Историја

Големиот син на македонскиот народ, Методија Андоновски Ченто

ilinden903

ilinden903

Списание „Илинден 1903“, Гетеборг, Шведска 1976 година.

Најсаканиот водач и револуционер во Народноослободителната војна на македонскиот народ во Вардарска Македонија беше Ченто.Тој беше и остана во срцата на сите македонски патриоти.

Во нашиов прилог сакаме на нашите читатели, накусо  да им ја претставиме вистината за Ченто бидејќи денес, скопските слуги на секој  начин  се обидуваат  да  ја прикријат  вистината и да го претстават во   сосема поинаква  слика.                      

Најнапред ќе напоменеме дека по завршувањето на втората  светска војна, Ченто  стана претседател  на АСНОМ и  првиот  претседател на Македонската република која се роди во крвавата антифашистичка војна.

Целиот  свој  живот  тој  го посвети во борбата за правата на македонскиот народ. Тој   се  бореше  и   страдаше  заедно   со народот   и  како  таков, често  беше прогонуван и затворан уште во времето на бившата големосрпска Југославија.

Ченто беше  еден од организаторите на МАНАПО /Македонско  национално движење.

Под бугарска…окупација тој со пушка во раце излезе во  планина  да се бори  против новите национални поробувачи  на македонскиот  народ-Бугарите. 

И кога на Илинден ,1944 година во манастирот  “Св. Прохор Пчињски“ се одржа Првото заседание на АСНОМ, немаше по популарен и поавторитетен човек од него во  целата Вардарска Македонија,затоа на историското  Собрание  еднодушно го избраа  за претседател,  наспроти протестите  што ги  даваше против неговиот избор делегатот на Тито во Македонија, Светозар Вукмановиќ-Темпо.

Ченто  беше  избран  за претседател  на македонската национална држава која  се роди во крвавата антифашистичка војна. Македонскиот народ избра еден искрен патриот и чесен човек. Раѓањето на македонската национална државност е нераздвојно сврзано со неговата личност.

Тогаш цела Македонија знаеше  за својот  Ченто,во  неговото   лице македонскиот  народ гледаше нов Гоце Делчев, од друга  страна, во  цела Македонија тогаш немаше пајтон луѓе кои знаеја кој е србоманскиот слуга, Лазар Колишевски. Но не мина долго време  и  Ченто по   желбата на Белград и на Тито падна во  затвор а на негово место  на чело на Македонската република беше доведен  про србски ориентираниот Лазар Колишевски. 

Во  1945  година Ченто беше  затворен и осуден на 12 години затвор. Садистички измачуван  во Титовата зандана, Идризово, од тешката физичка работа во  затворот, тој  се  разболе и требеше  да умре во  затворот ,но неговите  џелати  се плашеа  да го остават  да умре во   затворот, бидејќи знаеја дека македонскиот народ  гледа борец   и  маченик во него и во неговите страдања за македонските правдини.

По  осумгодишно  робување го пуштија да умре на “слобода”  во  родниот  град Прилеп.

На денот  на неговиот  закоп, во Прилеп, беа доведени  неколку  стотини  удбаши,кои  го  сопреа народот  да дојде на гробиштата, за да се  опростат од својот сакан голем син и водач.    

 Во затворот,  Идризово на робија умреа и други  македонски  револуционери,  за кои  џелатите не се  осудуваа да ги пуштат надвор  да умрат ,како Павел Шатев и братот на Никола Карев, Георги Карев.  Павел Шатев беше единствениот  жив останат учесник во Солунските  атентати  од 1903  година, а во првата влада на Македонската република  беше  министер. Но и тој како и Ченто ја согледа вистината дека Македонија е измамена, дека македонската револуција е измамена од Тито и од Белград.

На Тито тогаш му требаа послушни луѓе, од типот  на Колишевски, Љупчо  Арсов, Михајло  Апостолски, Страхил  Гигов, Видое Смилевски  и  други, а не македонски политичари кои чесно служат на својот македонски  народ. Затоа чесни патриоти како Ченто, Павел Шатев,Георги Карев и  други  беа, физички, ликвидирани.

Ќе кажеме  дека овие патриоти  беа малкумина, но  доволно многу да им покажат на врховистите како  се бори  за слобода на Македонија

…. Ликот на Методија Андонов-Ченто  и  понатаму живее во  широките народни  маси, Македонија никогаш нема да му  заборави  и  покрај, тоа што  денес во СРМ режимот  го  брише неговото   име  од историјата на народноослободителната војна. Но  историјата може само да  се заташка за еден момент, но таа не ги заборава нејзините  големи  творци.

Ченто беше голем творец на македонската национална историја и  таа нема него да го заборави.

Во чест  на овој   голем револуционер на Македонија, Комитетот на ДООМ за Шведска го носи  неговото светло  име,  а истовремено Комитетот со тоа, својата борба  ја сврзува како продолжение на Народноослободителната војна, на чие чело стоеше бесмртниот Ченто,

Нека му “биде вечна слава на големиот македонски револуционер Медодија Андоновски  – Ченто.

Списание „Илинден 1903“, Гетеборг, Шведска 1976 година.

(од архивот на Томе Вељановски-Гетеборг)

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top