Историја

Јана Наумова – Мајка на херој

stiv-naumov

stiv-naumovJaна Наумова мајката на Стив и Ѓорѓи Наумови, иако не знаела долго време за судбината на своите деца, неизвесноста ја терала секој ден да мисли на нив. Во тие неизвесни моменти на исчекување, ја обземале најтешки мисли. Мајката секогаш предосеќа за своето чедо но останува цврста и силна да ја дочека и најтешката вест.

“Иако ништо не знаев за Стевче и Ѓорѓи откако го видов оној сон јанза ме јадеше како што и ме изеде. На сон, сум се нашла кај еден вир во Дихово. На мостот горе беше Стевче. Одозгора онака висок и убав слечен гол се фрли од мостот во вирот. Гледам долу во дното на вирот потонат, пропаднат, бел, чист, но потонат. Многу ми беше чист. По него се фрли Ѓорѓи да го вади, но и тој остана на дното. Цела потресена се разбудив и се тешев дека е тоа само сон. Мина доста време оттогаш ама тој сон не можам да го заборавам. Ми отидоа двата соколи. Многу ми е тешко кога ќе дојдат празници и кога децата од училиште ме прашуваат за Стевче. Тогаш ми идат на ум сите мои копнежи за него па оној кобен сон и се што стана после тоа. “

Додека татковината не беше ослободена и додека се водеа тешки борби ширум целата земја единиците на НОВЈ, прераснуваа во поголеми поискусни. Тие единици го следеле примерот на храбрите борци што загинаа во текот на Револуцијата меѓу кои и Стив Наумов. Така на 11.11.1943 година бил формиран Баталјонот кој го носел името на Стеван Наумов- Стив. Името на Стив, неговите храбри и смели дела секогаш биле прераскажувани. Стив станувал легенда. Неговиот животен пат ги инспирирал борците и уметниците.

Опеан во песните со голема тага и наречен легенда над легендите. Во една од песните испеана за Стив и Мите Богоевски се вели:

“Тогаш Стив Наумов, жив не се даде,

Жив не се даде, сам се отепа,

Отворе бомба над неа легна

Младост прежала за Македонија.“

За да не падне во рацете на бугарската полиција, Стив Наумов (роден во 1920 во Битола) се самоубива на 12 септември 1942 година кај селото Болно, ресенско. заедно со неговиот соборец и народен херој Мите Богоевски. Потоа бугарската војска ги изложила нивните тела во селото Болно за да ги распознаат роднините на Мите, при што двете тела биле фотографирани од страна на бугарската војска. Потоа двајцата биле закопани во близина на местото каде што загинале но бидејќи локалното население започнало да ги посетува гробиштата, бугарските војници ги откопале телата, ги оставиле покрај реката за да се распаднат а потоа ги однеле во непозната насока. По Втората светска војна, на партизанските гробишта во Битола бил подигнат гробот на Стив Наумов, но тој останал празен. Во алејата на партизаните се наоѓа и гробот на неговиот брат Ѓорѓи Наумов (1914-1942) кој бил обесен во скопскиот затвор.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top