Историја

Писмо од Димитров до Тито – (28 јули 1944 година)

bodoni

ЗА ПОГРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА БРП (К)  ПО МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ И УПАТСТВА ЗА НАТАМОШНО ПОСТАПУВАЊЕ

bodoni(Во писмото на Георги Димитров до Јосип Броз Тито, Димитров ја прифаќа критиката на Тито за погрешната политика на Бугарската работничка партија (комунисти), спрема македонското прашање и развитокот на партизанското движење во Бугарија, н.б.)

„Инаку, во однос на македонското прашање ги дадов следните упатства:

1.Решително да им се спротивстават на германско-бугарските  окупатори во Македонија.

2. Со сите сили да и даваат поддршка на македонската политика на нова Федеративна Југославија, што на Македонците им дава рамноправност.

3. Да избегнуваат било какви спорови околу територијалните прашања и идните граници на балканските држави.

4. Да спроведуваат единствена за бугарските, југословенските и грчките комунисти линија на борбата  против германските окупатори.

5. Да имаат предвид дека правилното решавање на територијалните прашања е можно само врз основа на заедничката борба на народите на Југославија,  Бугарија и Грција, заедно со Македонците.

Ослободувањето на Балканот од Германците-врз основа на братската соработка на овие народи, а пред се најдлабокото пријателство на нова демократска Бугарија и нова демократска Југославија како словенски држави, а со помошта на Советскиот Сојуз.

Сметам, дека не може да станува ни  збор  за одземањето на југословенска Македонија од Југославија, по сите оние огромни жртви што ги имаа а што уште ќе ги имаат народите на Југославија во војната против заедничкиот непријател. Како што веќе и самите забележавте, работата на БКП веќе се подобри, но треба се уште многу да се стори во таа насока. Основна неволја е во тоа што рако-водството на Комунистичката партија е мошне слабо, иако е составено од мошне предани луѓе… Поради тоа, паралелно со нужноста од натамошно исправување на линијата и тактиката на парти-јата, првостепена задача е да се зацврсти раковоството во центарот и на теренот.

…Не се сомневам дека во ова ќе ја дадете потребната помош, како и во вопоставувањето сигурна врска меѓу ЦК на БКП и вашиот ЦК…

Ќе ви бидам многу благодарен ако и понатаму ме известувате за Вашето мислење и забе-лешките за дејноста на Комунистичката партија.

Ги предадов Вашите писма упатени до другарот Сталин и другарот Молотов

Цврсто Ви ја стегам раката

Иван (Георги Димитров)”

Исто, Сл. Нешовиќ, Југословенско-бугарските односи… стр.209-211;

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top