Историја

Националното собрание од 19 век

manifest1881

manifest1881По неуспехот на македонското Кресенско востание — со сесрден напор на Бугарија тоа да не успее — и неуспесите на македонските востаници во Кумановско, Кратовско и Кривопаланчеко (со напор на Србија тие да не успеат), Македонците почнале да се организираат и да работат тајно од трите соседни пропаганди.

Во Атина е создаден Словено-македонски комитет предводен од Леонидас Вулгарис (од Пијанечко), кој во содејство со Воениот комитет за ослободување на Христијаните во Турското Царство, направил обид да се воспостават врски со македонските првенци во Србија, Бугарија, односно Источна Румелија, како и Македонците насекаде.

Во април 1880 година доаѓа до значајна средба на Вулгарис со водачот на Кресенското востание, Константин Буфски (од Герман Теке во Островскиот округ). Двајцата војводи се спогодиле за основните насоки на ослободителната борба – за созадавње на самостојна држава Македонија или автономија во рамките на Турција, под услов да се обезбеди духовно единство на македонскиот народ, да се оневозможат националните пропаганди на соседите, и да се осигура поддршката на големите сили.

За да се постигне тоа, решиле да се свика Национално Собрание на Македонија со демократски избрани делегати од сите “верски-национални” табори и народносни групации, коишто би одлучувале за иднината на македонската држава.

Од 21 мај до 2 јуни 1880 година, во Герман-Теке се собрале 32 претставници што го претставувале македонското Национално Собрание. Собранието им испратило на големите сили едно “Протоколарно решение” со потписите на претседателот на Привремената влада на Македонија, Васил Симон, неговиот секретар и главниот командант на воените сили на Македонија, Крамонтов, во кое се вели:

„Националното собрание на македонскиот народ, составено од привремените претставници на народот од разни области, се собра во Герман-Теке, ја разгледа општата положба во земјата и го претресе сето она што би требало да се стори за да се постигне националната цел на Македонија…; – дека поради својата географска положба во центарот на Европска Турција, Македонија би била жртва на востанија и грабежи од страна на башибозуците, Черкезите и Гегите;

– дека Македонија повеќе од која и да е друга земја поради политички цели е разделена етнички на Словени, Грци, Албанци, Власи и Турци, а завојувачите се стремат да ја распокинат, со што се руши националното постоење на Македонците, така што тие секогаш остануваат во сиромаштија;

– дека на меѓународните конгреси на големите сили, Македонија е оставена сирак;

– дека поради последните промени во Европска Турција – Романија, Србија и Црна Гора, посилата на Берлинскиот договор од 1878 година, ја добија својата полна независност, а Бугарија, Источна Румелија, Крит добија граѓански права, Епир и Тесалија го очекуваат своето присоединување кон Грција, додека единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Велики, е лишена од секаква помош;

– дека никакво решение на мировните договори во однос на граѓанските права на македонското население не било применето – член 15 од Санстефанскиот договор признаваше полна автономија на поголемиот дел на Македонија, а член 23 од Берлинскиот договор и даваше Органски устав сличен на Критскиот устав од 1868 година, но оттогаш изминаа веќе две години без ништо да биде сторено;

Собранието на македонските претставници еднодушно решава:

1. Да и се даде на знаење на Високата порта преку главниот управник (валијата) на Македонија, праведните барања на македонскиот народ да се исполнат со брзото применување на член 23 од Берлинскиот договор;

2. Ова решение да им биде врачено на конзулските претставници на големите сили-потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сили да се застапат пред Високата порта за применување на член 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата порта да не стори нисто, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: ‘Македонија за Македонците, за воспоставување на древната Македонија’.“

(Славко Димевски, Владо Поповски, Светомир Шкариќ и Михајло Апостолски, “Македонската лига и Уставот за државно уредување на Македонија од 1880”, стр. 105-107, 354).

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top