Историја

Број на борби, атентати и убиени борци за време на Илинденскиот период

bitolski-revolucioneri-240

bitolski-revolucioneri-240По бројот на борбите, Битолската околија — најголемата во вилаетот — го држи првото место. Од 20 јули до 10 октомври, во таа околија имаше најмногу борби — 70 и паднаа најмногу востаници — 378. Борбите се распределуваат меѓу реоните вака: Цапари — Ѓавато — Смилево 9, Битолско поле и Западно Мaриово 6, Крушевско 19, Демир Хисарско 8, Ресенско (Г. Преспа и Д. Преспа) 31. Последната борба беше на 20 октомври од Костурските и Прилепските чети над с. Чаништа, во Западно Мориово.

Во Костурска околија од 20 јули до 18 септември имаше 17 борби: 8 во Пополето, 6 во Корештата, 1 во Кастанаријата и 3 во областа Колоња. Загинаа 83 востаници.

Во Леринската околија од 20 јули до 8 октомври имаше 22 борби — 12 во неретскиот реон и 10 во ниџенскиот. Паднаа 74 востаници. Некои од борбите во Леринско беа заеднички со костурски чети, а други само со костурски чети.

Во Охридската околија од 20 јули до 28 септември имаше 31 борба: 3 во Малесијата, 20 во Горна и Долна Дебарца, 7 во Ортакол и 1 во Дримкол. Загинаа 118 востаници. По загуби Охридската околија доаѓа по Битолската.

Во Кичевската околија од 20 јули до 27 август имаше 10 борби; 4 во Горна и Долна Копачка, 4 во Рабетин-кол и 2 во Долно Кичево. Загинаа 64 востаници.

Во целиот Битолски вилает во текот на Илинденското востание имаше 150 борби, во коишто загинаа 746 востаници. Најмногу борби имаше во јули (20—31) — 72, во август — 56, во септември 18 и во октомври 4.

Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври имаше 36 борби, во кои паднаа 46 востаници. Повеќето беа во првиот реон: Мало Трновско —Лозенградско— Бунар Хисарскиот. Распределени по месеци се: во август 29, септември 5 и октомври 2 борби.

Во Солунскиот вилает од 16 јули до 26 октомври имаше 38 борби, во кои паднаа 109 четници.

Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември имаше 15 борби, во кои паднаа 93 четници.

Динамитни атентати за време на востанието, од 20 јули до 10 октомври, во Европска Турција имаше 14, а преку целата 1903 г.— 21.

За време на целиот Илинденски период во Македонија и Одринско имаше 239 борби, во кои паднаа 994 востаници.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top