Историја

Победа на војските на Александар над војските на Дариј кај реката Граник

xgaplus

xgaplus

…А Дариј, кога му беше јавено дека Александар дошол распореден за борба, испрати околу 30.000 коњаници преку реката Пинар, и со нив околу 20.000 лесно вооружени… И први од тешко вооружените ги постави Хелените платеници, 30.000 на број, наспроти фалангата на Македонците. До нив, на секоја страна, 60 000 Каркиди, тешко вооружени војници.  Земјиштето на кое стоеја допушташе да бидат распоредени толку војници во редица. Тој постави околу 20.000 на ивицата од планината на левата страна, што и одговараше на десната страна на Александровата  војска, оние што беа распоредени во подножјето ги водеше зад десното крило на Александар. Сеопштата слика на нивните лесно и тешко вооружени војски распоредени според нивните територии и во длабочина се наоѓаше зад грчките платеници и персиската фаланга. Се сметаше дека целата војска со Дариј се состоеше од  600. 000 борци.

…Откако така ги распореди, некое време (Александар, н.б.) лежерно ја предводеше војската, така што напредувањето излезе сосема ненапрегнато. Зашто барбарите, како што отпрвин беа распоредени, не ги поведе наспроти Дариј… Со тоа Александровите луѓе сфатија дека Дариј не беШе човек со дух. Тогаш кога обете војски беа близу, Александар, јавајќи крај челото на војската заповеда да бидат добри јунаци, извикувајЌи им ги имињата со ним сопствените одлики  не само на главните војсководци, туку и на војсководците на четите и на странците платеници.

…И се` се случи така, како што претпоставуваше Александар: бидејќи штом почна битката гради в гради, се повлече левото крило на Персијците. И тука Александар и оние кои го придружуваа доживејаа голем успех… Грците пак платеници со Дариј, онаму каде што македонската фаланга покажуваше празнина, прекршена кон десното крило, зашто Александар беше навлегол набрзина кон реката и беше предизвикал борба гради в гради, и веќе беше ги принудил на  повлекување Персијците… токму на тој дел нападнаа Грците на Македонците, токму каде што видоа дека фалангата е најскршена. Но Македонците кога видоа дека  Александровата победа е сигурна, не мислеа да отстапат, ниту да допуштат какво и да е попуштање на нивниот престиж и на нивната горда титула непобедливите. Така дојде до голема борба меѓу Грците и Македонците. Тука падна Птолемај и околу 120 видни Македонци.

Во меѓувреме четите од десното крило, кога видоа дека се повлекоа назад Персијците…  Се свртија против странците и платениците на Дареј и нивниот тешко набиен центар, ги одбија оние од реката и покривајќи го сега скршеното  персиско лево крило, напаѓајќи попреку ги поразија барбарите. И коњаниците на Персијците, жестоко минувајќи нападнаа врз боевите редови на Тесалијците. И тука дојде до жестока борба на коњаниците; Персијците не се повлекоа сеж додека не видоа дека Дареј бега и додека нивните странски платеници не беа отсечени од фалангата. А тогаш дојде до отворено и сеопшто бегство, Дареј пак, во моментот кога неговото лево крило беше преплашено од Александар и тој го сметаше одсечено од  другата војска, из-бега со првите.

Аријан,  Александровата  Анабаса…, кн.II,  VIII- XI , стр. 47-51 ;

ПРЕД БИТКАТА КАЈ ИС АЛЕКСАНДАР ПЛАНИРАЛ ДА ИЗГРАДИ ШЕСТ РАСКОШНИ  ХРАМОВИ

Да се изградат раскошни храмови… На Делос, во Делфи и Додона; во Македонија, пак, во Дион на Севс, во Амфипол на Таурполката, во Кирос на Атена.”

Диод. Сиц., XVIII, 4;

АЛЕКСАНДАР  ФРЛИЛ   КОПЈЕ   ВО  ЗНАК  ДЕКА  ЈА  ДОБИВА  АЗИЈА

Кога пристигна на брегот, Александар прв фрли копје, како на непријателска земја, потоа од бродот, означувајќи дека ја добива Азија од боговите, како со копје освоена земја.

(Цхора дориктетос)

Јустин., XI, 5, 10; Диод., Библ. XVII, 17, 2;

Од книгата: ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

(од праисторијата до почетокот на 21 век)

Д-р  Иван Алексов

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top