Историја

Писмо од Форумот за човекови права на македонците од егејскиот дел на Македонија до грчкиот претседател Стефанопулос- 1996

mk2

БАРАМЕ ДА НИ СЕ ОВОЗМОЖИ НЕПРЕЧЕНО ПОСЕТУВАЊЕ  НА НАШИТЕ РОДНИ МЕСТА ВО  РЕПУБЛИКА  ГРЦИЈА БЕЗ УСЛОВУВАЊЕ

mk2„Ние Македонците од Егејскиот дел на Македонија, поранешни државјани и граѓани на Република Грција, во виорот на големите светски војни и особено по Граѓанската војна во Грција (1945-1949 год.) се најдовме реселени насекаде низ светот. Покрај страдањата на кои бевме изложени во текот на војните, ни беше одземено и правото да се вратиме во своите домови. До денес, и по речиси 50 години од овие настани, копнежот по родната грутка е наша зла судбина, животна сод-ржина, па дури и горчлива утеха.

Рестриктивните закони на Република Грција на сите нас кои не сме “Грци по род” не ни помагаат во тоа толку човечко настојување, нашиот вечен сон и нашата нескротлива желба да се вратиме на своите прадедовски огништа.

Сепак, посреќните од нас, некако успеавме да се најдеме во прегратките на својата света земја – Република Македонија.

Поучени од горчливото минато, ние не сакаме никој и никогаш во светот и посебно во Грција да ги доживее нашите искушенија. Нашите народи засекогаш ги врзала судбината, историското минато и географската предодреденост. Нашето познавање на грчкиот јазик, нашите роднински врски со старите наши роднини и пријатели ширум Грција, се аргумент повеќе да бидеме незаобиколна сврзница – мост меѓу двата народа.

Ваша екселенцио, имајќи ја предвид Вашата исклучителна политичка биографија, уверени сме дека под Ваше раководство Владата на Република Грција ќе постигне успеси за доброто не само на грчкиот народ, но и за другите народи на Балканот и пошироко. Затоа, слободни сме да побараме да ни се овозможи непречено посетување на нашите родни места во Република Грција без условување, а во сообраз-ност со начелата на грчкиот Устав.

Наедно, предлагаме да примите еднаш наша делегација која би Ве запознала со нашите проблеми, нешто кое ќе придонесе во заедничките добронамерни заложби за мир и разбирање…”

Сп. “Македонија”,  бр.516,IV.1996, стр 11

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top