Историја

МАКЕДОНСКИ ДОКУМЕНТАРЕН АРХИВ – ДЕЛ 3

Во претходните продолженија објавивме документ од весникот „Македонско дело“ од декември 1930 година, кој ја претставува политичката програма и јавните ставови на ВМРО (Обединета). Тој документ покажа дека организацијата отворено ги изложувала своите идеи неколку години пред да се најде на обвинителна клупа.

Меѓутоа, вистинскиот пресврт започнува во 1935 година.

Токму тогаш бугарските полициски и безбедносни органи започнуваат опсежна акција против членовите на ВМРО (Обединета). Според достапните историски извори, по извршените претреси, апсења и прибирањето материјали било оформено службено дело бр. 190/1935, кое подоцна станало основа за поднесување обвинение и за отворање на судскиот процес во Софија во јули 1936 година.

Од полициска истрага до судска постапка

Службеното дело не претставувало само административен предмет. Во него, според историските извори што денес ни се достапни, биле собрани материјали од полициската истрага: извештаи, запленети документи, печатени публикации, преписка и други докази што обвинителството ги користело за да ја образложи својата постапка против организацијата.

Токму врз основа на овие материјали бил составен обвинителниот акт, со кој деветнаесет лица биле изведени пред Судската палата во Софија.

Што тврдело обвинителството?

Од секундарните историски извори произлегува дека обвинителството ја претставувало ВМРО (Обединета) како организација што дејствувала против државниот поредок на Царство Бугарија. Во истрагата биле анализирани нејзините програмски документи, јавни повици, публикации и организациски активности.

Истражувањата упатуваат дека токму службеното дело бр. 190/1935 било клучниот документ врз кој се темелела целата обвинителска конструкција.

Врз основа на полициските сознанија и материјалните докази кои ги поседувал судот, донесена е одлука дека карактерот на ВМРО (Обединета) е антидржавен и прокомунистички. Како цели на организацијата било наведено насилието односно вооружено востание за променување на државниот систем и повредување на територијалниот интегритет на Царство Бугарија.

Случајот бил затворен на 21 јули 1936 година, при што на истиот ден биле донесени конечните пресуди. Од своите обвиненија во однос на овој случај биле оправдани Петар Калчев, Мара Шарланџиева и Јордан Анастасов. Најголемите казни ги добиле Димитар Влахов и Владимир Поп Томов – по 12 години и 6 месеци казна затвор, додека останатите биле осудени на 5 години затвор и глоба од 50.000 лева.

Список на обвинети во судскиот процес
Име и презиме Место на раѓање Националност Позиција во организацијата
Александар Мартулков г. Велес Бугарин непознато
Арсо Поп Тодоров г. Струмица воздржан Раководител на печатница „Симеон Кавракиров“
Асен Чаракчиев г. Неврокоп Македонец непознато
Благој Поп Јорданов г. Велес Македонец Секретар на 3-ти реон во Софија
Борис Михов г. Велес Бугарин Член на емигрантската комисија за работа во братствата
Васил Ивановски с. Оловраде воздржан непознато
Владимир Поп Томов с. Белица воздржан непознато
Григор Стефов г. Дојран Македонец Секретар на Окружниот комитет во Софија
Димитар Влахов г. Кукуш воздржан непознато
Иван Динишев с. Долно Тодорак Македонец непознато
Јордан Анастасов г. Кавадарци Бугарин непознато
Мара Шарланџиева г. Неврокоп Македонка непознато
Методи Шаторов г. Прилеп воздржан непознато
Минко Попов г. Јакоруда Македонец Техничко лице во Окружниот комитет во Софија
Петар Калчев с. Керека Бугарин непознато
Стефан Нанов с. Маловиште Македонец Секретар на 1-ви реон во Софија; уредник и раководител на весникот „Обединист“
Филип Вригазов г. Јакоруда Македонец Секретар на 4-ти реон во Софија
Христо Димитров с. Крива Македонец Секретар на 2-ри реон во Софија
Христо Калајџиев г. Ениџе Вардар Бугарин Член на емигрантската комисија за работа во братствата

Ова судење го претставува последното јавно појавување на ВМРО (Обединета) надвор од Пиринска Македонија, иако дејноста на организацијата таму исто така е задушена, единствено се одржувале средби и разговори на таканаречените „обединистички“ групи. По процесот, организацијата која го претставува третото и последно колено на вооружената ВМРО, целосно ја згаснува својата 10-годишна дејност.

Најново од: Историја

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

Зошто Бугарија инсистира заедно да чествуваме настани и личности?

Одговорот е многу прост: Софија насилно го наметнува заедничкото чествување бидејќи тоа е крунски доказ дека историјата ни е заедничка, што значи — бугарска. Ако го прогласиме и Гоце Делчев за заеднички херој, друго објаснување нема да има. Постапката за тоа е веќе тема на заедничката комисија за историја, а нашите „политичари“ се речиси подготвени […]

Христо Калајџиев во Софија во 1945 година — за македонската државност, против великобугарскиот шовинизам

На фотографијата е корицата на оригиналното софиско издание од 1945 година. На 4 февруари 1945 година, во киното „Македонија“ во Софија, Христо Калајџиев се обратил пред Конгресот на македонската емиграција. Втората светска војна сè уште траела, а македонската држава веќе била конституирана како рамноправна единица во Демократска Федеративна Југославија. Пред делегатите во Софија, Калајџиев го […]

„Балканско сдружение“ во 1932 година: Идеалот на македонскиот народ е слободна и независна Македонија

Во август 1932 година, во Детроит, излегол 15. број на „Балканско сдружение“ („Balkan Unification“), месечното гласило на Македонскиот народен сојуз во Америка. Во приложениот исечок од тој број, полемиката за насилствата во Петричкиот крај завршува со повик за слободна и независна Македонија во рамките на балканска федерација. Во написот, авторот ги обвинува четите на Ванчо […]

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

To top