што морал да живее во бурето и од сонцето. Кај Софистите што ги поврзувал Ѓорѓија постои филозофска генетска врска со темел во образованието, етиката, политиката, реториката.

Се длабеле канали со ширина на визија за светот до просторите на изгрејсонцето по сите македонски градови со школи. Тоа е визијата за светот на Ѓорѓија, продолжена кај Аристотел, остварена кај Аристотеловите ученици, кралските другари на Александар. Македонците ја создадоа историјата на филозофијата – Исус на истите простори ја создаде религијата. Ѓорѓија беше првиот апостол, го проповедуваше говорништвото, разговорите, дијалозите. Учениците на Аритотел вршеа иста мисија како апостолите. Тоа им успеваше со реториката на Ѓорѓија и неговите многубројни ученици. Прво беше зборот, глаголењето, филозофирањето за спознавање на светот, потоа космполитизмот во македонската политика. Визијата за држава на Атина беше до крајот на ѕидините на градот. Надвор од Атина беа светилиштата, софистите, странците, метоците, сите што не беа од Атина и од време на време ги погубуваа. Тоа е суштинската разлика помеѓу Аристотел со македонската држава и Атина град државичка затворена со ѕидини како трло. Недовербата кон странците во Атина произлегува од тоа што ним не им било до мудрост и вистини, туку повеќе до пракса за спроведување на лажен морал и побивање на користа што некој ќе ја стекне со грабеж. Така ораторството во Атина широко се примени како парничење на логопети. Не им била мила ни вистината ни пријателите. Во тоа предничеше Демостен со обвинувања и тужби цел живот, наговарајќи ја Атина на војна со Македонија. Филип ќе рече: „Не се борам со Атина, туку со Демостен“.

Ѓорѓија беше нешто друго. Фиданка од македонски сој, со пурпурна наметка, силен на збор и убедување, стигна еднаш во Атина и почна Ѓорѓиењето на неговите говори. И ако самиот кралски богат, со две златни бисти од масивно злато во светилишето на Аполон во Делфи и Олимпија, тој во Атина скапо го наплати секој збор од ораторските говори. Тоа се случило во времето на Перикле кога ги собирал учените луѓе за да ги користат во образованието и да преспиваат надвор од ѕидините на Атина. Таму, во логори, живееле и синовите на Перикле родени од хетери. Перикле станал свесен за потребите од наука откако со своите припрости морнари се судрил со бродовите на филозофот Мелис кој што управувал со островот Сам, родно место на Питагора. Мелис бил ученик на Протагора и учен софист. Перикле бил учесник во таа битка 442 г. и бил вчудовиден од тактиката на Мелис, од спремноста и знаењата на Мелисовите морнари. Тие ги вратиле заробените, жигосани со утка како пирати. Тој жиг, утката, е симбол на Атина. Потоа Перикле се здал во собирање на Софистите во Атина да ја направи учена и успешна, да ја украси и да изгледа како македонски град престолнина. Водејќи ги Персиските војни и Пелопонеските не успеа во тоа и не ги заштити филозофите и уметниците, ги погубија во Атина, подложна на колера. Меценство се негуваше во Македонија. Од колера умре Перикле и целата негова фамилија. Хипократ не им притекна на помош, “грчкиот лекар” кратко им порача да го изгорат градот и да одржуваат хигиена. Во македонските царски палати имаше изобилие на топла и ладна вода, затоа немаше болести, а лекари на претек.

Така Ѓорѓија се движеше низ Македонија сигурен за својот долг живот од времето на Перикле, Архелеја, до Аминта во тие 108 години живеење.

Ангелина Маркус

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top