Историја

Подемот на македонската држава – Филип II Македонски

zphilipii

zphilipii

Судбоносна точка во развитокот на македонската држава е преземањето на власта од Филип ИИ (359–336). Филип II ја освојува власта на 23-годишна возраст, но неговата младост не значи неискуство и неукост во водењето на државничките работи. Напротив, Филип, син на Аминта III, како заложник во Теба добива одлично образование во воената стратегија и организација и во воените вештини, а ја изучува и питагорејската филозофија.

Поради ова, во античката историја Филип II е забележан како најголем владетел во Европа (Диодор). Политикологот Исократ (во списот Филип) му се восхитува на Филип зашто „се здобил со таква моќ со која не бил ниеден од оние што ја населуваат Европа…, подвизите на Филип се херојски, зашто и други освојувале градови, но ниту еден толку народ“. Исократ образованието на Филип ќе го искористи како аргумент за да го приближи македонскиот владетел до Хелените, познати ксенофоби; така, Исократ им објаснува на атинските интелектуалци дека Филип, иако е владетел на „туѓороден народ“, „хеленски“ е образован и може да се придобие затоа што им е близок, не според родовата, туку според духовната сродност (во Панегирик).

Како голем владетел, Филип II презема големи градежни зафати: нови градови, светилишта и храмови. Страбон запишува дека Пела, сеж до владеењето на Филип, е мала, но, благодарение на Филип, се изградува по должина и станува поголема од Атина; нејзините ѕидини се долги околу 6,5 км; акрополата е сместена на утврден остров, наречен Факос, на езерото Лудија, каде што Филип го сместува своето богатство. Езерото е претворено во широко пристаниште поврзано со Аксиј преку вештачки канал по кој пловидбата е контролирана со порти преку Лудија и без плима. Ова би било прво познато пристаниште на речно устие во Европа; тука можело да се влезе од Термајскиот Залив во кое било време, а влезот можел да биде затворен во случај на опасност (ова пристаниште е модел за Александровите пристаништа на Истокот, на Нил, Еуфрат и Инд).Автори:

проф. д-р Анета Шукарова
проф. д-р Митко Б. Панов
проф. д-р Драги Ѓоргиев
проф. д-р Крсте Битовски
акад. Иван Катарџиев
проф. д-р Ванче Стојчев
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Тодор Чепреганов

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top