Историја

Охридскиот Архиепископ Атанасиј бара странска помош (1615 година)

sv-sofija

ОХРИДСКИОТ АРХИЕПИСКОП АТАНАСИЈ БАРА СТРАНСКА ПОМОШ ЗА КРЕВАЊЕ ВОСТАНИЕ ПРОТИВ ОСМАНЛИСКАТА ВЛАСТ

(1615 година)

sv-sofija“Гледајќи од долго време дека се врши жестокост и голема неподнослива тиранија од затапените и проклети мохамеданци над христијаните, а патријаршиското достоинство се уништува, црквите се сквернават, а името на Господа Христа ужасно се намразува.

И не можејќи да го поднесуваме тоа, долго време бевме го нашле и измислиле патот и начинот како да се ослободиме од овој тежок јарем, а тоа може лесно да стане, зашто откако ја пропатувавме Србија, Босна, Далмација, Албанија, Црна Гора и Долна Македонија, Грција, Тракија, Бугарија и воопшто насекаде каде што држи и владее Турчинот во Европа, и откако проценивме и предвидовме сеж, останавме зачудени, како во тие кралства, во кои христијаните далеку ги надминуваат по број Турците, последниве да држат такви места, дотолку повеќе кога планините и тесните премини, како и некои тврдини, ги држат христи-јаните, а покорноста на овие спрема управниците и кнезовите (турски) тукуречи изгаснала; нивната справедливост е расипана и во сите гореспоменати, бидејќи правосудството се купува за пари, поради кое нешто и самите нивни управници земаат учество во овој вид  грабање и е невозможно да се  спаси некој друг освен оној што е посилен. Нивната војска не е храбра и толку добро организирана како што беше едно време”.

Гледајќи го сето ова, ние мислиме за истерувањето на проклетите мухамедани и за слободата на христијанските народи, а времето беше среќно и погодно за кревање оружје против кажа-ниве небески непријатели на нашата света католичка вера. Ние ги видовме исто така сите христијани готови да сакааат да ја постигнат таа реалност и да се ослободат од споменатиот тиранин. Како татко и нивен пастир, порачав да се збере едно собрание од некои мои епископи и архиепископи да решиме да се испрати едно лице кое ќе ги крене луѓето. И така беше испратен нашиот главен пратеник г. Александар Мутело, кому му се даде полномошно и кој замина и собра 12. 000 добри и за борба способни луѓе. Но кога посакавме да го започнеме намисленото, ми се нареди од екселенцијата на беневентскиот гроф, тогаш поткрал на неаполското кралство, да се воздржиме од оваа акција, за да не ги ставиме народностите во опасност, туку да ја почекаме помошта на Неговото Величество. И така ние се воз-државме.

Но штом видовме дека се забавува споменатата помош решивме повторно да го продолжиме започнатото дело, и кога повторно бевме готови, повторно ни се нареди да не преземаме ништо дури не му испратиме на Н.В. опширно за  сето тоа, за да може во погоден момент да ги испрати силите против Турчинот и да ги истера од тие страни. Кога ја чув заповедта на Н.В., ние го послушавме..

Христијаните, пак, гледајќи дека преговорите се завлекуваат, ме помолија мене да дојдам јас лично и да му ја раскажам леснотијата и желбата за таа акција.

И така, јас предложив, кога ќе ми се дадат од Н.В. 5 или 6 илјади пешаци од шпанската и италијанската народност, оружје и муниција за вооружување на 15.000 луѓе, седла, узди за 4.000 коњи, за кратко време ќе ја предадам Македонија под негова власт и управа, задолжувајќи се уште дека ќе му ги исплатам гореречените оружја и муниција и дека ќе им се даде храна на војниците, зашто тие краишта се многу имашливи со средства за живот.

Ако пак му се чини на Н.В. дека барам малку луѓе за една таква голема работа, нека даде повеќе и толку полесно ќе биде, иако мошне верувам дека со побараните ќе добијам многу востаници, готови и со востаничка дисциплина, преку моите епископи и архиепископи и преку свештениците што се под нивна власт. За тоа се договорив со христијаните, убедувајќи ги во исповедта да молчат за оваа работа под заплашување на анатема. Врвејќи по овој пат на исповедување, ќе постигнам многу добар успех…

Нешто повеќе, откако ќе се оствари овој потфат, целата Босна и Далмација, Бугарија и Грција бездруго ќе го кренат оружјето против Турчинот за да ни помогнат и ќе се присоединат кон нашата верност и послушност без да сакаат некаква помош и поткрепа поради тоа што по бројноста далеку ги надминуваат Турците. Тоа нешто го знам многу убаво, зашто пропатував низ сите тие држави, зашто водев преговори со епископите и архи-епископите, со нивните началници, коишто не го гледаат часот за започнување на работата и за ослободувањето од турската тиранија.

Ако реши Н.В. да го стави во акција ова што го зборувам или барем еден дел од ова, јас се нудам и се задолжувам каде што не ќе можам лично да присуствувам, да пратам други за тие преговори, како јас да сум лично таму.

Не сум ги предлагал горенаброените работи зашто не сакав да го правам тоа преку други усти од многу причини…”

В. Макушев, Историски споменици Јужних Словена и околних народа, Београд 1882, стр 297-29; Докумнти…, т.И, док.95, стр.145-147;

ОХРИДСКИОТ АРХИЕПИСКОП АТАНАСИЈ ЗА ПОЛОЖБАТА НА БАЛКАННСКИТЕ ЗЕМЈИ ПОД ТУРЦИЈА

(Извештај од јуни 1615 година)

„Ние ја обиколивме цела Србија, Босна, Далмација, Албанија, цела Горна и Долна Македонија, Грција, Тракија, Бугарија, Архипелагот – накратко, сите турски области во Европа и бевме поразени од тоа дека турските управители и се непослушни на Портата и насекаде царува несправедливост, жестокост и грабеж и дека разбојниците го делат пленот со управителите”.

Снегаров, Историја на Охридската архиепископија-патријаршија от падането и  под Турците до нејното уништожение (1394-1767 г.), стр.79;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top