Историја

Голема слепотија покажаа Грците (Преспа, 21 март 1944 година)

penko-zdravkovski

ПИСМО ОД ПЕНКО ЗДРАВКОВСКИ ДО ДОБРИВОЕ РАДОСАВЉЕВИЌ: ОД ПОЛНО ПРИЧИНИ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАА ДОВЕРБА ВО ГРЦИТЕ.ВАКВАТА НЕСИГУРНА ЛИНИЈА ПО ПРАШАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА, ГИ ПАРАЛИЗИРА МАКЕДОНЦИТЕ ОД БОРБАТА. ПО НАЦИОНАЛНОТО ПРАШАЊЕ ГОЛЕМА СЛЕПОТИЈА ПОКАЖАА ГРЦИТЕ.

penko-zdravkovski„Драги Орце (Добривое Радосављевиќ, инструктор на КПЈ во Македонија, н.б.),

Сметам за нужно да ве известам за одраженијето на линијата на грчката организација на нашите македонски маси, како и положенијето во кое се наоѓаат тие во овој момент на борбата  – за леринско и Костурскиот крај. …

1. Од полно разлози нашите луѓе, Македонците на грчка територија, немаа поверење во Грците. То је јасно кога ќе се земи предвид долгогодишната големогрчка политика на однародување  на Славјанскио живаљ, употребувајќи разни сред-ства, дури до најдрастичното – забрана на македонскио говор. После разгромо на големогрците во 1941 и после почетокот на оружаната борба против окупаторо Грчката Комунистичка Партија не превзеде радикални мерки за привлекување на Македонците во борбата, веќе даде некои магливи перспективи за положенијето на Македонците во Лаократијата (Народна Република), а сеж од страф како викаа тие, да не му избегале Грците од стара Грција во таборо на окупаторо, кој Грци никако не можеле да је замислат Елада без Македонија. Смеешно правдање. Хич и не помуислуват на ништо подобро положенија немавне ни ние во Југославија, али со правилната линија (на КПЈ) и нејзиното доследно спроведување на праксата се успеа да се загаснат и угаснат им-перијалистичките тежњи кај Србите, а пак кај Македонците се истера страво да би могле да бидат излагани од Србите и пак да бидат робје. Ваква несигурна линија по питањето на Македонија, ги парализира Македонците од борбата, а пак многумина од Елините не верват оти ЕАМ не ќе ја продајт Грчка Македонија на Југославија. Во националното прашање, значи една голема слепотија показаја Грците. Со ваква линија тие успеаа да привлечат еден мал број од добро свесните другари Комунисти; масата пак си остана инертна, само гледа сеир и “се ребри” страхувајќи да не се повратит старото. А пак еден дел од порешителните гркофоби (во кој има и дел од пљачкаџи), страхувајќи се од поновното враќање на големогрчкио терор, на-седан на провокаторската политика на Талијанските фашисти и бугарската пропаганда (Калчев, Младенов) и на германското уве-равање, зедоа пушка, станаа контраши. Добар дел од овие кон-траши, во своје време биле гонети и осуѓивани како комунисти, та и денеска како такви се осеќат многу од ними, али јасно, тие не сет (со) некоја теоретска подготовка од една страна, а од друга страна се со една омраза спрема Грците, заради страдањата кои ги препатиле през грчката управа.

