Историја

Писмо од вршителот на должност, Франсис Чарнауд, до гувернерот и членовите на Левинтанската компанија

Ivan_Karasouliata_cheta

ПИСМО ОД ВРШИТЕЛОТ НА ДОЛЖНОСТ, ФРАНСИС ЧАРНАУД, ДО ГУВЕРНЕРОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛЕВИНТАНСКАТА КОМПАНИЈА, ВО ВРСКА СО НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ

(Солун, 25 април 1822 год.)

Ivan_Karasouliata_cheta

„…Како резултат на последните настани што се случија овде, а за што јас веќе им соопштив на Вашите уважени… сметав за сходно да ја замолам Неговата Екселенција лордот Странгфорд, да испрати везирско писмо до Абул-Лабут-паша за заштита на британските поданици што живеат овде…

Со големо задоволство им соопштувам на Вашите уважени дека извештајот го поднесе за состојбата на воените операции од местото е мошне поволен за Турците, Дијаманди успеал да избега со уште тројца следбеници, и се претпоставува дека нашол прибежиште во Његуши, град од значителна важност. Во Молиер Турците наишле на две многу убави бронзени пушки, а една од железо, десет илјади фишеци, како и значи-телно количество барут и три до четири илјади гранати. Сето ова било пронајдено во некаква пештера направена во стрмнината на соседната планина. Во малото место Радани пронајдени се неколку писма на Ипси-ланти, помладиот, како и една од неговите прокламации упатени до Грците во која ги бодри да истраат; и дека не постои сомнение во нивната способност наполно да ја повратат древната независност, во што и европските сили сесрдно се заземаат.

Во Негуши има околу осумстотини души способни да носат оружје. Абул Лабут испрати три свештеника до главатарот на тој град со предлог да им се прости ако тие ја изразат поранешната верност. Свештениците биле погубени, и истиот предлог бил повторен од еден од пашовите офицери кого го снашла истата судбина. Ете зошто Абул Лабут одлучил да го нападне градот, и веднаш ја повел својата војска што броела дваесет и една илјада борци; и мојот син ми јавува дека тој вчера јасно можел да го види огнот и да го чуе пукањето на нивните топови.

Бројот на уништените чифлизи и мали села од страна на востаниците се проценува на сто и дваесет”…

Публиц Рецорд Оффице -Стате Паперс 105/140; Британски документи за историјата на македонскиот народ, т. И (1797-1839),

ред. Х.А. Полјански,  Архив на Македонија, Скопје, 1968, док. 44, стр. 67-68;


Д-р Иван Алексов

СТРАНСКИТЕ  ПАТЕПИСЦИ  ЗА  МАКЕДОНИЈА

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top