Историја

Писмо на управникот на руското генерално конзулство во Солун до Амбасадорот во Цариград

solun-old

ПИСМО НА УПРАВНИКОТ НА РУСКОТО ГЕНЕРАЛНО КОНЗУЛСТВО ВО СОЛУН ДО АМБАСАДОРОТ ВО ЦАРИГРАД: ТИЕ РАСПРАЌАЛЕ АГЕНТИ НИЗ ЗЕМЈАТА И ГО РАЗВИВАЛЕ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО ЧУВСТВОТО ЗА НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ПОСТОЈНИОТ ПОРЕДОК И МУ НУДЕЛЕ ДА ГО СРУШАТ СО СИЛА

(14 јуни 1881 год.)

solun-old

“…Оттогаш за таа влада ништо не се слушна. Таа како да пропадна во вечноста и спомените за неа ми останаа во паметта како за неуспешен обид на некои нивни политичари и агитатори.

И на 12 јуни оваа година одненадеж добив писмо од некаков барон Гундлаш, во коешто ми предлага да ми соопшти некои информации за Привремената ма­ке­дон­ска влада.

Потчинувајќи му се на стремежот на љубопитството, јас ја викнав кај себе оваа во секој случај несигурна личност, не толку со надеж за него­вите точни информации, колку за можноста да се запознаам со новиот тип политички шпион.

Пред мене се претстави мошне приличен млад човек, очевидно збркан од пре­зе­ме­ната намера.

Тој почна со препораките на својата личност што божем им е позната на грофорт Гат­цфељд и на Родиолински во Цариград, на нашето воено аташе во Пловдив, на ка­петанот Еку и на генерал аѓутантот во руска служба г. Глинка, на когошто му бил внук.

…јас побрзав да го предупредам дека ако дошол да бара материјални користи, тогаш може да не ми ги раскажува своите тајни и дека, од своја страна, самото негово обраќање кај мене ќе го зачувам во тајна.

На тоа баронот Гунтлаш ми одговори дека не му се потребни пари, туку дека сака само да се одмазди, да ги разобличи намерите на својот непријател Леонид Вулгарис, кај когошто бил тој секретар и кој божем го истерал од тоа место.

Потоа ми раскажа дека претставниците на привремената македонска влада  г. Си­мос, Вулгарис, Тико и др., откако го испратиле циркуларот во Солун, се упа­ти­ле во Пловдив, од каде што и ја воделе нелегалната работа.

Целата нивна дејност во последнава година се состоела во формирањето кол­ку што може повеќе разбојнички банди во Македонија. Со таква цел тие рас­пра­ќа­ле агенти низ земјата што на секакви начини го раз­ви­вале кај населението чув­ството за незадоволство од постојниот поредок и му нуделе да го срушат со си­ла.

Бандите се формиреале една по друга и се вооружувале со средствата на Прив­­­ремената влада, којашто божем имала и се уште има огромен ск­лад со оружје во Вар­на.

Немајќи можност да ја проверам вистинитоста на соопштеното, јас сум должен да му го потврдам на Вашето Превасходство фактот за вистинс­ко­то нам­но­жување на раз­бојништвото што постојано се пополнува од сел­ското население и се вооружува на на­чини што никому не му се познати.

Што се однесува за конечаната цел нашите настојувања на Прив­ре­ме­на­та вла­да, според зборовите на г. Гундлаш, таа се состои во и­сто­в­р­­емено движење на си­те разбојнички банди, во пожари, во експлозии на државните барутани, во оп­што револуционерно движење, во исте­ру­ва­ње на тур­ските власти итн.

Сето ова се претпоставува да се направи во текот на ова лето и Привремената вла­­да веќе ја пренесла овде својата резиденција, во Острово, бли­зу до Воден.

Симос, Таки и др. со своите приврзаници веќе поминале низ Солун, но Леонид Вул­га­­рис се уште се очекува, бидејќи задоцнил поради неговото ап­­сење од турс­ките влас­ти, од каде што сепак тој веќе успеал да избега.

Сигнал за општото движење ќе биде експлозијата на солунската ба­рут­на кула и за таа цел пристигнале овде неколку мрачни личности.

Баронот Гундлаш ми кажа уште многу други детали…

…Не придавајќи му полна верба на целово раскажување, јас, за секој слу­чај, сепак ги предупредив месните власти, со некои укажувања за прет­полаганиот развиток на ра­­ботите и тие го засилија речиси насекаде по­лицискиот надзор. Притоа реков дека си­­те овие информации ги имам до­биено со анонимно писмо и дека по секоја ве­ро­јат­ност се работи за не­која обична мистификација.

Истовремено, приложувајќи Ви го овде оригиналното писмо на баронот Гундлаш; имам чест најучтиво да го замолам Вашето Превасходство да наредите да ми се со­оп­шти мислењето на Германската амбасада за лич­носта на баронот, и ако тоа биде по­зи­тив­но, да ми дозволите да ис­пра­там во околината на Воден таен агент за наб­љу­ду­­вање на зло­на­мер­ниците што со своите злосторнички активности, по секоја ве­­ро­јат­ност, ќе го вовлечат во несреќа македонското христијанско на­се­ление што и без тоа не малку страда“.

 АВПР, ф: Политархив, оп.482, 1881, д.1124, лл. 188-191 с об. Б. Ристовски, Македонија и македонската нација…, стр 197-199;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top