2. Комунистичката партија на Грција во кривото поставување на разни прашања је надминува секоја формула на партијата и од најскапаните опортунисти. Просто личи на Партија која одит на тоа да компромитират секоја Комунистичка Партија, па и сите комунисти во очите на масите. Така на пр. по прашањето на кад-ровите го надминува Мартов, кога на сила го натерват луѓето да влегват за членој на Партијата (Коматика мери), стига само луѓето да  изјават некоја симпатија. Така за пример го наведувам селото Герман кај имат 123 партијни членој, а селото јет од 350 куќи, а во Преспа околу двајсетина села  имаа 500-600 членој, а тенденцијата на растење је стална (тенденцијата постој кај раководителите иако масите не покажават желаније). Членојте се праат на овој начин: се удират камбаната,  се збират селаните и на сите им се кажви оти од сега сет членој на Комунистичката партија. Раководителите често сет бивши шпијуни од времето на Метакса (Иоанис Метаксас, н.б.) или пак кој активно учествувале во спроведувањето на режимо на Метакса (многу имат од омладинската фашистичка организација ЕОН). Јасно да тие раководители и денеска не се чувствуват ни како комунисти, а да се имат прихфатено на таа работа од чисто спе-кулативни сврхи, од коњуктурни обзири. По селата се барат по-добро јадење со пиење,… да се покажват како “власт”. Контрола скоро и не се вршит или толку је лабава, да се састоји просто на просто во рапорт од помалите на поголемите и во издавање нареѓење  од поголемите на помалите. Од сето ова народот не ги гледат со добри очи, веќ ги длабоко мрази, а до колку ги прима и слуша го чинит од страф. Воопште, целата работа на Комунис-тичката партија, раководителите одит на това – барем како ги гледам јас работите одавде – на секој начин да се сузбијат во народот помислата да можат Македонците да се одделат од Елада. Многу голем страф имат од таја помисла и затоа  на важните  раководни места не постављат будни Македонци, веќ или Грци или гркомани.

3. Протестот на народо је много голем и никаква вера немат да оваа борба ќе донесит разрешение, задовољавајуќе, на нивното национално прашање, веќ се убедени да пак Грците ќе ги излажат. Побудните протестират отворено, али Грците земат опширни мерки према тие луѓе осудувајќи ги на смрт, како Бугари и бугарски шпијуни. Од таква мерка нивна, пред неколку дена, од село Роби избегаа девет души, најбудни селани, во Бугарија. Во ними можи и да имаше некој врска со Бугарите, али сумњам да имаше во ними човек кој би бил активен шпијун, затоа, или Турунџето од Екши Су и тој е од ними осуден на смрт како Ванчовист, а пак тој во Македонскио народ ужива углед како најдобар, најборбен комунист. (Тој ти донесе едно моје писмо). Спротивно од ова пак, гркомани фатени за шпијунажа на Гестапо, судени  на таа работа (и ослободени) му се поклањат големо доверије (Ристо Папандопуло од Роби). Со тоа уште појќе здивуват масата. Од Костурско се викани на саслушање, дека протестират за кривата линија (на КПГ) двајца одлучни другари, долгогодишни работници на пролетерското дело.

4. Целиот народ овде имат големо доверије во нашите раководаства. Једина нада сне му ние. Стално барат да напрајме некако да раководиме ние и да му се одобри да идат со нашите чети. Јас разговарав со некој од раководителите на Партијата од Окружнио комитет за Лерин и ги убедив да треба да му позволат на луѓето да влегват во нашите чети. Со едно писмо од ИИ секретар Павле и еден член Сотири, тие одобрија да можиме да прибираме и од овој реон во нашите чети, смо со напомена да му ги дајме ко ќе ги побарат.

5. Није со Дејан (Киро Георгиевски, н.б.) му укажвиме на луѓето да је једини пат за стекнување на правата во денешниов момент влегување во борба. Сега ќе настојме да активизираме, да збираме доброволци и од оваа територија.

6. Во споразумо со Зерва (Зервас, командант на единиците на ЕЛАС, н.б) и Екка (Национална и социјална преродба, н.б.) и да не ти пишам. Јасно произлегви да је партијата нестабилна прирепашка и да ќе доведи вероватно до тешки последици. Народо македонски за тоа уште појќе се ожај. Во тоа вижда општо герчка солидарност и енглески влијание.

Би имало уште многу работи да ти пишам, али овие се најглавните. Затоа гледајте вие ако можите нешто да превземите да се опорај нешто ако се можи.

Званично не известија Грците (на 13. ИИИ.) оти се очеквал во најскоро време десант и то во Грција. Тие напрајле план и сите јединици ги расподелиле на одредените места по тој план… Меѓутим оттогаш поминаа еве осум дена и немат ништо.

Ме интерерсира вашето мислење по сите мои горни констатации, зато ако имаш време, пиши ми.

Другарски поздрав

Смрт на фашизмот – Слобода на народот.

„Пенко”

Извори за ослободителната војна…., т.И, кн.4, ИНИ, Скопје, 1975, док. 65, стр.281-284;

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top