Историја

Потекло (етногенезата) на древните Македонци

makedonski-mitiloski-dinastii

Божјите Синови: Озирис, Дионис , Македон, Херакле и Александар од Мисир и Македонија

Ние Македонците сме најстариот народ во денешна Европа. Погледнете во Библијата Македонија е 38 пати е спомната, додека сите други денешни држави ги нема затоа што се вештачки творби и политички опции на Европа. На македонската денешна почва се најдени карпи, пештери, надгробни споменици и записи од македонско писмо старо 13000 години. Ние ќе зборуваме  за нивното постоење и живеење на овие простори, кое  датира уште повеќе илјадници години. Кога се зборува за Македонија не може да се мисли на денешна Македонија, која ни ја оставиле големите сили само на 150 километри, без море, иако таа се протегаше на 5 мориња. Тогаш македонските племиња го населувале целото Средоземно Mоре, па и подалеку. Македонците припаѓаат на семејството Македонско-индиските народи денеска наречени Индо-европски народи. Меѓутоа се знае оти имињата на денешните континенти се од поново време. Тогаш ги прашувам историчарите како се викала Европа пред тоа? Се разбира – Македонија.

Зборот Македон е од македонско потекло и етмолошки е составен од два збора Маке-дон што се толкува Ма е господарот или газдата или Богот.

Македонскиот Митолошки Систем

Митологијата во себе носи прафилозовски и пранаучен исконски облик на уметничко создавање. Митовите се она првобитното, народното раскажување од колено на колено низ генерации, која во себе содржи и дел од фантазијата на македонскиот народ. Се знае оти митологијата на балканските простори е вткаена во светлоста на македонската митологија. Меѓутоа, таа преtставува огромно наследство не само на античките Македонци, туку и на сиот медитерански свет и на југоисточна денешна Европа. Судејќи според археолошките остатоци на македонската почва, посебно од матерјалната култура, од ликовната уметност и митологијата, древна Македонија имала значаен и единствен, самостоен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историски, книжевни и антрополошки елементи, кои можат топографски да се лоцираат на географските простори на целата нејзина територија мислам на онаа Македонија од денешна Шпанија до Индија.

makedonski-mitiloski-dinastii

Врз основа од античката литература постојат две верзии на преданија за Македонците и нивните родоначалници. Нашите Македонци, културно просветни прадедовци имале развиено голема култура околу Јонското, Јадранското, Средоземното и Црното Море. Градот Илион (Троја) бил нивниот капитален град. Македонската митологија раскажува оти Македонскиот крал ЗЕВС имал повеќе синови и тој територијата ја поделил меѓу нив. Ние ќе обрнеме внимание на двајцата синовин, едниот син се викал МАКЕДОН, а другиот  ПЕРСЕЈ. Младиот  принц  Македон станал крал на целата медитеранска област која по него е наречена Македонија, а неговиот брат Персеј живеел и станал Крал во денешна Мала Азија и по него е наречена ПЕРСИЈА. Потомците на Македон  се нарекле Македонци. Потомците на Персеј по него се нарекле Персијанци. Ова е митолошка верзија за постанакот на народите и светот.

aleksandar-makedonski-1

Раскажувањата за Македон кој е родоначалник на Македонците, се дека тие за време на својата експанзија на Балканот формирале  12 племиња: Илири, Агријани, Дардани, Трибали, Моези, Одризи, Траки, Халкиди, Пеони, Линкести, Орести и Малеси..По нив се наречени 12 македонски провинции каде тие живееле: Илирија, Агријаниа, Дарданија, Трибалија, Одризија, Тракија, Халкидикија, Пеонија, Линкестија, Орестија,  Малесија. Антиката во споредба со останатите периоди од светската историја е богата со митски настани, полни со фантазија во огромна мера. Тоа се гледа и во обидот идеолошки да се објасни зошто Александар тргнува да оди по царскиот пат на верска научна експедиција се` до Индија, по истиот пат, по кој веќе го поминале Озирис, Дионис, Македон и Херакле.

ozirisВеќе во првите години на Птоломејското царство била создадена смела тенденција  да се овековечи на монети сликата на Александар (слика 1). Целта на Птоломеите била да се соединат историјата на Мисир (Египет) и на Македонија со доминација на  Македонците. Ова било поврзано со походот на Александар, кој бил споредуван со историјата на големиот мисирски бог Озирис (слика 2). Озирис наводно бил првиот кој дошол во Индија, ја култивирал земјата и одел на лов на слонови. Потоа се вратил во Мисир (Египет), при што поминал низ Македонија, каде сретнал еден владетел по име “Македон” и го востоличил за крал. Мисирскиот бог и самиот бил првобитен крал на Мисир и господар на подземјето. Значи, според ова верување, тој бил озаконувач и спиритус ректор на македонското владеење.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top